OPEL CORSA 2015.5 Сопственички прирачник
Page 251 of 283
Нега на возилото249
ПодвозјеНекои предели на подвозјето на
возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
повеќе заштитен восок ако е
потребно.
Битуменски/гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Опрема за влечење Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Заден систем за превозување Чистете го задниот систем за
превезување со млаз пареа или
компресор барем еднаш годишно.Ракувајте со задниот систем за
превезување повремено ако не се
користи редовно, особено зиме.
Нега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир
Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
вода и мека крпа. Доколку е многу
извалкан, користете средство за
чистење кожа.
Таблата со инструменти и
екраните треба да се чистат само
со употреба на мека, влажна крпа.
Ако е потребно, користете слаб
раствор на сапуница.
Тапацирот чистете го со
првосмукалка и со четка. Извадете ги флеките со средство за чистење
на тапацирот.Ткаенината на преслеките може да не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
само со млака вода или средство
за чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Page 252 of 283
250Нега на возилото
Пластични и гумени деловиПластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото
средство за чистење кое се
користат за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Page 253 of 283
Сервисирање и одржување251Сервисирање и
одржувањеОпшти информации .................251
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 252Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 91.
Европски сервисни периоди Потребно е одржување на
возилото на 30.000 км или по
една година, што и да е прво, освен
ако не е укажано поинаку на
екранот за сервисирање.
Покус сервисен период може да
важи за потешки услови за
возење,на пр. за таксија и за
полициски автомобили.
Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:Андора, Австрија, Белгија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Кипар, Чешка, Данска, Естонија,
Финска, Франција, Германија,
Грција, Гренланд, Унгарија,
Исланд, Ирска, Италија, Латвија,
Литванија, Луксембург,
Македонија, Малта, Црна Гора,
Холандија, Норвешка, Полска,
Португалија, Романија, Србија,
Словачка, Словенија, Шпанија,
Шведска, Швајцарија,
Обединеното кралство.
Екран за сервисирање 3 91.
Меѓународни сервисни
периоди
Потребно е одржување на
возилото на 15.000 км или по
една година, што и да е прво, освен ако не е укажано поинаку на
екранот за сервисирање.
Меѓународните сервисни периоди
важат за државите кои не се
наброени под „Европските
сервисни периоди“.
Екран за сервисирање 3 91.
Page 254 of 283
252Сервисирање и одржување
ПотврдувањаПотврдите на сервисирањето се
евидентира во Сервисната и
гаранцијската книшка. Датумот и
километражата се дополнува со
печат и подпис на работилницата
на сервисирањето.
Проверете дека Сервисната и
гаранцијската книшка е дополнета
исправно пошто постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако било каква
рекламација или добронамерно
барање треба да се исполни, и исто
така е корисно при продавање на
возилото.
Период за сервисирање со преостанатото времетраење на работниот век на
моторното масло
Сервисниот период е заснован врз
повеќе параметри зависно од
употребата.
Екранот за сервисирање Ви дава
на знаење кога да го смените
моторното масло.
Екран за сервисирање 3 91.Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течности
и средства за
подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации. Штетата што ќе
настане како резултат на
употребата на производи кои не се во склад со овие спецификации
нема да биде покриена со
гаранцијата.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозност дава информација за густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските
и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети. Препораките
за бензинските мотори важат и за
моторите што користат
компримиран природен гас (CNG),
течен нафтен гас (LPG) и етанол
(Е85).
Page 255 of 283
Сервисирање и одржување253
Изберете го соодветното моторно
масло врз основа на неговиот
квалитет и минималната
надворешна температура 3 258.
Дотурање моторно масло
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Употребата на моторни масла
само со квалитет ACEA A1/B1 или
A5/B5 е забрането, бидејќи тие
може да предизвикаат долгорочни
оштетувања на моторот во
одредени работни услови.
Изберете го соодветното моторно
масло врз основа на неговиот
квалитет и минималната
надворешна температура 3 258.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.
Повеќекласното масло се означува со две бројки, на пр., SAE 5W-30.
Првата бројка, по којашто следи W,
ја означува вискозноста при ниски температури, а втората бројка јаозначува вискозноста при високи
температури.
Изберете ја соодветната класа на
вискозност зависно од
минималната надворешна
температура 3 258.
Сите препорачани класи
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и
антифриз
Употребувајте само антифриз без
силикати и долговечни (LLC).
Посоветувајте се со
автомеханичар.Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење дизајнирано за одлична заштита од корозија и од
смрзнување до -28 °C. Во
северните земји со многу ниски
температури, фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува
во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои се предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија
или изолација против помали
протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од
употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Page 256 of 283
254Сервисирање и одржување
Течност за сопирачките и за
куплунгот
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
Page 257 of 283
Технички податоци255Технички податоциИдентификација на возилото..255
Податоци за возилото .............258Идентификација на
возилото
Идентификациски број
на возилото
Идентификацискиот број на
возилото е врежан на
идентификациската табличка и на
ивицата на подот, под покривката на подот, видливо под капак.
Идентификацискиот број на
возилото може да е изгравиран на
таблата за инструменти, видлив
низ шофершајбната, или во
моторната преграда на десната
плоча на каросеријата.
Page 258 of 283
256Технички податоциИдентификациска
табличка
Идентификациската табличка е
сместена на рамката на левата или
десната врата.
Информации на
идентификациската етикета:
1=производител2=број на одобрение на типот3=идентификациски број на
возилото4=дозволена бруто тежина на
возилото во кг5=дозволена бруто влечна
тежина во кг6=најголема дозволена
оптовареност на предната оска во кг7=најголема дозволена
оптовареност на задната оска
во кг8=податоци специфични за
возилото или за земјата
Вкупниот износ на оптовареноста
на предната и задната оска не смее
да ја надмине дозволената бруто
тежина на возилото. На пример,
ако предната оска ја носи
максимално дозволената
оптовареност, задната оска смее
да носи само товар што е еднаков
на бруто тежината на возилото
минус оптовареноста на предната
оска.
Техничките податоци се одредени
во согласност со стандардите на
Европската Заедница. Го
задржуваме правото да вршиме
измени. Спецификациите во
документите на возилото секогаш
се поважечки од оние дадени во
овој прирачник.
Page 259 of 283
Технички податоци257Идентификација на
моторот
Табелите со технички податоци ја
покажуваат идентификациската
шифра на моторот. Податоци за
моторот 3 261.
За да го идентификувате моторот, видете ја силата на моторот во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со Вашето возило или другите национални документи за
регистрација.
Page 260 of 283
258Технички податоциПодатоци за возилотоПрепорачани течности и средства за подмачкување
Европски распореди на сервисите Потребен квалитет на моторното маслоСите европски земји
(освен Белорусија, Молдавија, Русија, Турција)
Само Израел
Квалитет на
моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos 1––✔–dexos 2✔✔–✔
Во случај да не е доставен квалитетот на dexos, може да користите макс. 1 литар моторно масло со квалитет
АСЕА С3 еднаш меѓу секое менување на маслото.
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите европски земји и Израел
(освен Белорусија, Молдавија, Русија, Турција)Околна температураБензински и мотори на дизелдо -25 °CSAE 5W-30 или SAE 5W-40под -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40