OPEL CORSA 2015 Сопственички прирачник
Page 211 of 285
Нега на возилото209
■ Чувајте го акумулаторот вондофат на деца.
■ Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може да
предизвика слепило или тешки
изгореници.
■ Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
■ Можно е присуство на експлозивен гас во близина на
акумулаторот.
Цедење на системот со
дизел гориво Ако резервоарот се испразнил
докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучете го
палењето трипати по 15 секунди.
Потоа верглајте го моторот
најмногу 40 секунди. Повторете го
овој процес по не помалку од
пет секунди. Ако моторот не се
пали, побарајте помош од
автомеханичар.Замена на четкичките на
бришачите
Кренете го кракот на бришачот
додека не остане кренат.
Притиснете ги бравите од двете страни, навалете ја четкичката на
бришачот 90° кон кракот на
бришачот и извадете го нагоре.
Вметнете по обратен редослед.
Спуштајте ја рачката на бришачот внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло
Подигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката како што е
покажано на илустрацијата и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под определен агол во
однос на рачката на бришачот, и
притиснете ја се додека не се
заглави.
Спуштајте ја рачката на бришачот
внимателно.
Page 212 of 285
210Нега на возилотоЗамена на сијалицитеИсклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата! Не допирајте го стаклото на сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на
сијаличка за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.
Халогенски предни
фарови
Халогенски предни фарови со
посебни ламби за странично
светло, средно и долго светло.
Странично светло/светло за
дневно возење (1)
Средно светло (2)
Долго светло (3)
Предни трепкачи 3 214.
Средно светло
1. Завртете го капачето (2) налево
и извадете го.
Page 213 of 285
Нега на возилото211
2.Притиснете ја штипката за да го
ослободите држачот на
ламбата. Повлечете го држачот од рефлекторот.
3. Одвојте ја сијалицата од држачот на истата и заменете
ја.
4. Вметнете го држачот на ламбата со штипката надолу и
заглавете во фарот додека да
кликне.
5. Ставете го капачето.
Долги светла
1. Завртете го капачето (3) налево
и извадете го.
2. Притиснете ја штипката за да го
ослободите држачот на
ламбата. Повлечете го држачот од рефлекторот.
3. Одвојте ја сијалицата од држачот на истата и заменете
ја.
4. Вметнете го држачот на ламбата со штипката надолу и
заглавете во фарот додека да
кликне.
5. Ставете го капачето.
Page 214 of 285
212Нега на возилото
Странични светла/светла задневно возење со ламби
1. Завртете ја фасонката на ламбата (1) налево за да се
ослободи.
2. Притиснете ги двете брави заедно и извлечете ја
фасонката на ламбата од
куќиштето на предниот фар.
3. Извадете ја ламбата од фасонката влечејќи ја.
4. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката.
5. Вметнете ја фасонката во комплетот на фарот и завртете
надесно.
Странични/светла за дневно возење со LED-ови Страничните светла и светлата за
дневно возење имаат LED
сијалички што не може да се
сменат. Посоветувајте се со сервис
во случај на дефектна LED
сијаличка.
Ксенонски предни
фарови9 Опасност
Ксенонските фарови работат
под крајно висок електричен
напон. Не допирајте ги.
Сијалиците нека Ви ги менува
автомеханичар.
Page 215 of 285
Нега на возилото213
Страничните/светлата за дневно
возење се констриурани како LED-
ови и не можат да се заменат.
Ламбите за осветлување во свиоци
може да се сменат.
Предни трепкачи 3 214.
Осветлување за вртење под
кривина
1. Завртете го капачето (3) налево
и извадете го.
2. Завртете го држачот на сијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Извадете ја ламбата од кабел- штекерот со откачување и
влечење.
4. Заменете ја сијалицата. Поврзете го и заглавете го
држачот за ламбата со кабел-
штекерот.
5. Вметнете го држачот на ламбата во фарот и завртете гонадесно за да го прицврстите.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Фарови за магла До сијаличките може да се
пристапи од долната страна на
возилото.
Page 216 of 285
214Нега на возилото
1. Свртете го држачот насијалицата обратно од насоката
на стрелките на часовникот и
извадете го од фарот.
2. Откачете ја фасонката на ламбата од кабел штекерот со
притискање на држачот.
3. Извадете ја и вратете ја фасонката со ламбата и
приклучете го кабел штекерот.
4. Вметнете ја фасонката во фарот вртејќи ја надесно и
заглавете ја.
Предни трепкачи
Светилките на предните трепкачи
се долговечни ламби. Не можете
да ги замените сами. Во случај на
дефект, нека ви ги заменат
ламбите на сервис.Задни светла
1. Ослободете го капакот во товарниот простор од
соодветната страна и извадете го.
Page 217 of 285
Нега на возилото215
2. Олабавете ги двете пластичнизавртки однатре со рака.
3. Внимателно извлечете го комплетот на задното светло одпроцепите и извадете го.
4. Притиснете ги држачите и извадете го носачот на ламбата
од комплетот на фарот.
5. Извадете ја и заменете ја ламбата притискајќи ја благо вофасонката и вртејќи ја налево:
Задно светло/Светло за
сопирачките 1
Трепкачи 2
6. Вметнете ја и свртете ја ламбата надесно во комплетот
на задното светло. Наместете
го комплетот на светлото со
држачите во процепите на
каросеријата на автомобилот и
затегнете ги навртките што го
држат од внатрешната страна
на товарниот простор.
Page 218 of 285
216Нега на возилото
Затворете го капакот и
заглавете го.
Светло за рикверц/заден фар
за магла Светлото за рикверц се наоѓа водесниот комплет светла во задната врата, а задното светло за магла се наоѓа во левиот комплет светла на
задната врата.
Описот за менувањето на ламбите
е ист кај двата типа светла.
1. Извадете ја завртката од задната врата.
2.Поместете го комплетот светла
малку нанадвор, а потоа
извадете го од задната врата.
3. Извадете го држачот на ламбата со вртење.
4. Извадете ја ламбатапритискајќи ја благо во
фасонката и вртејќи ја налево.
Заменете ја сијалицата.
5. Вметнете ја фасонката во комплетот и завртете ја за да се
прицврсти.
6. Закачете го комплетот светла во задната врата и прицврстете
го со завртката.
Page 219 of 285
Нега на возилото217Странични трепкачи
За да замените ламба, извадете го куќиштето на светлото:
1. Лизнете ја сијалицата кон нејзината лева страна и
извадете ја со нејзиниот десен
крај.
2. Свртете го држачот на ламбата
налево и извадете го од
куќиштето.
3. Повлечете ја ламбата од држачот и заменете ја.
4. Вметнете го држачот на ламбата и свртете надесно.
5. Вметнете го левиот крај на сијалицата, лизнете ја кон лево
и вметнете го десниот крај.
Средишно високо
монтирано стоп-светло LED-овите нека ги заменат на
сервис.
Page 220 of 285
218Нега на возилотоСветло за регистарскататабличка
1. Вметнете шрафцигер во вдлабнатинката на капакот,
притиснете го настрана и
ослободете ја пружината.
2. Извадете ја ламбата надолу, внимавајќи да не го повлечете
кабелот.
3. Извадете го држачот на ламбата од куќиштето вртејќи
го налево.
4. Повлечете ја ламбата од држачот и заменете ја.
5. Вметнете го држачот на ламбата во куќиштето и свртете
надесно.
6. Вметнете ја ламбата во браникот и оставете да се
заглави.
Внатрешни светла
Внатрешно светло, светла за читање
Сијалиците нека Ви ги заменува
автомеханичар.
Светло во товарниот простор
Сијалиците нека Ви ги заменува
автомеханичар.
Горно светло
Сијалиците нека Ви ги заменува
автомеханичар.