OPEL CORSA 2015 Сопственички прирачник
Page 231 of 285
Нега на возилото229
Притисокот на секоја гума се
прикажува на една страница.
Состојбата на системот и
предупредувања за притисокот се
прикажуваат со порака што
укажува на соодветната гума во
Информативниот центар за
возачот.
Откриен слаб притисок во гума се
покажува со контролната сијаличка
w 3 99.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 271.
Ако w светка 60-90 секунди а потоа
свети непрекинато, има дефект во
системот. Посоветувајте се со
автомеханичар.
Откако ќе напумпате, може да е
потребно возење за да се
ажурираат вредностите на
притисокот на гумите во DIC. За тоа
време може да свети w.
Ако се запали w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
се работи за низок притисок.
Проверете го притисокот во
гумите.
Пораки за возилото 3 110.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете го палењето.Монтирајте само тркала со сензори за притисок, инаку притисокот во
гумите нема да се прикажува и w ќе
свети постојано.
Резервното тркало или
привременото резервно тркало не
е опремено со сензори за притисок. Системот за контрола на
притисокот во гумите не
функционира за тие гуми.
Контролна сијаличка w се пали. За
понатамошните три гуми системот
останува функционален.
Употребата на комплетите за
поправање на гуми со течност што
се достапни во продажба може да
го влоши функционирањето на
системот. Може да се користат
фабрички одобрени комплети за
поправање гуми.
Надворешни радио опреми со
голема моќност може да му пречат
на системот за контрола на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат
гумите, сензорите на системот за
следење на притисокот во гумите
треба да се демонтираат и
Page 232 of 285
230Нега на возилото
сервисираат. За навртниот сензор;
заменете ги јадрото на вентилот и
заптивниот прстен. За прицврсниот сензор; заменете го целиот вентил.
Состојба на оптовареност на
возилото Прилагодете го притисокот во
гумите според состојбата на
оптовареноста, согласно со
етикетата за информации за
гумите или табелата со притисоци
за гумите 3 271 и изберете ја
соодветната поставка во
изборникот Tire Load
(Оптовареност на гумите) во
Информативниот центар за
возачот, Vehicle Menu (Изборник на
возилото) 3 102.
Екран од основно и од средно ниво:
Изберете ■ LO за удобен притисок за до
три лица.
■ ECO за економичен притисок за
до три лица.
■ Hi за целосно оптоварување
Екран од високо ниво:Изберете ■ Light (Светло) за удобен
притисок за до три лица
■ Eco (Еко) за економичен
притисок за до три лица.
■ Max (Макс.) за целосна
оптовареност
Споредување на сензорите
на TPMS
Секој сензор на TPMS има
единствена идентификациска
шифра. Кодот за идентификација
мора да се спореди со позицијата на новото тркало по ротирање на
гумите или по замена на целиот
Page 233 of 285
Нега на возилото231
комплет на тркалото, како и по
замена на еден или повеќе сензори
на TPMS. Споредувањето на
сензорите TPMS треба да се врши
и откако ќе се замени резервно
тркало со тркало за патување со
сензор TPMS.
Светлото за неисправност и
предупредувачката порака или
шифра треба да се изгасат при следното палење. Сензорите сеспоредуваат со положбите на
тркалата со користење на алатката
за повторно учење на TPMS по
следниов редослед: лево предно
тркало, десно предно тркало,
десно задно тркало и лево задно
тркало. Трепкачот на
моменталната активна положба
свети додека да се усогласи
сензорот.
Консултирајте се со својот сервис за сервисирање или купување на
алатката за повторно учење. Има
две минути за споредување на положбата на првото тркало и
пет минути вкупно за да се
споредат сите четири положби натркалата. Ако трае подолго,
споредувањето престанува и мора
повторно да се почне.
Споредувањето на сензорите на
TPMS е:
1. Активирајте ја сопирачката за паркирање.
2. Вклучете го палењето.
3. Кај возилата со автоматски менувач: ставете ја рачката на
менувачот во P.
Кај возилата со автоматизиран
рачен менувач: поместете ја и
држете ја рачката на менувачот пет секунди во положба N
додека не се прикаже P на DIC.
P укажува дека може да почне
споредувањето на сензорите
на TPMS.
4. Со копчето MENU на рачката за
трепкачите изберете Vehicle
Menu (Изборник на возилото)
на DIC.
5. Со тркалцето дојдете до изборникот за притисокот на
гумите.Екран од основно и од средно
ниво:
Екран од високо ниво:
Page 234 of 285
232Нега на возилото
6. Притиснете го копчетоSET/CLR за да почне
споредувањето на сензорите.
Треба да се прикаже порака
што ќе побара прифаќање на
процесот.
7. Притиснете го копчето SET/CLR повторно за да го
потврдите изборот. Сирената
се огласува двапати за да
сигнализира дека приемникот е
во режим на повторно учење.
8. Почнете со левото предно тркало.
9. Ставете ја алатката за повторно учење до страната на
гумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот на
TPMS. Кус сигнал на сирената
потврдува дека
идентификациската шифра на
сензорот е споредена со таа
положба на тркалото.
10. Продолжете со десното предно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.11. Продолжете со десното задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
12. Продолжете со левото задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
Сирената се огласува двапати
да укаже дека
идентификациската шифра на сензорот е споредена со левото задно тркало и споредувањето
на сензорите на TPMS веќе не е
активно.
13. Исклучете го палењето.
14. Прилагодете го притисокот во сите четири гуми според
препорачаните вредности
прикажани на етикетата за
притисок во гумите.
15. Проверете дали стаусот за оптеретување на фумите е
поставен според избраниот
притисок 3 102.Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и притисокот се зголемуваат.
Вредноста на притисокот во гумата прикажана во DIC го покажува
фактичкиот притисок во гумите.
Затоа е важно да се проверува
притисокот во гумите со ладни
гуми.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини ако
длабочината на шарите падне под
2-3 мм (4 мм за зимските гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.
Page 235 of 285
Нега на возилото233
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Гумите стареат, дури ако не се употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на шест години.
Менување на
големината на гумите и
тркалата Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со
друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.Внимание
Кога се користат тркала од
14 инчи, растојанието до тлото
се намалува. Ова мора да се
земе предвид кога се
преминуваат препреки.
9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.
Page 236 of 285
234Нега на возилото9Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Челични тркала: Кога користите
завртки за заклучување на
тркалата, не ставајте раткапни.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџири за гуми се дозволени на
гуми со големина 175/70 R 14,
185/70 R 14, 185/60 R 15,
185/65 R 15.
Синџири за гуми се дозволени за
гумите со големина 195/55 R 16 со
ободи со големина 16x6 и 16x6,5,
за вториве само во комбинација со ограничен агол на управување.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Сиnџири за гуми не се дозволени
за гумите со големина 215/45 R 17 .
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
гуми Помалите оштетувања на шаратана гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се од
страната на гумата близу до работ
не можат да се поправат со
комплетот за поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Page 237 of 285
Нега на возилото235
Комплетот за поправање гуми се
чува во товарниот простор.
Зависно од опремата, комплетот за поправање гуми се наоѓа во
преграда во десната касета или во
преграда под подот.
Возила со комплет за
поправање гуми во касетата
За отворање на преградата,
ослободете го капакот и отворете
го.
1. Земете ги шишето со заптивната смеса и рамката со
воздушното црево од влогот.
2. Отстранете го цревото од дршката и намотајте го на
спојката на боцата со заптивнат
смеса.
3. Наместете го шишето со заптивната смеса врз рамката.Проверете да не паѓа боцата.
Page 238 of 285
236Нега на возилото
4. Отштрафете ги капаците навентилите од дефектната гума.
5. Зашрафете го цревото за надувување гуми до вентилот.
6. Намотајте го цревото за воздух на спојката на компресорот.
7. Вклучете го палењето. За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.8. Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување на
компресорот. Гумата се полни
со заптивната смеса.
9. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до шест бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
10. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
11. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 271. Кога
ќе се постигне потребниот
притисок, исклучете го
компресорот со повторно притискање на копчето за
вклучување/исклучување.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Испуштајте го вишок
притисокот во гумата со помош
на копчето ].
Не работете со компресорот подолго од 10 минути.
Page 239 of 285
Нега на возилото237
12. Притиснете ја спојката нарамката за да го извадите
шишето со заптивна смеса од
рамката. Зашрафете го
цревото за пумпање на гуми на
слободниот приклучок на шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
13. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
14. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.
15. Продолжете со возењето веднаш за да се распространисредството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилотна гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, наполнете
ја до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
16. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.Возила со комплет за
поправање гуми под подот
1. Земете го комплетот за поправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.
Page 240 of 285
238Нега на возилото
3. Извадете го кабелот заповрзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот на
приклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.