odometer OPEL CORSA 2015 Сопственички прирачник
Page 106 of 285
104Инструменти и контроли
Притиснете го копчето MENU да се
префрлувате помеѓу главните
изборници или да се вратите од
подизборник на следното повисоко ниво на изборниците.
Вртете го тркалцето за местење за
да изберете потстраница на
главниот изборник или за да
одредите бројчена вредност.
Притискајте го копчето SET/CLR за
избирање и потврдување
функција.
Пораките за возилото и за
сервисирање се појавуваат на DIC ако е потребно. Потврдувајте ги
пораките со притискање на копчето
SET/CLR . Пораки за возилото
3 110.
Изборник за патување
Притиснете го копчето MENU за да
ја изберете страницата Trip
information (информации за
патувањето).
Вртете го тркалцето за местење за
да изберете потстраница.
Следнава листа ги содржи сите
можни страници на Trip Menu
(изборник за патување). Некои
може да не се достапни за Вашиот
модел на возилото.
Проследете ги упатствата дадени
во подизборниците.
■ дневна километража 1
■ дневна километража 2
■ просечна економичност на потрошувачката 1
■ просечна економичност на потрошувачката 2
■ дигитална брзина
■ досег на горивото■ моментална економичност на потрошувачката
■ просечна брзина на возилото
■ часовник
■ температурата
■ навигација
■ празна страница
Бирањето и показателите се
различни кај екраните од основно,
средно и високо ниво.
Trip odometer (Дневна
километража) 1 и 2
Дневната километража го
прикажува моменталното
растојание од одредено
препоставување.
Дневната километража брои до
оддалеченост 2000 км и пак
почнува од 0.
Вртете го тркалцето за местење за
да бирате меѓу дневна
километража 1 и 2.
За да ресетирате, притиснете го
копчето SET/CLR неколку секунди
додека ја гледате страницава.