reset OPEL CORSA 2015 Сопственички прирачник

Page 192 of 285

190Возење и ракување
Препоставување на системотСодржината на меморијата на
сообраќајните знаци може да се
избрише во изборникот за
поставување на страницата на
помошникот за сообраќајни знаци
со притискање на копчето
SET/CLR на рачката за трепкачите.
Изберете и потврдете Reset за да
го избришете системот на
помошникот за сообраќајни знаци.
По успешно препоставување, ќе се
огласи мелодија и се покажува
следниот сигнал додека не се
открие следен сообраќаен знак.
Во некои случаи системот го брише помошникот за сообраќајни знаци
автоматски.
Дефект
Системот за помош со сообраќајни знаци може да не работи правилно
кога:
■ Пределот на шофершајбната каде што се наоѓа предната
камера не е чист.
■ Сообраќајните знаци се целосно или делумно прекриени или
тешко се распознаваат.
■ Има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева светлина
или сенки. Во тој случај, на
екранот е прикажано No Traffic
Sign Detection due to Weather (Нема приметување на
сообраќајните знаци поради
времето) .
■ Сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени.
■ Сообраќајните знаци не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци.Внимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на одреден обем на брзини за дараспознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не распознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или завршат
ограничување на брзината.
Не дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.