phone OPEL CORSA 2016 Прирачник за инфозабавата

Page 116 of 119

116FlexDockFlexDockОпшти информации.................116
Користење ................................ 117Општи информации
FlexDock се состои од вградена
основна плоча и разни видови
држачи што може да се приклучат
на неа. Со вметнување iPhone или
друг паметен телефон во
лежиштето, паметниот телефон
може да се контролира преку
Инфозабавниот систем,
контролите на воланот или
допирниот екран.
Детални информации за
користење на држачот може да се
најдат во упатството на држачот
приложено со секој држач.9 Предупредување
Уредите приклучени во
FlexDock мора да се користат
така што нема да му одземаат
внимание на возачот и возилото ќе може да се вози безбедно во
секое време. Секогаш треба да
ги почитувате соодветните
закони и прописи во земјата во
којашто возите. Тие закони
може да се разликуваат од
информациите во овој
прирачник. Ако не сте сигурни,
запрете го возилото и ракувајте
со уредите додека возилото е во мирување.
Забелешка
Не ракувајте со друг извор на звук преку приклучокот USB
истовремено поради
преклопувањето на двата извори
на звук.
Внимание
За да се избегне кражба, не оставајте го мобилниот
телефон во FlexDock кога ќе го
напуштите возилото.

Page 117 of 119

FlexDock117КористењеЗакачување на држачот со
основната плоча
1. Извадете го капакот од основната плоча.
2. Притиснете го држачот во основната плоча и склопете.
Поврзување паметен телефон
со Инфозабавниот систем
Универзален паметен телефон
Поврзете го паметниот телефон со лежиштето со кабелот за
поврзување.
iPhone
iPhone се поврзува автоматски кога
ќе се вметне во држачот.
Зависно од состојбата на
софтверот и хардверската опрема, функционалноста на iPhone-от
може да биде ограничена.
Ракување со паметниот
телефон
Кога паметниот телефон е поврзан
преку FlexDock, ги има сите
функционалности како и да е
поврзан преку приклучокот за USB. Видете ги соодветните инструкции
во овој прирачник за детални
информации.
За да ја користите функцијата за
телефон или или функцијата за
музика на Bluetooth, мора да е
воспоставена Bluetooth врска. За детални информации, видете ги
соодветните инструкции во овој
прирачник и упатството за
ракување за паметниот телефон.Вадење на држачот од
основната плоча
1. Притиснете го копчето за ослободување и извадете го
држачот.
2. Закачете го капакот на основната плоча.

Page:   < prev 1-10 11-20 21-30