language OPEL CORSA 2017 Сопственички прирачник

Page 112 of 303

110Инструменти и контролиНадворешна температура
Приказ на моменталната
надворешна температура.
Податоци за возилото Можни страници се: ● мерна единица
● предупредување за брзината
● показател за преостанато траење на моторното масло
● притисок во гумите
● оптоварување на гумите
● надворешната температура
● оддалеченост за следење
● помош со сообраќајни знаци
● language (јазик)
Одбирањето и показателите се
различни кај екраните од средно и
високо ниво.
Мерна единица
Притиснете го SET/CLR додека да
се прикаже страницата. Изберете
империјална (единица 1) или
метричка (единица 3) со вртење натркалцето за местење. Притиснете SET/CLR за да поставите единица
мерка.
Предупредување за брзината
Функцијата за предупредување за
брзина го предупредува возачот
кога ќе се надмине поставената
брзина.
За да поставите предупредување
за брзината, притиснете SET/CLR
додека е прикажана страницата.
Свртете го тркалцето за местење
за да ја изберете вредноста.
Притиснете SET/CLR за да ја
одредите брзината.
Ако се надмине избраното
ограничување на брзината, се
огласува предупредувачка
мелодија. Штом ќе се постави
брзината, оваа функција може да
се исклучи со притискање на
SET/CLR додека се гледа
страницата.
Преостанат работен век на
маслото
Покажува проценка за корисниот
век на маслото. Бројката во
проценти го означува
преостанатиот век на употреба на
маслото и укажува кога треба да се смени моторното масло или
филтерот 3 95.
Притисок во гумите
Притисоците во гумите за сите
тркала се прикажуваат на оваа
страница за време на возењето
3 240.
Оптоварување на гумите
Категоријата за притисокот во
гумите според моментално
напумпаниот притисокот на гумите
може да се избере 3 240.