language OPEL CORSA E 2017.5 Сопственички прирачник
Page 111 of 303
Инструменти и контроли109гориво во кој било резервоар се
прикажува со Low (Ниско) во
соодветниот дел.
Timer (темпирање)
За да го стартувате или запрете
тајмерот, притиснете SET/CLR. За
да го ресетирате, притиснете
SET/CLR неколку секунди.
Надворешна температура
Приказ на моменталната
надворешна температура.
Податоци за возилото
Можни страници се: ● мерна единица
● предупредување за брзината
● показател за преостанато траење на моторното масло
● притисок во гумите
● оптоварување на гумите
● надворешната температура
● оддалеченост за следење
● помош со сообраќајни знаци
● language (јазик)Одбирањето и показателите се
различни кај екраните од средно и
високо ниво.
Мерна единица
Притиснете го SET/CLR додека да
се прикаже страницата. Изберете империјална (единица 1) или
метричка (единица 3) со вртење на тркалцето за местење. Притиснете
SET/CLR за да поставите единица
мерка.
Предупредување за брзинатаФункцијата за предупредување за
брзина го предупредува возачот
кога ќе се надмине поставената
брзина.
За да поставите предупредување
за брзината, притиснете SET/CLR
додека е прикажана страницата. Свртете го тркалцето за местење
за да ја изберете вредноста.
Притиснете SET/CLR за да ја
одредите брзината.
Ако се надмине избраното
ограничување на брзината, се
огласува предупредувачка
мелодија. Штом ќе се постави
брзината, оваа функција може да
се исклучи со притискање на
SET/CLR додека се гледа
страницата.
Преостанат работен век на
маслото
Покажува проценка за корисниот
век на маслото. Бројката во
проценти го означува
преостанатиот век на употреба на
маслото и укажува кога треба да се смени моторното масло или
филтерот 3 94.