run flat OPEL CORSA E 2017.5 Сопственички прирачник
Page 240 of 303
238Нега на возилотоТркала и гумиСостојба на гумите, состојба на
тркалата
Преку рабови возете полека и, ако
е можно, под прав агол. Возењето
преку остри рабови може да
предизвика оштетувања на гумите
и на тркалата. Не ги заглавете
гумите на работ од тротоарот кога
паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Контактирајте
со автомеханичар во случај на
оштетување или необично абење.
Препорачуваме да не се
заменуваат предните со задните
тркала и обратно, тоа може да
влијае врз стабилноста на
возилото. Секогаш користете
помалку изабени гуми на задната
оска.Зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба
да се стават на сите тркала.
Сите големини на гуми се
дозволени за зимски гуми 3 284.
Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете ја налепницата за брзина во
видното поле на возачот.
Ознаки на гумите На пр. 195/55 R 16 95 H195:широчина на гумата во мм55:профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во процентиR:вид ремен: РадијаленRF:вид: RunFlat (функционира и
издишана)16:пречник на тркалото во инчи95:индекс на оптоварувањето,
на пр. 95 одговара на 690 кгH:буква на шифрата за
брзинатаБуква на шифрата за брзината:Q:до 160 км/чS:до 180 км/чT:до 190 км/чH:до 210 км/чV:до 240 км/чW:до 270 км/ч
Изберете гума соодветна за
најголема брзина на Вашето
возило.
Најголемата брзина се постигнува
со максимална тежина со возачот
(75 кг) плус 125 кг товар.
Дополнителната опрема може да ја намали максималната брзина на
возилото.
Перформанси 3 278.
Еднонасочни гуми Еднонасочните гуми треба да се
монтираат така што ќе се вртат во
правилна насока. Правилната
насока на вртење ја покажува
симбол (на пр. стрелка) од
страната на гумата.