OPEL CORSA E 2018.5 Сопственички прирачник
Page 211 of 309
Возење и ракување209Комбе
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е докрај
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) кај патнички возила
може да се надмине за 60 кг, а
дозволената бруто тежина на
возилото за 55 кг.Општо
Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Ако максималната брзина во
земјата е определена како пониска
за ракување со приколки, таа треба
да се почитува.
Опрема за влечење
Внимание
При работење без приколка извадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Влечната кука е складирана во
торба во шуплината за резервното тркало и е прицврстена до алките
за врзување во товарниот простор.
Кога ја вметнувате, ставете го
заштитното капаче врз вртливата
квака со клуч.
Монтирање на топчестата
влечна кука
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Page 212 of 309
210Возење и ракувањеПроверка на затегнатоста на
влечната кука
● Вртливата квака лежи на
влечната кука.
● Зелената ознака на вртливата квака не се гледа.
● Иглата за заклучување на горниот дел од влечната кука е
наместена навнатре.
● Клучот е во бравата.
Инаку, влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне во
куќиштето за влечење:
● Ставете го клучот во бравата и
отклучете ја влечната кука.
● Притиснете ја вртливата квака врз влечната кука и завртете јадесно додека е притисната
надолу додека не се заглави.
Клучот останува во бравата.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата квака скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не го допирајте вртливото копче
за време на вметнувањето.
Page 213 of 309
Возење и ракување211
Зелената ознака на вртливата
квака се гледа.
Заклучете ја влечната кука и
извадете го клучот.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливата квака се гледа.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата квака и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.
9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Вметнете го клучот во бравата и
отклучете ја влечната кука.
Page 214 of 309
212Возење и ракувањеПритиснете ја вртливата квака врз
влечната кука и завртете ја десно
додека е притисната надолу
додека не се заглави. Извлечете ја
топчестата кука удолу.
Вметнете го клинот за затнување
во отворот за влечната кука.
Преклопете го приклучокот.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие занесувања,
моќноста на моторот се намалува и комбинацијата возила/приколка се
кочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека
системот работи, држете го
воланот колку што може помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 170.
Page 215 of 309
Нега на возилото213Нега на возилотоОпшти информации.................214
Додатоци и модификации на возилото ................................ 214
Чување на возилото ..............214
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......215
Прверки на возилото ...............215
Вршење работа ...................... 215
Хауба ...................................... 216
Моторно масло ......................216
Ладилник ................................ 218
Течност за миење ..................219
Сопирачки .............................. 219
Течност за сопирачките ........220
Акумулатор ............................. 220
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 222
Замена на четкичките на бришачите ............................. 222
Замена на сијалиците ..............223
Халогенски предни фарови ..223
Ксенонски предни фарови ....225
Фарови за магла ....................226
Предни трепкачи ....................227
Задни светла .......................... 227Странични трепкачи ..............229
Средишно високо монтирано стоп-светло ........................... 230
Светло за регистарската табличка ................................ 230
Внатрешни светла .................231
Електричен систем ..................231
Осигурувачи ........................... 231
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............232
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......234
Прирачен алат ......................... 236
Алати ...................................... 236
Тркала и гуми ........................... 237
Зимски гуми ............................ 237
Ознаки на гумите ...................238
Притисок на гумите ................ 238
Систем за следење на притисокот на гумите ...........240
Длабочина на шарата ...........244
Менување на големината на гумите и тркалата .................245
Раткапни ................................. 245
Синџири за гуми ..................... 246
Комплет за поправање гуми . 246
Менување тркала ................... 252
Резервно тркало ....................255
Палење со кабли ......................257Влечење................................... 259
Влечење на возилото ............259
Влечење друго возило ..........260
Нега за изгледот ......................261
Нега на надворешноста ........261
Нега на внатрешноста ........... 264
Page 216 of 309
214Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди)
може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови одвозилото. Исто така, можат да ја
поништат и дозволата за работа на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Page 217 of 309
Нега на возилото215Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Приклучете ја штипката до негативната клема на
акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашатавеб страна. Доверете му ја
работава само на овластен центар за рециклирање.
Возилата на гас мора да ги
рециклира сервисен центар
овластен за возила на гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 218 of 309
216Нега на возилото9Опасност
Системот за палење и
ксенонските фарови користат
крајно висок напон. Не
допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Притиснете ја безбедносната
спојка нагоре и отворете ја
хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Page 219 of 309
Нега на возилото217Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација.
Препорачаните течности и
средства за подмачкување 3 266.
Максималната потрошувачка на моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен најмалку 5 минути.
Извлечете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитате го нивото
на моторното масло.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од ист вид како она
што било употребено при
последното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Page 220 of 309
218Нега на возилотоВнимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани. Ако маслото е над
максималното ниво, не
стартувајте го возилото и
контактирајте со
автомеханичар.
Зафатнини 3 284.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник
Средството за ладење овозможува
заштита од замрзнување до околу
-28 °C. Во северните земји со многу ниски температури фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
замрзнување до околу -37 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 266.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Се користат различни резервоари
за течност за ладење, зависно од
верзијата на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.