run flat OPEL CORSA E 2018 Сопственички прирачник

Page 239 of 303

Нега на возилото237Возила со резервно тркало
Дигалката, клучот за навртките на
тркалата и некои алати се наоѓаат
од десната страна на товарниот
простор, зад капак 3 74.
Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојба на
тркалата
Преку рабови возете полека и, ако
е можно, под прав агол. Возењето
преку остри рабови може да
предизвика оштетувања на гумите
и на тркалата. Не ги заглавете
гумите на работ од тротоарот кога
паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Контактирајте
со автомеханичар во случај на
оштетување или необично абење.
Препорачуваме да не се
заменуваат предните со задните
тркала и обратно, тоа може да
влијае врз стабилноста на
возилото. Секогаш користете
помалку изабени гуми на задната
оска.Зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба
да се стават на сите тркала.
Сите големини на гуми се
дозволени за зимски гуми 3 283.
Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете ја налепницата за брзина во
видното поле на возачот.
Ознаки на гумите На пр. 195/55 R 16 95 H195:широчина на гумата во мм55:профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во процентиR:вид ремен: РадијаленRF:вид: RunFlat (функционира и
издишана)16:пречник на тркалото во инчи95:индекс на оптоварувањето,
на пр. 95 одговара на 690 кгH:буква на шифрата за
брзината