language OPEL CORSA E 2019 Сопственички прирачник

Page 96 of 261

94Инструменти и контролиДополнително, контролната
сијаличка Y трепка во мерачот за
гориво 3 89.
Досег на горивото, верзија LPG
Приказ на приближниот вкупен
досег на гориво за секој резервоар (бензин и ТНГ). Ниско ниво на
гориво во кој било резервоар се
прикажува со Low (Ниско) во
соодветниот дел.
Timer (темпирање)
За да го стартувате или запрете
тајмерот, притиснете SET/CLR. За
да го ресетирате, притиснете
SET/CLR неколку секунди.
Надворешна температура
Приказ на моменталната
надворешна температура.
Изборник за информации за
возилото ?
Можни страници се: ● мерна единица
● предупредување за брзината
● показател за преостанато траење на моторното масло
● притисок во гумите
● оптоварување на гумите
● надворешната температура
● оддалеченост за следење
● помош со сообраќајни знаци
● language (јазик)
Одбирањето и показателите се
различни кај екраните од средно и
високо ниво.
Мерна единица
Притиснете го SET/CLR додека да
се прикаже страницата. Изберете империјална (единица 1) или
метричка (единица 3) со вртење натркалцето за местење. Притиснете
SET/CLR за да поставите единица
мерка.
Предупредување за брзината
Функцијата за предупредување за
брзина го предупредува возачот
кога ќе се надмине поставената
брзина.
За да поставите предупредување
за брзината, притиснете SET/CLR
додека е прикажана страницата.
Свртете го тркалцето за местење
за да ја изберете вредноста.
Притиснете SET/CLR за да ја
одредите брзината.