reset OPEL CORSA E 2019 Сопственички прирачник
Page 167 of 261
Возење и ракување165
Откако еднаш ќе се активира и кога
страницата за забележување на
сообраќајни знаци не е прикажана
во моментот, новооткриените
ограничувања на брзината и
знаците за забрана на поминување
се прикажуваат како скок-
известувања во Информативниот
центар за возачот.Кога е прикажана страницата на
помошникот за сообраќајни знаци,
притиснете SET/CLR на рачката.
Одберете Alerts ON (Вклучени
тревожења) или Alerts OFF
(Исклучени тревожења) со вртење
на тркалцето за прилагодување и притиснете SET/CLR.
Скок-известувањето се прикажува
околу 8 секунди во
Информативниот центар за
возачот.
Препоставување на системот
Содржината на меморијата на
сообраќајните знаци може да се
избрише во изборникот за
поставување на страницата на
помошникот за сообраќајни знаци
со избирање Reset (Ресетирај) и
потврда со притискање SET/CLR
на рачката подолго време.
Како алтернатива, може да го
притиснете SET/CLR 3 секунди за да ја избришете содржината на
страницата.
По успешно ресетирање, ќе се
огласи тон и се покажува следниот
„Основен знак“ додека не се открие следен сообраќаен знак.