run flat OPEL CORSA E 2019 Сопственички прирачник
Page 201 of 261
Нега на возилото199RF:вид: RunFlat (функционира и
издишана)16:пречник на тркалото во инчи95:индекс на оптоварувањето,
на пр. 95 одговара на 690 кгH:буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q:до 160 км/чS:до 180 км/чT:до 190 км/чH:до 210 км/чV:до 240 км/чW:до 270 км/ч
Изберете гума соодветна за
најголема брзина на Вашето
возило. Видете во Сертификатот
за сообразност на ЕЕЗ доставен со
возилото или во другите
национални документи за
регистрација. Дополнителната
опрема може да ја намали
максималната брзина на возилото.
Еднонасочни гуми
Еднонасочните гуми треба да се
монтираат така што ќе се вртат во
правилна насока. Правилната
насока на вртење ја покажува
симбол (на пр. стрелка) од
страната на гумата.
Притисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување.
Не заборавајте го резервното
тркало.Притисок во гумите 3 240.
Етикетата со информации за
притисокот во гумите на рамката на десната врата ги посочува
оригиналните гуми и соодветните
притисоци во гумите.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
ECO притисокот на гумите служи да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето со возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.