OPEL CROSSLAND X 2017.75 Сопственички прирачник
Page 91 of 275
Инструменти и контроли89ПрегледOТрепкач 3 93XПотсетник за
безбедносниот
ремен 3 94vВоздушни
перничиња и
затегнувачи на
ремените 3 94VДеактивирање на
воздушното
перниче 3 95pСистем за полнење
3 95ZИндикаторско
светло за дефект
3 95HНаскоро
сервисирајте го
возилото 3 95ЗАСТАНЕТЕГаснење на моторот
3 96JПроверка на
системот 3 96RТечност за
системите на
сопирачките и
куплунгот 3 96uСистем за
деблокирање на
сопирачките (ABS)
3 96RМенување брзини
3 97)Предупредување за
напуштање лента
3 97bЕлектронска
контрола на
стабилноста и
Систем за контрола
на пролизгувањето
3 97aИсклучување на
Електронската
контрола на
стабилноста и
Системот за
контрола на
пролизгувањето
3 97!Предзагревање
3 98%Филтер за дизелски
честички 3 98YAdBlue 3 98wСистем за
откривање на
издишаноста 3 98IПритисок на
моторното масло
3 98YoНиско ниво на
гориво 3 99WoВисока температура
на течноста за
ладење 3 97
Page 92 of 275
90Инструменти и контролиDAutostop 3 998Надворешно светло
3 999Средно светло
3 100CДолго светло 3 99fПомош за долгото
светло 3 99>Фар за магла 3 100øЗаден фар за магла
3 100<Сензор за дожд
3 100BИзвестување за
странична слепа
точка 3 177mКонтрола на
патувањето 3 100ßОграничувач на
брзината 3 100LПомош со
сообраќајни знаци
3 100hОтворена врата
3 100
Брзиномер
Ја означува брзината на возилото.
Километража
Вкупното евидентирано растојание
се прикажува во километри.
Дневна километража
Евидентираното растојание од
последното ресетирање се
прикажува на Информативниот
центар за возачот.
Page 93 of 275
Инструменти и контроли91
Дневната километража брои до
9999 км, а потоа пак почнува од 0.
Притиснете L 2 секунди за да ја
ресетирате дневната
километража.
Можат да се изберат две страници
за дневна километража во
изборникот за патување/гориво за
различни патувања 3 100.
Вртежомер
Ја прикажува брзината на моторот.
Возете со мал број вртежи на
моторот за секоја брзина колку е
можно подолго.
Внимание
Ако стрелката е во црвената предупредувачка зона,
надмината е максимално
дозволената брзина на моторот. Моторот е во опасност.
Мерач за гориво
Го прикажува нивото на горивото
во резервоарот.
Контролната сијаличка o се пали
ако нивото во резервоарот е ниско.
Никогаш не дозволувајте
резервоарот за гориво да се
испразни докрај.
Поради горивото што останува во
резервоарот, количеството при
полнењето може да биде помалку
од определената зафатнина на
резервоарот за гориво.
Page 94 of 275
92Инструменти и контролиМерач за температуратана течноста за ладење намоторот
Ја прикажува температурата на
течноста за ладење.
50:уште не е достигната
работната температура на
моторот90:нормална работна
температура130:температурата е превисока
Контролната сијаличка o светнува
ако температурата на течноста за ладење е превисока.
Внимание
Ако температурата на течноста
за ладење на моторот е
превисока, запрете го возилото, изгаснете го моторот. Опасност
за моторот. Проверете го
новито на течноста за ладење.
Екран за сервисирање
Системот за сервис информира
кога да се променат моторното
масло и филтерот или кога е
потребен сервис на возилото. Врз
основа на условите за возење, периодот при којшто ќе се укаже на
менување на моторното масло и
филтерот може да варира во
голема мера.
Известување дека треба да се
посети сервис се прикажува во
Информативниот центар за
возачот седум секунди откако ќе се вклучи палењето.
Ако не е потребен сервис во
следните 3000 км или повеќе, на
екранот не се појавува
информација за сервис.
Ако е потребен сервис во рамките
на следните 3000 км,
преостанатото растојание или
времетраење се прикажува
неколку секунди. Истовремено,
симболот F свети постојано како
потсетник.
Page 95 of 275
Инструменти и контроли93Ако е потребен сервис за помалку
од 1000 км, F трепка, па свети
постојано. Преостанатото
растојание или времетраење се прикажува неколку секунди.
За надминатото растојание за
сервис се известува преку порака
во Информативниот центар за
возачот каде што е наведено и
надминатото растојание. F трепка,
па свети постојано додека не се изврши сервисот.
Ресетирање на интервалот за
сервис
По секој сервис, показателот за
сервис мора да се ресетира за да
се обезбеди правилна работа. Се
препорачува да побарате помош
од автомеханичар.
Ако вие го извршите сервисот,
направете го следново:
● исклучете го палењето
● притиснете го и држете го притиснато копчето M или
CHECK● вклучете го палењето; показателот за растојанието
започнува да одбројува
● кога на екранот ќе се прикаже =0, отпуштете го копчето.
Симболот F исчезнува
Добивање сервисни
информации
За да го добиете статусот на
сервисните информации во секое
време, притиснете го копчето M
или CHECK . Сервисните
информации се прикажуваат
неколку секунди.
Информации за сервисирањето
3 240.
Контролни сијалички
Контролните сијалички што се
опишани ги нема во сите возила.
Описите важат за сите верзии на
инструментите. Во зависност од
опремата, положбата на
контролните сијалички може да
биде различна. Кога палењето се
вклучува повеќето контролнииндикатори ќе се запалат за кратко време како тест за
функционирањето.
Боите на контролната сијаличка
значат:црвена:опасност, важен
потсетникжолта:предупредување,
информација, дефектзелена:потврдување на
активирањетосина:потврдување на
активирањетобело:потврдување на
активирањето
Видете ги сите контролни
сијалички на разни групи
инструменти 3 86.
Трепкач O се пали или трепка зелено.
Свети накратко Паркирните светла се вклучени.
Page 96 of 275
94Инструменти и контролиТрепка
Активиран е некој трепкач за
вртење или предупредувачките
трепкачи.
Брзо трепкање: дефект на некој
трепкач или поврзаниот
осигурувач, дефект на трепкачите
на приколката.
Замена на сијалиците 3 204,
осигурувачи 3 213.
Трепкачи 3 122.
Потсетник за безбедносниот ремен
Потсетник за безбедносните
ремени на сите седишта
X светнува или трепка црвено во
групата инструменти заедно со
контролната сијаличка во
конзолата на покривот за секој
безбедносен ремен.
● Кога палењето е вклучено, X
во групата инструменти и
симболот за соодветното
седиште во конзолата на
покривот се вклучува, ако
безбедносниот ремен на некое седиште на кое има патник не
е врзан.
● По тргнувањето, X во групата
инструменти и симболот за
соодветното седиште во
конзолата на покривот трепка
одредено време заедно со
звук. По одредено време на
возење, X свети постојано
додека безбедносниот ремен
на соодветното седиште не се
врзе или ако некој патник го одврзал безбедносниот ремен.
Воздушно перниче и затегнувачи на ремените
v свети црвено.
Кога ќе се вклучи палењето,
контролната сијаличка свети околу
четири секунди. Ако не светне, не се изгасне по четири секунди или
свети додека се вози, има дефект
во системот на воздушни
перничиња. Побарајте помош од
автомеханичар. Воздушните
перничиња и затегнувачите на
ремените може да не се
активираат во случај на
сообраќајка.
Активирањето на затегнувачите на
ремените или на воздушните
перничиња се означува со
непрекинато светење на v.
Page 97 of 275
Инструменти и контроли959Предупредување
Нека Ви ја отстрани причината
на дефектот автомеханичар
веднаш.
Затегнувачи на ремените, систем на воздушни перничиња 3 50,
3 54.
Деактивирање на воздушното перниче
Ó ON свети жолто.
Воздушното перниче за совазочот
е активирано.
* OFF свети жолто.
Воздушното перниче за совозачот
е деактивирано.
Деактивирање на воздушното
перниче 3 59.
Систем за полнење
p свети црвено.
Се пали кога ќе се вклучи палењето и се гасне кратко по палењето на
моторот.
Свети кога работи моторот Застанете, изгаснете го моторот.
Акумулаторот не се полни. Може да биде прекинато ладењето на
моторот. Серво уредот на
сопирачките може да престане да
биде ефективен. Побарајте помош
од автомеханичар.
Индикаторско свтело за
дефект
Z свети или трепка жолто.
Се пали кога ќе се вклучи палењето
и се гасне кратко по палењето на
моторот.Свети кога работи моторот
Дефект на системот за контрола на
издувните гасови. Дозволените
ограничувања за издувните гасови
може да бидат пречекорени.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Ако трепка додека работи
моторот
Системот за управување со моторот има дефект што може да
предизвика оштетување на
катализаторот. Смалувајте го
давањето на гас додека не
престане трепкањето. Побарајте
помош од автомеханичар веднаш.
Наскоро сервисирајте говозилото
H свети жолто.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.
Page 98 of 275
96Инструменти и контролиМоже да свети заедно со други
контролни сијалички и со
соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Гаснење на моторот
Y свети црвено.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.
Свети заедно со други контролни сијалички заедно со
предупредувачки мелодија и
соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот.
Изгаснете го моторот веднаш и
побарајте помош од
автомеханичар.
Проверка на системот
J свети жолто или црвено.
Свети жолто Откриен е мал дефект на моторот.Свети црвено
Откриен е голем дефект на
моторот.
Изгаснете го моторот што е можно побрзо и побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за системите насопирачките и куплунгот
R свети црвено.
Нивото на течноста во сопирачките и куплунгот е премногу ниско, кога
рачна паркинг кочница не е
затегната 3 201.9 Предупредување
Застанете. Не го продолжете
патувањето. Посоветувајте се со автомеханичар.
Се пали кога е затегната рачната
паркинг кочница и палењето е
вклучено 3 160.
Систем за деблокирање
на сопирачките (ABS)
u свети жолто.
Свети неколку секунди откако ќе се
вклучи палењето. Системот е
подготвен за работа кога ќе се
изгасне контролната сијаличка.
Ако сијаличката не се изгасне за
неколку секунди, или ако се запали
за време на возењето, има дефект
во ABS. Системот на сопирачки
останува функционален, но без
регулирање од ABS.
Систем за деблокирање на
сопирачките 3 159.
Page 99 of 275
Инструменти и контроли97Менување брзини
Се покажува R со бројот на
поголемата брзина кога се
препорачува менување во
поголема брзина за заштеда на
гориво.
Предупредување за
напуштање лента
) трепка жолто кога системот ќе
препознае ненамерна промена на
лентата.
Предупредување за напуштање
лента 3 183.
Електронска контрола на
стабилноста и Систем законтрола на
превртувањето
b свети или трепка жолто.
Свети
Присутен е дефект во системот.
Може да се продолжи со возењето. Меѓутоа, стабилноста при
возењето може да се влоши
зависно од условите на
површината на патот.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Трепка
Системот е активно вклучен.
Моќноста на моторот може да се
намали и возилото може да се
сопира автоматски до мал степен.
Електронска контрола на
стабилноста и Систем за контрола
на пролизгувањето 3 161.Исклучување на
Електронската контролана стабилноста иСистемот за контрола напролизгувањето
n свети жолто.
Системите се деактивирани.
Температура на течностаза ладење
o свети црвено.
Свети кога работи моторот
Застанете, изгаснете го моторот.Внимание
Температурата на течноста за
ладење е превисока.
Веднаш проверете го нивото на
течноста за ладење 3 200.
Ако има доволно течност за
ладење, посоветувајте се со
автомеханичар.
Page 100 of 275
98Инструменти и контролиПредзагревање
! свети жолто.
Предзагревање на дизел моторот е
вклучено. Дури тогаш се активира
кога надворешната температура е
ниска. Запалете го моторот кога
контролната сијаличка се гасне.
Филтер за дизелски честички
% или H свети жолто.
Му е потребно чистење на
филтерот за дизелски честички.
Продолжете да возите додека
контролната сијаличка не се
исклучи.
Светнува привремено
Започнете го заситувањето на
филтерот за честички. Започнете
го процесот на чистење што е
можно побрзо така што ќе го возите
возилото со брзина од најмалку
60 км/ч.Свети постојано
Знак за ниско ниво на адитиви.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Филтер за дизелски честички
3 151.
AdBlue
Y Симболот свети или трепка
жолто.
Свети жолтоПреостанатиот опсег за возење е
помеѓу 600 км и 2400 км.
Дополнете AdBlue® што е можно
побрзо кај квалификуван
автомеханичар. Може да
дополните најмногу 10 литри
AdBlue® во резервоарот.
Трепка жолто Преостанатиот опсег за возење е
помеѓу 0 и 600 км.
Дополнете AdBlue® што е можно
побрзо кај квалификуван
автомеханичар за да избегнетепроблем. Може да дополните
најмногу 10 литри AdBlue® во
резервоарот.
Систем за откривање наиздишаноста
w свети или трепка жолто.
Свети
Губење на притисокот во гумите во
едно или повеќе тркала. Застанете
веднаш и проверете го притисокот
во гумата.
Трепка
Дефект во системот.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Притисок на моторното
масло
I свети црвено.
Се пали кога ќе се вклучи палењето
и се гасне кратко по палењето на
моторот.