OPEL CROSSLAND X 2018.5 Прирачник за инфозабавата

Page 81 of 143

Радио81Ако е активирана радио
сообраќајната услуга, во горниот ред на сите главни изборници е
прикажано [TP]. Ако моменталната
станица не е станица со радио
сообраќајна услуга, TP е посивено
и автоматски почнува да се бара
следната станица со радио
сообраќајна услуга. Штом ќе се
најде станица со радио
сообраќајна услуга, TP е
нагласено. Ако не се најде станица
со радио сообраќајна услуга, TP
останува посивено.
Ако се емитува соопштение за
сообраќајот на односната станица,
се прикажува порака.
За да го прекинете соопштението и
да се вратите на претходно
активираната функцијата, допрете
го екранот или притиснете m.
Регионализација
Понекогаш станиците со RDS
емитуваат регионално различни
програми на различни
фреквенции.Изберете Menu (Изборник) во
главниот изборник за FM радиото за да го отворите соодветниот
подизборник за брановата
должина и лизгајте до Region
(Регион) .
Активирајте или деактивирајте
Region (Регион) .
Ако е активирана
регионализацијата, се избираат
алтернативни фреквенции со
истите регионални програми кога е потребно. Ако регионализацијата е
исклучена, се избираат
алтернативни фреквеции на
станиците без оглед на
регионалните програми.
Дигитална аудио дифузија Дигиталната аудиодифузија (DAB)
емитува радиостаници дигитално.
Станици со DAB се означуваат со
името на програмата наместо
фреквенцијата на емитувањето.Општи информации
● Со DAB може да се емитуваат повеќе радиопрограми
(сервиси) на еден ансамбл.
● Покрај висококвалитетните дигитални аудио услуги, DAB
исто така е способен да
предава податоци поврзани со
програмите и мноштво други
податочни услуги вклучувајќи
информации за патувањето и
за сообраќајот.
● Се додека еден даден DAB приемник може да го фати
сигналот испратен од некоја
станица за дифузија (дури ако
сигналот е многу слаб),
репродукцијата на звукот е
обезбедена.
● Во случај на лош прием, гласноста се намалува
автоматски за да се избегне емитување бучава.
Ако DAB сигналот е премногу
слаб за дешифрирање со
приемникот, приемот се
прекинува целосно. Ова може да се избегне со активирање

Page 82 of 143

82Радиона DAB-DAB Linking
(Поврзување DAB-DAB) или
DAB-FM Linking (Поврзување
DAB-FM) во изборникот за DAB
(видете подолу).
● Пречење предизвикано од станиците кои се на блиски
фреквенции (појава која е
типична за приемот AM и FM)
не се појавува со DAB.
● Ако DAB сигналот го одбиваат природни пречки или згради,
квалитетот на приемот на DAB се подобрува, додека AM или
FM приемот значително се
влошува во таквите случаи.
● Кога е вклучен прием DAB, FM-
приемникот на инфозабавниот систем останува активен во
заднина и постојано ги бара
FM-станиците со најдобар
прием. Ако е вклучено TP 3 80,
се емитуваат сообраќајните
соопштенија на FM-станицата
со најдобар прием. Исклучете
го TP ако не сакате приемот
DAB да се прекинува со
сообраќајни соопштенија FM.Соопштенија DAB
Покрај нивните музички програми,
многу станици DAB емитуваат и
соопштенија од разни категории. Ако активирате некои или сите
категории, сервисот DAB што се прима моментално се прекинува
кога има соопштение од таков вид.
Изберете Menu (Изборник) во
главниот изборник за DAB радио за
да го отворите соодветниот
подизборник за брановата
должина.
Листајте низ списокот и изберете
DAB Announcements (Соопштенија
DAB) за да се прикаже листа на
достапните категории.
Активирајте ги сите или само
саканите категории соопштенија.
Може да се изберат разни
категории на соопштенија
истовремено.
DAB-DAB Linking (Поврзување
DAB-DAB)
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на истиот
сервис (програма) на другансамбл DAB (ако е достапна) кога
сигналот DAB е премногу слаб за
да го прими приемникот.
Изберете Menu (Изборник) во
главниот изборник за DAB радио за
да го отворите соодветниот
подизборник за брановата
должина.
Листајте низ листата и активирајте
или деактивирајте DAB-DAB
Linking (Поврзување DAB-DAB) .
DAB-FM Linking (Поврзување
DAB-FM)
Оваа функција овозможува
префрлање од станица DAB на
соодветна станица FM и обратно.
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на
соодветната станица FM на
активниот сервис DAB (ако има)
кога сигналот DAB е премногу слаб за да го прими приемникот.
Листајте низ листата и активирајте или деактивирајте DAB-FM Linking
(Поврзување DAB-FM) .

Page 83 of 143

Радио83L Band (L-опсег)Со оваа функција можете да
дефинирате кои фреквентни
подрачја DAB ќе ги прима
Инфозабавниот систем.
Фреквентниот опсег L (земјено и
сателитско радио) е друг
радиоопсег што може да се прима
дополнително.
Изберете Menu (Изборник) во
главниот изборник за DAB радио за
да го отворите соодветниот
подизборник за брановата
должина.
Листајте низ листата и активирајте
или деактивирајте L Band (L-опсег).
Интелитекст
Функцијата Intellitext (Интелитекст)
овозможува прием на
дополнителни информации како што се финансиски информации,
спорт, вести и сл.
Забелешка
Достапната содржина зависи од
станицата и регионот.Изберете Menu (Изборник) во
главниот изборник за DAB радио за да го отворите соодветниот
подизборник за брановата
должина.
Листајте и изберете Intellitext
(Интелитекст) .
Изберете една од категориите и
изберете одредена ставка за да се
прикажат детални информации.
EPG
Електронскиот програмски водич
обезбедува информации за
тековната и претстојната програма
на соодветната DAB-станица.
Изберете Menu (Изборник) во
главниот изборник за DAB радио,
па изберете Station List (Листа
станици) .
За да се прикаже програмата на
саканата станица, допрете ја
иконата до станицата.

Page 84 of 143

84Надворешни уредиНадворешни
уредиОпшти информации ...................84
Репродукција на звук .................86
Прикажување слики ...................87
Репродукција на филмови .........89
Користење апликации за
паметни телефони .....................90Општи информации
Во средишната конзола се наоѓа
USB-приклучок за поврзување
надворешни уреди.
Забелешка
USB-приклучокот секогаш треба
да се чува чист и сув.
USB приклучок
Во USB-приклучокот може да се
приклучат МP3-плеер, USB-уред,
SD-картичка (преку приклучок /
адаптер за USB) или паметен
телефон.
Најмногу два USB-уреди можат да бидат поврзани со Инфозабавниот систем во даден момент.
Забелешка
За поврзување на два уреди USB, потребен е надворешен USB-
центар.
Инфозабавниот систем може да
репродуцира аудиодатотеки, да
прикажува слики или да
репродуцира филмови што се
наоѓаат на USB-уреди.Кога се поврзани со приклучокот
USB, со разни функциите на
уредите може да се ракува преку
контролите и изборниците на
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите помошни уреди.
Проверете го списокот за
компатибилност на нашата веб-
локација.
Поврзување / откачување уред
Поврзете еден од горенаведените
уреди во приклучокот за USB. Ако
е потребно, користете соодветен
кабел за поврзување. Музичката
функција почнува автоматски.
Забелешка
Ако се поврзе уред USB што не
може да се прочита, се појавува
соодветна порака за грешка и
Инфозабавниот систем
автоматски се префрлува на
претходната функција.
За да ја прекинете врската со
уредот USB, изберете друга
функција, а потоа извадете го
уредот USB.

Page 85 of 143

Надворешни уреди85Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Автоматско вклучување на USB
Стандардно, изборникот за звук
од USB се прикажува автоматски
кога ќе се поврзе USB-уред.
Ако сакате, може да ја
деактивирате оваа функција.
Притиснете ;, па изберете
Settings (Поставки) за да го
отворите изборникот поставки.
Изберете Radio (Радио) , листајте
до USB Auto Launch (Автоматско
вчитување USB) и допрете го
екранското копче до функцијата.
За да ја вклучите функцијата:
повторно допрете го екранското
копче.
Bluetooth
Уреди што поддржуваат профили
A2DP и AVRCP на музика Bluetooth
можат безжично да се поврзат со
Инфозабавниот систем.
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки од
овие уреди.
Поврзување уред
За детален опис за
воспоставување поврзување
Bluetooth 3 94.
Формати на фајлови и папки
Максималниот капацитет на уред
поддржан од Инфозабавниот
систем е 2500 музички
фајлови, 2500 сликовни фајлови,
250 филмски фајлови, 2500 папки и
10 степени на структура на папки.
Поддржани се само уреди
форматирани со систем на
фајлови FAT16 / FAT32.
Ако во метаподатоците за аудио се
вклучени слики, овие слики се
прикажуваат на екранот.Забелешка
Некои фајлови може да не се
репродуцираат правилно.
Причината може да биде
различен формат на снимање или состојбата на датотеката.
Фајлови од продавниците на
интернет за коишто важо
управување со дигиталните права
(DRM) не можат да се
репродуцираат.
Инфозабавниот систем може да ги репродуцира следните аудио,
сликовни и филмски фајлови
зачувани на надворешни уреди.
Аудио фајлови
Формати на аудиодатеки што може да се репродуцираат се MP3
(MPEG-1 Layer 3, MPEG-2 Layer 3),
WMA, AAC, AAC+, ALAC OGG WAF
(PCM), AIFF, 3GPP (само аудио),
аудиокниги и LPCM. Уредите
iPod ®
и iPhone ®
репродуцираат
ALAC, AIFF, аудиокниги и LPCM.

Page 86 of 143

86Надворешни уредиКога се репродуцира фајл со
ознаки ID3, Инфозабавниот систем
може да прикаже информации за,
на пр., насловот на песната и
изведувачот.
Сликовни фајлови
Формати на датотеки со слики што
може да се прикажат се JPG, JPEG,
BMP, PNG и GIF.
Датотеките JPG мора да бидат 64
на 5000 пиксели во широчина и 64
на 5000 пиксели во височина.
Датотеките BMP, PNG и GIF мора
да бидат 64 на 1024 пиксели во широчина и 64 на 1024 пиксели во
височина.
Сликите не смеат да бидат поголеми од 1 МБ.
Филмски фајлови
Формати на видеа што може да се
репродуцираат се AVI и MP4.
Максималната резолуција е 1280 x
720 пиксели. Брзината на
репродукција мора да биде помала
од 30 fps.
Употреблив кодек е H.264/MPEG-4 AVC.Формати на аудио што можат да се репродуцираат
се .MP3, .AC3, .AAC и .WMA.
Формат на титли што може да се
прикаже е .SMI.
Репродукција на звук Активирање на функцијата за
музика
Ако уредот не е поврзан со
Инфозабавниот систем, поврзете
го уредот 3 84.
Обично, соодветниот главен
изборник за аудио се прикажува
автоматски.
Ако репродукцијата не започне
автоматски, на пример, ако USB
Auto Launch (Автоматско
вчитување USB) е деактивирано
3 84, направете ги следниве
чекори:
Притиснете ;, па изберете Audio
(Аудио) за да го отворите
последниот избран главен
изборник за аудио.Изберете Source (Извор) во
интерактивната лента за избор, па изберете го саканиот аудиоизворза да го отворите соодветниот
главен изборник за аудио.
Репродукцијата на звучните записи почнува автоматски.
Функциски копчиња
Прекинување и продолжување на
репродукцијата
Допрете = за да го прекинете
репродуцирањето. Екранското
копче се менува во l.
Допрете l за да го продолжите
репродуцирањето.

Page 87 of 143

Надворешни уреди87Репродукција на следниот или
претходниот запис
Допрете v за да ја пуштите
следната нумера.
Допрете t во првите две секунди
од репродукцијата на нумерата за
да се вратите на претходната
нумера.
Враќање на почетокот на
моменталниот запис
Допрете t по две секунди од
репродукцијата на нумерата.
Брзо напред и брзо назад
Допрете и задржете t или v.
Отпуштете за да се вратите во нормален режим на репродукција.
Или може да го движите лизгачот
што ја покажува моменталната
положба на записот налево или
надесно.
Произволна репродукција на
записите
Допрете n за да ги пуштите
нумерите по случаен редослед. Екранското копче се менува во o.Допрете o повторно за да ја
деактивирате функцијата за случаен редослед и да се вратите
на нормалниот режим за
репродукција.
Функцијата
Browse Music (Прегледајте ја
музиката)
За да се прикаже екранот за
прегледување, допрете го екранот.
Може да изберете и Menu
(Изборник) на главниот екран за
аудио за да се прикаже
соодветниот изборник за аудио, па
изберете Browse Music
(Прегледајте ја музиката) .
Се прикажуваат разни категории по
кои се подредуваат записите, на
пр., Playlists (Музички листи) , Artists
(Изведувачи) или Albums ( Албуми) .
Изберете ја саканата категорија,
поткатегорија (ако има), а потоа
изберете запис.
Изберете ја песната за да почне
репродукција.
Прикажување слики
Може да гледате слики од уред
USB.
Забелешка
За ваша безбедност, некои
одлики се онеспособени при
возење.

Page 88 of 143

88Надворешни уредиАктивирање на функцијата за
слики
Ако уредот не е поврзан со
Инфозабавниот систем, поврзете
го уредот 3 84.
Притиснете ;, па изберете Gallery
(Галерија) за да го отворите
изборникот за медиуми.
Допрете l за да го отворите
главниот изборник за слики за да се прикаже список на ставки зачувани
на уредот USB. Одберете ја
саканата слика. Ако таа е
складирана во папка, прво
одберете ја саканата папка.Допрете го екранот за да се скрие
лентата за избор. Повторно
допрете го екранот за повторно да
се прикаже лентата за избор.
Функциски копчиња
Режим на цел екран
Изберете x за да ја прикажете
сликата во режим на цел екран.
Допрете го екранот за да излезете
од режимот на цел екран.
Гледање на следната или
претходната слика
Допрете j или поминете налево за
да ја погледнете следната слика.
Допрете i или поминете надесно
за да ја погледнете претходната
слика.
Вртење слика
Изберете v за да ја ротирате
сликата.
Зумирање слика
Допрете w еднаш или повеќе пати
за да зумирате слика или за да ја
вратите оригиналната големина.Гледање слајдови
Изберете t за да ги гледате
сликите зачувани на уредот USB
како слајдови.
Допрете го екранот за да го
завршите приказот на слајдовите.
Изборник за слики
Изберете Menu (Изборник) на
долниот ред од екранот за да се прикаже Picture Menu (Изборник за
слики) .

Page 89 of 143

Надворешни уреди89Време на приказот на слајдови
Изберете Slide Show Time (Време
за шоу на слајдови) за да се
прикаже список на можни временски интервали и изберете го
саканиот временски интервал.
Екран за часовник и температура
За да се прикажат времето и
температурата во режим на цел
екран, активирајте Clock. Temp.
Display (Прикажување час. темп.) .
Поставки за екранот
Изберете Display Settings
(Поставки на екранот) за да
отворите подизборник за
приспособување на осветленоста
и контрастот.
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.
Репродукција на филмови
Може да гледате филмови од
уред USB.
Забелешка
За вашата безбедност,
функцијата за филм не е достапна
додека се вози.Активирање на функцијата за
филмови
Ако уредот не е поврзан со
Инфозабавниот систем, поврзете
го уредот 3 84.
Притиснете ;, па изберете Gallery
(Галерија) за да го отворите
изборникот за медиуми.
Допрете m за да го отворите
главниот изборник за филмови за
да се прикаже список на ставки
зачувани на уредот USB. Изберете
го саканиот филм. Ако таа е
складирана во папка, прво
одберете ја саканата папка.
Се прикажува филмот.Функциски копчиња
Цел екран
Изберете x за да го прикажете
филмот во режим на цел екран.
Допрете го екранот за да излезете
од режимот на цел екран.
Прекинување и продолжување на
репродукцијата
Допрете = за да го прекинете
репродуцирањето. Екранското
копче се менува во l.
Допрете l за да го продолжите
репродуцирањето.
Репродукција на следниот или
претходниот запис
Допрете c за да го пуштите
следниот филмски запис.
Допрете d во првите пет секунди
од репродукцијата на филмот за да
се вратите на претходниот
филмски запис.
Враќање на почетокот на
моменталниот филм
Допрете d по пет секунди од
репродукцијата на филмот.

Page 90 of 143

90Надворешни уредиБрзо напред и брзо назад
Допрете и задржете d или c.
Отпуштете за да се вратите во нормален режим на репродукција.
Изборник за филм
Изберете Menu (Изборник) на
долниот ред од екранот за да се
прикаже Movie Menu (Изборник за
филмови) .
Екран за часовник и температура
За да се прикажат времето и
температурата во режим на цел
екран, активирајте Clock. Temp.
Display (Прикажување час. темп.) .
Поставки за екранот
Изберете Display Settings
(Поставки на екранот) за да го
отворите подизборникот за
приспособување на осветленоста
и контрастот.
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.
Користење апликации за паметни телефони
Апликациите за проекција на
телефонот, Apple CarPlay™ и
Android Auto™, прикажуваат
избрани апликации од паметниот
телефон на Инфо-екранот и
овозможуваат управување
директно преку контролите за
инфозабава.
Проверете кај производителот на
уредот дали оваа функција е
компатибилна со вашиот паметен
телефон и дали оваа апликација е
достапна во земјата во која се
наоѓате.Подготвување на паметниот
телефон
Телефон со Android: Преземете ја
апликацијата Android Auto на
вашиот паметен телефон од
Google Play™ Store.
iPhone: Уверете се дека Siri ®
е
активирано на паметниот телефон.
Активирање на проекцијата на
телефонот во изборникот за
поставки
Притиснете ; за да се прикаже
почетниот екран, па изберете
Settings (Поставки) .
Листајте низ листата до
Apple CarPlay или Android Auto .
Проверете дали е активирана
соодветната апликација.
Поврзување на мобилниот
телефон
Поврзете го паметниот телефон со приклучокот USB 3 84.

Page:   < prev 1-10 ... 41-50 51-60 61-70 71-80 81-90 91-100 101-110 111-120 121-130 ... 150 next >