battery OPEL CROSSLAND X 2018.5 Сопственички прирачник
Page 147 of 291
Возење и ракување145Контролните сијалички светат и
може да се ракува со повеќето електрични функции.Гасење на моторот и палењето
Притиснете го Start/Stop кратко во
секој режим или кога работи
моторот и возилото е во мирување.
Некои функции остануваат активни
додека не се отвори возачката
врата, под услов палењето да било
вклучено претходно.Итно исклучување при возење
Притиснете Start/Stop пет секунди
3 146. Воланот се заклучува штом
возилото ќе застане.
Заклучување на воланот
Заклучувањето на воланот се
активира автоматски кога:
● Возилото е во мирување.
● Палењето е исклучено.
За да се отклучи воланот, отворете ја и затворете ја возачката врата и
вклучете го палењето во режим на
напојување или директно
стартувајте го моторот.
9 Предупредување
Ако акумулаторот е испразнет,
возилото не смее да се влече,
да се пали со влечење
однапред или со туркање
одзади бидејќи бравата на
воланот не може да се
ослободи.
Ракување кај возилата со
систем на електронски клуч во
случај на дефект
Ако некој од електронските клучеви потфрли или батеријата на
електронскиот клуч е слаба,
Информативниот центар за
возачот може да прикаже No
Remote Detected (Не е откриен
далечински управувач) или
Replace Battery in Remote Key
(Заменете ја батеријата во клучот
со далечинско) кога сакате да го
стартувате возилото.
Држете го електронскиот клуч со
копчиња надвор на ознаката на столбот од воланот како што е
покажано на сликата.
Притиснете ја педалата за
куплунгот (рачен менувач),
педалата за сопирачките и
притиснете Start/Stop. Кога ќе
почне постапката за стартување, отпуштете го копчето.
Оваа опција е наменета само за
хаварии. Заменете ја батеријата на
електронскиот клуч што е можно
поскоро 3 22.