OPEL CROSSLAND X 2018 Сопственички прирачник

Page 241 of 289

Нега на возилото23911. Мерачот за притисок накомпресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надувува.
13. Пропишаниот притисок за гумите би требало да се
достигне во рок од десет
минути.
Притисок во гумите 3 268.
Кога ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од десет минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
десет минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не едостигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Испуштете го вишокот притисок со копчето на цревото за
воздух.
Не работете со компресорот
подолго од десет минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Отстранете гошишето со заптивната смеса од држачот. Зашрафете го
цревото за полнење врз
слободниот приклучок од
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите
во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 5 км
(но не повеќе од десет минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумите. Навртете го цревото за воздух директно
врз вентилот на гумата кога го
правите тоа. Наполнете ја
гумата како што е опишано

Page 242 of 289

240Нега на возилотопогоре. Испуштете го вишокот
притисок со копчето на цревото за воздух.
Ако притисокот во гумата не се
намалил под 1,5 бар, поставете
го на правилната вредност. Во
спротивно, возилото не смее да се користи. Побарајте помош од
автомеханичар. 3 268
Повторете ја постапката за
проверка уште еднаш откако ќе
возите уште дополнителни
10 км (но не повеќе од десет
минути) за да проверите дека
повеќе нема губење на
притисок
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,5 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
17. Чувајте го приборот за поправка на гумите вобагажниот простор.Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот безбедносен вентил се отвора при притисок од седум
бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 237.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Извадете го резервното тркало
3 243.
● Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.

Page 243 of 289

Нега на возилото241● Ако тлото на коешто стоивозилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги завртките пред да
ги затегнете.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртките
за тркалата.
9 Предупредување
Ако ги заменувате тркалата,
секогаш проверувајте дали ги
користите правилните навртки
за тркалата. Кога монтирате
резервно тркало, можат да се
користат и навртките за
алуминиумски тркала.
● Имајте предвид дека резервното тркало е
прицврстено со конусен
контакт на секоја навртка ако
се користат навртки за
алуминиумски тркала. Во овој
случај, прскалките не доаѓаат
во контакт со резервното
тркало.
1. Откачете ги капачињата на завртките за тркало со
шрафцигер и извадете ги.
Челични тркала со раткапна:
Извлечете ја раткапната.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на завртките за
тркало со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.
2. Одвиткајте го клучот за тркалата и ставете го
внимавајќи да е безбедно
наместен и разлабавете ја
секоја завртка на тркалото
половина круг.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на

Page 244 of 289

242Нега на возилототркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки, прво
ставете го адаптерот за
заклучување на завртките од
тркалото на главата на
завртката пред да го наместите
клучот за тркалата. Адаптерот
се наоѓа во товарниот простор
под задниот капак на подот.
3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
4. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин
што ќе се спречува лизгањето.
Проверете дали работ на
телото се вклопува во жлебот
на дигалката.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата.
5. Отшрафете ги завртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 243.
7. Зашрафете ги завртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото.

Page 245 of 289

Нега на возилото2439. Ставете го клучот за тркалата,уверете се дека е наместен
безбедно, па стегнете ја секоја
завртка по наизменичен
(вкрстен) редослед. Затезниот
момент е 100 Nm за сите
тркала.
Ако возилото е опремено со
алуминиумски тркала, имајте
предвид дека навртките за
тркалата може да се користат и за челичното резервно тркало.
Во овој случај, резервното
тркало е прицврстено со
конусен контакт на секоја
навртка.
10. Порамнете го отворот за вентилот во раткапната со
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на завртките на тркалото.11. Складирајте ги и прицврстете ги
заменетото тркало 3 243,
прирачниот алат 3 231 и
адаптерот за заклучување на
завртките на тркалото 3 70.
12. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно поскоро.
Положба за кревање за
платформаПоложба за задниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Положба за предниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Резервно тркало
Монтирање привремено
резервно тркало
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.

Page 246 of 289

244Нега на возилотоВнимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Привременото резервно тркало
има челична рамка.
Привременото резервно тркало е
сместено во товарниот простор
под капакот на подот.
За да го извадите:
1. Отворете го капакот на подот.
2. Привременото резервно тркало
е прицврстено со пеперужна
навртка. Свртете ја
пеперужната навртка налево и
извадете го тркалото.
Има кутија со алати во десниот ѕид од товарниот простор.
Прирачен алат 3 231
3. Кога, по замена на тркалото, нема да се стави тркало во
вдлабнатината за резервното
тркало, прицврстете ја кутијата
со алатот со завртување на
пеперужната навртка и
затворете го капакот на подот.
4. По монтирањето на целосно тркало, ставете го резервното
тркало надвор во просторот за
резервното тркало и
прицврстете го со пеперужната
навртка.
Ако на вашето возило му се издише
гума одзади додека влече друго
возило, ставете го привременото
резервно тркало напред, а
предното исправно тркало назад.Синџири за гуми 3 236.
Складирање на оштетено
тркало со целосна големина во
товарниот простор
Дупката на резервното тркало не е
направена за други големини на
гуми освен за привременото
резервно тркало. Оштетеното
тркало со целосна големина треба
да се складира во товарниот
простор и да се прицврсти со каиш.
Прирачен алат 3 231. За да го
прицврстите тркалото:
1. Наместете го тркалото со надворешната страна нагоре
близу до едниот страничен ѕид
на товарниот простор.

Page 247 of 289

Нега на возилото245
2. Протнете го крајот со јамка одременот низ предната алка за
врзување на соодветната
страна.
3. Протнете го крајот на каишот со
куката преку јамката и
повлекувајте го додека каишот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.4. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
5. Монтирајте ја куката на задната
алка за врзување.
6. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.
9 Опасност
Секогаш возете со исправени и
заглавени потпирачи на задните
седишта кога складирате
оштетено тркало со целосна
големина во товарниот простор.
Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулатор од друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да

Page 248 of 289

246Нега на возилотопредизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
● Не изложувајте го акумулаторот на возилото на
отворен пламен или на искри.
● Испразнет акумулатор може да
замрзне при температура од
0 °C . Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да
поврзувате кабли за палење.
● Носете заштитни очила и заштитна облека кога работите
со акумулатор.
● Користете помошен акумулатор со ист напон
( 12 волти). Неговиот капацитет
(Ач) не смее да биде
значително помал од оној на
испразнетиот акумулатор.
● Употребувајте кабли за палење со изолирани клеми и
пресек од најмалку 16 мм 2
(25
мм 2
за мотори на дизел).
● Не откачувајте го испразнетиот
акумулатор од возилото.
● Исклучете ги сите непотребни електрични потрошувачи.
● Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
● Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
● Возилата не смеат да дојдат во
контакт еден со друг за време
на процесот на палењето со кабли.
● Затегнете ја рачната сопирачка, ставете го
менувачот во лер,
автоматскиот менувач во P.Отворете ги заштитните капаци на
позитивната клема на двата
акумулатори.
Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот црвен кабел со позитивната клема на
испразнетиот акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Поврзете го другиот крај на црниот кабел во точка на
вземјување на возилото во
моторниот простор.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот простор.
Палење на моторот: 1. Запалете го моторот на возилото што дава струја.

Page 249 of 289

Нега на возилото2472. По пет минути, запалете годругиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од една минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу три
минути со поврзани кабли.
4. Вклучете електрични потрошувачи (на пр. светла,
греење на задното стакло) на
возилото на коешто му се
помага при палењето.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.Влечење
Влечење на возилото
Ставете шрафцигер во процепот
на дното од капачето. Ослободете
го капачето со внимателно
движење на шрафцигерот удолу.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 231.
Зашрафете ја алката за влечење
колку што може додека не застане
во хоризонтална положба.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.

Page 250 of 289

248Нега на возилотоСтавете ја рачката на менувачот волер.
Отпуштете ја сопирачката за
паркирање.Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
кружењето на воздухот и затворете
ги прозорците.
Возила со автоматски менувач: Возилото треба да се влече
свртено нанапред, не побрзо од
80 км/ч, ниту подалеку од 100 км.
Во сите други случаи и кога
менувачот е дефектен, предната оска треба да се крене од земјата.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Ставете го капачето со
надворешната фланша во
процепот и прицврстете го со
туркање.
Влечење друго возило
Ставете шрафцигер во процепот
на дното од капачето. Ослободете
го капачето со внимателно
движење на шрафцигерот удолу.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 231.
Зашрафете ја алката за влечење
колку што може додека не застане
во хоризонтална положба.
Алката за врзување во задниот дел под возилото никогаш не смее да
се употребува као алка за
влечење.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.

Page:   < prev 1-10 ... 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 271-280 281-290 ... 290 next >