OPEL CROSSLAND X 2019.75 Сопственички прирачник
Page 151 of 277
Возење и ракување149Прекин на напојувањетоВо случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 228.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на менувачот.
1. Активирајте ја сопирачката за паркирање.
2. Отпуштете го тапацирот на рачката на менувачот од
средишната конзола.
Притиснете со прстот во
кожното лежиште под рачката
на менувачот и повлечете го
тапацирот нагоре.
3. Притиснете го копчето и извадете ја рачката на
менувачот од P. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.
Рачен менувач
За да ставите во рикверц на 5-
степен менувач, притиснете ја
педалата за куплунгот, па
поместете ја рачката на менувачот
надесно и назад.
Page 152 of 277
150Возење и ракување
За да ставите во рикверц на 6-
степен менувач, притиснете ја
педалата за куплунгот, подигнете
го прстенот под рачката на
менувачот, па поместете ја рачката на менувачот целосно налево и
напред.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер,
отпуштете го куплунгот и повторно притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.
Кога ќе се открие лизнување на
куплунгот за одредено време,
моќноста на моторот ќе се намали. Во Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредување. Отпуштете го
куплунгот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката на
менувачот.
Менување брзини 3 92.
Систем за сопирање-поаѓање
3 138.
Сопирачки
Системот на сопирачки се состои од две посебни кола за сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалот на сопирачкте е
притиснат цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува откако
педалот ќе се притисне еднаш или
двапати. Дејството на сопирањето
не е намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила. Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 91.
Page 153 of 277
Возење и ракување151Систем за деблокирањена сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото осанува управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
Кога сопирате во итен случај,
предупредувачките трепкачи се
вклучуваат автоматски во
зависност од силата назабавувањето. Тие се исклучуваат
автоматски првиот пат кога ќе
забрзате.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 91.
Дефект
9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање9 Предупредување
Пред да го напуштите возилото,
проверете го статусот на
рачната сопирачка.
Контролната сијаличка R мора
да свети постојано.
Page 154 of 277
152Возење и ракување9Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 91.
Серво кочење
Ако педалата на сопирачките се
нагазне брзо и силно, автоматски
се применува максимална сила на сопирање.
Работењето на помошта на
сопирањето може да се забележи
по пулсирање во педалата за
сопирачките и поголем отпор кога
се нагазнува педалата.
Одржувајте постојан притисок врз
педалата на сопирачката додека е
потребно целосно сопирање.
Максималната сила на сопирањето автоматски се намалува кога ќе се
отпушти педалата на сопирачките.
Помош при поаѓање на угорници
Системот помага да се спречи
несакано движење кога се вози по
косини.
При отпуштање на педалата за
сопирање по застанување на
стрмнина, сопирачките остануваат
активни уште 2 секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.Системи за контрола
на возењето
Електронска контрола на стабилноста и Систем за контрола напролизгувањето
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење / нагло
свртување), излезната сила на моторот се намалува и тркалата се
закочуваат посебно.
ESC работи во комбинација со
систем за контрола на
пролизгувањето. Го спречува
шлајфувањето на погонските
тркала.
Системот за контрола на
пролизгувањето е дел од ESC и
спречува пролизгување на
погонските тркала. Штом
Page 155 of 277
Возење и ракување153погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
ESC и системот за контрола на
пролизгувањето функционираат по секое стартување на моторот штомќе се изгасне контролната
сијаличка b.
Кога ESC и системот за контрола
на пролизгувањето работат, b
трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 92.
Деактивирање
ESC и системот за контрола на
пролизгувањето може да се
деактивира секогаш кога е
потребно: притиснете a.
Контролна сијаличка a се вклучува
3 92.
Во Информативниот центар за
возачот се појавува порака за
статус.
ESC и системот за контрола на
пролизгувањето повторно се
активираат со повторно
притискање на копчето a, со
притискање на сопирачката или
ако возилото се вози побрзо од 50 км/ч.
a се исклучува кога ESC и системот
за контрола на пролизгувањето ќе
се активираат повторно.
ESC и системот за контрола на
пролизгувањето исто така се
активираат повторно следниот пат кога ќе се вклучи палењето.
Дефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Page 156 of 277
154Возење и ракувањеСистеми за помош навозачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот целосно ја задржува
контролата над возилото и ја
презема целосната одговорност кога го вози возилото.
Кога ги користите системите за
помош на возачот, секогаш
внимавајте на тековната
ситуација во сообраќајот и
почитувајте ги важечките
сообраќајни правила.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да зачува и да одржува брзини над
40 км/ч.
Дополнително, мора да биде
избрана најмалку трета брзина кај рачен менувач.
Покрај тоа, мора да биде избрана
положбата D или втора или
повисока брзина во положба M кај
автоматски менувач.
Може да дојде до отстапувања од
снимените брзини кога се вози по
угорници или удолнини.
Системот ја одржува брзината на
возилото на брзината определена
од возачот без притискање на
педалата за гас.
Претходно поставената брзина може да се надмине привремено со
силно притискање на педалата за
гас.
Статусот и претходно поставената
брзина се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот.
Не користите ја контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржува постојана брзина.
Контролна сијаличка m 3 95.Вклучување на системот
Притиснете m на воланот:
симболот m и порака се
прикажуваат во Информативниот центар за возачот. Системот сè
уште не е активен.
Page 157 of 277
Возење и ракување155
Активирање на
функционалноста
Поставување на брзината од
возачот
Забрзајте до саканата брзина и
кратко поместете го вртливото
копче до SET/-. Моменталната
брзина се снима и одржува.
Педалот за гас може да се отпушти.
Претходно поставената брзина
може да се промени со
поместување на вртливото копче
на RES/+ за зголемување или на
SET/- за намалување на брзината.
Поместете го вртливото копче
неколку пати за да ја променувате
брзината во мали чекори.
Поместете го и задржете го за да ја
променувате брзината во големи
чекори.
Вредноста на брзината е наведена
во Информативниот центар за
возачот.
Преземање брзина од
препознавањето ограничување на
брзина
Интелигентното приспособување
на брзината го информира возачот
кога препознавањето
ограничување на брзина ќе открие
ограничување на брзината.
Откриеното ограничување на
брзината може да се користи како
нова вредност за контролата на
патувањето.
Page 158 of 277
156Возење и ракувањеСо користење на камерата во
горниот дел од шофершајбната, овој систем го открива и го читаограничувањето на брзината и
завршувањето на ограничувањето
на брзината.
Ако контролата на патувањето е
активна, препознатото
ограничување на брзината ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот и ќе светне
„MEM“.
Притиснете MEM на воланот за да
побарате зачувување на
предложената брзина.
Притиснете MEM на воланот уште
еднаш за да ја потврдите и
зачувате новата поставка за
брзината.
Оваа брзина е новата вредност за
контролата на патувањето.
Оваа функција може да се
деактивира или активира во
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби 3 105.Надминување на поставената
брзина
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете Ñ: контролата на
патувањето е во режим на пауза и се прикажува порака. Возилото се
вози без контрола на патувањето.
Контролата на патувањето е
деактивирана, но не е исклучена.
Последната зачувана брзина
останува во меморијата за да може
повторно да се активира подоцна.
Контролата на патувањето се
деактивира автоматски во
следниве случаи:
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Брзината на возилото е под 40 км/ч.● Работи системот за контрола на пролизгувањето или
електронската контрола за стабилност.
● Рачниот менувач е во N, прва
или втора брзина.
● Автоматскиот менувач е во положба M и прва брзина.
Продолжување со снимената брзина
Поместете го вртливото копче на RES/+ при брзина над 40 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.
Исклучување на системот Притиснете m и режимот за
контрола на патувањето ќе се
исклучи, а во Информативниот
центар за возачот ќе се исклучи и
показателот за контролата на
патувањето.
Со притискање на ß за
активирање на ограничувачот на
брзината се деактивира
контролата на патувањето.
Page 159 of 277
Возење и ракување157Исклучувањето на палењето ги
откажува сите програмирани
вредности за брзина.
Дефект
Во случај на дефект на контролата на патувањето, брзината се брише
и цртичките почнуваат да трепкаат.
Препознавањето на ограничување
на брзина може да не работи
правилно ако сообраќајните знаци
не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци и
сигнали.
Ограничувач на брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 30 км/ч.
Возачот може да го забрза
возилото до претходно
поставената брзина. Може да дојде до отстапувања од ограничената
брзина само при возење надолу.Претходно поставената брзина
може да се надмине привремено со
силно притискање на педалата за
гас.
Статусот и претходно поставеното ограничување на брзината се
прикажуваат во Информативниот
центар за возачот.
Вклучување на системот
Притиснете ß, симболот ß заедно
со порака се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот. Системот сè уште не е
активен.
Активирање на
функционалноста
Поставување на брзината од
возачот
Page 160 of 277
158Возење и ракувањеЗабрзајте до саканата брзина и
кратко поместете го вртливото
копче до SET/-. Моменталната
брзина се зачувува како
максимална брзина.
Претходно поставената
максимална брзина може да се
промени со поместување на
вртливото копче на RES/+ за
зголемување или на SET/- за
намалување на саканата
максимална брзина. Поместете го
вртливото копче неколку пати за да
ја променувате брзината во мали
чекори. Поместете го и задржете го
за да ја променувате брзината во
големи чекори.
Вредноста на брзината е наведена
во Информативниот центар за
возачот.
Притиснете Ñ за да го активирате
ограничувачот на брзината.
Преземање брзина од
препознавањето ограничување на брзина
Интелигентното приспособување на брзината го информира возачот
кога препознавањето
ограничување на брзина ќе открие
ограничување на брзината.
Откриеното ограничување на
брзината може да се користи како
нова вредност за ограничувачот на брзината.
Со користење на камерата во
горниот дел од шофершајбната,
овој систем го открива и го чита
ограничувањето на брзината и
завршувањето на ограничувањето
на брзината.
Ако ограничувачот на брзината е
активен, препознатото
ограничување на брзината ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот и ќе светне
MEM .
Притиснете MEM на воланот за да
побарате зачувување на
предложеното ограничување на брзина.
Притиснете MEM на воланот уште
еднаш за да ја потврдите и
зачувате новата поставка за
брзината.
Оваа брзина е новата вредност за
ограничувачот на брзината.
Оваа функција може да се
деактивира или активира во
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби 3 105.