OPEL CROSSLAND X 2019.75 Сопственички прирачник
Page 191 of 277
Возење и ракување189
● Извлечете го вртливото копчеи свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата c.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Page 192 of 277
190Возење и ракувањеПроверка дали влечната кука е
монтирана правилно
● Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот.
Свртете го приклучокот за
поврзување нагоре.
Ставете ја влечната кука во
торбата и заклучете ја со
прицврстување на ременот низ
задната десна алка за врзување.
Завиткајте ја околу неа двапати и
затегнете го ременот за да се
прицврсти торбата.
Page 193 of 277
Нега на возилото191Нега на возилотоОпшти информации.................192
Додатоци и модификации на возилото ................................ 192
Чување на возилото ..............192
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......193
Прверки на возилото ...............193
Вршење работа ...................... 193
Хауба ...................................... 194
Моторно масло ......................194
Ладилник ................................ 195
Течност за миење ..................196
Сопирачки .............................. 197
Течност за сопирачките ........197
Акумулатор ............................. 197
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 199
Замена на четкичките на бришачите ............................. 200
Замена на сијалиците ..............201
Халогенски предни фарови ..201
LED предни фарови ..............203
Предни фарови за магла ......203
Задни светла .......................... 204
Странични трепкачи ..............208Светло за регистарската
табличка ................................ 209
Внатрешни светла .................209
Електричен систем ..................209
Осигурувачи ........................... 209
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............210
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......211
Прирачен алат ......................... 214
Алати ...................................... 214
Тркала и гуми ........................... 214
Зимски гуми ............................ 214
Ознаки на гумите ...................215
Притисок на гумите ................ 215
Систем за откривање на издишаноста на гумите ........216
Длабочина на шарата ...........218
Менување на големината на гумите и тркалата .................218
Раткапни ................................. 219
Синџири за гуми ..................... 219
Комплет за поправање гуми . 219
Менување тркала ................... 223
Резервно тркало ....................224
Палење со кабли ......................228
Влечење ................................... 230
Влечење на возилото ............230
Влечење друго возило ..........231Нега за изгледот ......................232
Нега на надворешноста ........232
Нега на внатрешноста ........... 235
Патосници .............................. 235
Page 194 of 277
192Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, како и делови одобрени од фабриката
за овој конкретен тип возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено одобрение.
Каква било измена, преиначување
или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди)
може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel.
Дополнително, таквите промени
може да влијаат врз системите за
помош на возачот, врз
потрошувачката на гориво,
испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови одвозилото и да предизвикаат
возилото повеќе да не ја почитува
дозволата за работа што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Спречете го возилото од
тркалање.
● Ставете во прва брзина или рикверц или ставете ја рачкатана менувачот во P.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пример, системот на централната
брава.
Page 195 of 277
Нега на возилото193Систем за тревожење при кражба
3 32.
Враќање во работна состојба Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ги електричните
прозорци 3 38.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го нивото на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја работава само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 196 of 277
194Нега на возилото9Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање Отворете ја возачката врата.
Повлечете ја рачката и вратете ја
во оригиналната положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Хаубата автоматтски се држи
отворена.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете да падне на резето од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.
Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се спречи оштетување на моторот.
Проверете дали се користи
моторно масло со правилната
спецификација.
Препорачани течности и средства
за подмачкување 3 242.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен најмалку 5 минути.
Page 197 of 277
Нега на возилото195
Извлечете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитате го нивото на моторното масло.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло. Препорачуваме
употреба на моторно масло од иста
класа со употребеното при
последното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани. Ако маслото е над
максималното ниво, не
стартувајте го возилото и
контактирајте со
автомеханичар.
Зафатнини 3 251.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник Фабрички наполнетата течност за
ладење обезбедува заштита од
замрзнување до околу -37 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 242.
Page 198 of 277
196Нега на возилотоНиво на течноста за ладењеВнимание
Прениското ниво на течноста заладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над ознаката MIN. Дотурете ако
нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена течност за миење на
шофершајбната што содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Течност за миење 3 242.
Page 199 of 277
Нега на возилото197СопирачкиВо случај на минимална дебелина
на облогата на сопирачката, се
слуша чкрипење при сопирањето.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени новите пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките 3 242.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 119.
Систем за тревожење при кражба
3 32.
Page 200 of 277
198Нега на возилотоЗамена на акумулаторотЗабелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој дел може да
доведе до привремено
деактивирање или попречување
на системот за сопирање-
поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Акумулаторот на возилото секогаш
треба да се заменува со
акумулатор од ист тип.
Акумулаторот треба да го замени
автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 138.Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возила со систем за
сопирање-поаѓање, уверете се
дека потенцијалот на
полнењето не надминува
14,6 V кога се користи полнач за батерија. Во спротивно, може да
се оштети батеријата на
возилото.
Палење со кабли 3 228.
Заштита од празнење Напон во батериите
Кога напонот на акумулаторот е
низок, на Информативниот центар
за возачот ќе се прикаже
предупредувачка порака.
Кога возилото вози, функцијата за
намалување на оптоварувањето
привремено деактивира одредени
функции, на пример, греење на
задното стакло.
Деактивираните функции повторно
се активираат автоматски штом
тоа го дозволуваат условите.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се
полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова се
постигнува со засилување на
работата во празен од што може да биде чујно.
Во Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Штекер за струја
Приклучоците за струја се
деактивираат во случај на низок
напон во акумулаторот.