OPEL CROSSLAND X 2019 Сопственички прирачник

Page 111 of 297

Инструменти и контроли109
Приспособете ја положбата на
сликата на горниот екран
1. Приспособете го возачкото седиште.
2. Запалете го моторот.
3. Притиснете ä или å за да ја
центрирате сликата. Може да
се приспособува само нагоре и
надолу, но не и странично.
9 Предупредување
Ако сликата на горниот екран е
премногу светла или премногу
високо во вашето видно поле,
може да пречи на вашиот
поглед кога е темно надвор.
Сликата на горниот екран
секогаш нека биде затемнета и
поставена ниско во вашето
видно поле.
Приспособување на
осветленоста
Сликата на горниот екран
автоматски ќе се затемни и
осветли за да го надомести
надворешното осветлување.
Осветлувањето може да се
приспособи и рачно според
потребите:
Притиснете e за да го осветлите
екранот. Притиснете æ за да го
затемните екранот.
Сликата може да се осветли
привремено во зависност од аголот и позицијата на сончевата
светлина.
Исклучување
Притиснете æ и задржете го за да
го исклучите горниот екран.
Јазик
Претпочитаниот јазик може да се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 111.
Мерни единици Мерните единици може да се
променат во изборникот за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 111.
Грижа за горниот екран
Чистете го екранот на горниот
екран со мека крпа на која ќе
прснете средство за чистење
прозорци. Нежно исчистете го
објективот, а потоа исушете го.
Ограничувања на системот
Горниот екран може да не работи правилно кога:
● Објективот во таблата со инструменти е покриен со
предмети или не е чист.
● Осветленоста на екранот е премногу темна или премногу
светла.

Page 112 of 297

110Инструменти и контроли● Сликата не е приспособена направилната висина.
● Возачот носи поларизирани очила за сонце.
Ако сликата на горниот екран не е
правилна од други причини,
посетете автомеханичар.Пораки за возилото
Пораките се означуваат во
Информативниот центар за
возачот, во некои случаи заедно со
предупредувачка мелодија.
Притиснете го SET/CLR за да
потврдите порака.
Пораки за возилото и за
сервисирање
Пораките за возилото се
прикажуваат како текст.
Проследете ги упатствата дадени
во пораките.
Пораки на Информативниот
екран во боја
Некои важни пораки може
дополнително да се појават на
Инфо-екранот. Некои пораки се
појавуваат само за неколку
секунди.
Предупредувачки мелодии
Ако се појават неколку
предупредувања истовремено, ќе
се слушне само една
предупредувачка мелодија.
Кога се пали моторот или
додека се вози
Предупредувачкото ѕвоно што се
огласува кога не се врзани
сигурносните појаси има приоритет
во однос на било кое друго
предупредувачко ѕвоно.
● Ако некој безбедносен ремен не е врзан.
● Ако некоја врата или задната врата не е целосно затворена
кога се поаѓа.

Page 113 of 297

Инструменти и контроли111● Ако извесна брзина енадмината при активирана
рачна сопирачка.
● Ако контролата на патувањето се исклучи автоматски.
● Ако се надмине програмираната брзина или
ограничувањето на брзината.
● Ако во Информативниот центар за возачот се појави
предупредувачка порака.
● Ако електронскиот клуч не е во
патничкиот простор.
● Ако помошта при паркирање примети пречка.
● Ако дојде до ненамерно менување на лентата.
● Ако филтерот за издувни гасови го достигнал
максималното ниво за
полнење.
Кога возилото е паркирано и / или возачката врата е отворена
● Кога надворешните светла се запалени.Во тек на Autostop
● Ако е отворена возачката врата.
● Ако кој било услов за автоматско стартување не е
исполнет.
Напон во батериите
Кога напонот на акумулаторот е
низок, на Информативниот центар
за возачот ќе се прикаже
предупредувачка порака.
Кога возилото се вози, функцијата
за намалување на оптоварувањето
привремено деактивира одредени
функции, како што се
климатизацијата, греењето на
задното стакло, воланот со греење
и др.
Деактивираните функции повторно
се активираат автоматски штом
тоа го дозволуваат условите.Приспособување на
возилото кон
индивидуалните
потреби
Однесувањето на возилото можеда се приспособи кон
индивидуалните потреби со
менување на поставките на Инфо-
екранот.
Зависно од опременоста на
возилото и од прописите во земјата некои од функциите опишани
подолу може да не се достапни.
Некои функции се прикажани или
активни само кога работи моторот.

Page 114 of 297

112Инструменти и контролиСликовен инфо-екран
Притиснете MENU за да ја
отворите страницата на
изборникот.
Користете го четиринасочното
копче за да управувате со екранот:
Изберете ˆ Приспособување кон
индивидуалните потреби-
конфигурирање I OK .
Поставки за мерни единици
Изберете Конфигурирање на
екранот I OK .
Изберете Избор на мерни единици
I OK .
Изберете ги саканите поставки
I OK .
Поставки за јазикот
Изберете Конфигурирање на
екранот I OK .
Изберете Избор на јазик I OK .
Изберете го саканиот јазик I OK .
Поставки на возилото
Изберете Дефинирај ги
параметрите на возилото I OK .
Во соодветните подизборници
следните поставки може да се
сменат:
● Светла .
Фарови „Осветли ми го патот
до дома“ : Активирање и
поставување на времето на
траење.
Осветлување при влегување :
Активирање и поставување на
времето на траење.
● Удобно
Амбиентално осветлување :
Активирање/деактивирање.
Заден бришач во рикверц :
Активирање/деактивирање.● Возило
Отклучување само на
багажникот : Активирање/
деактивирање.
Отклучување : Возачка / сите
врати.
● Помош при возење
Систем за откривање замор :
Активирање/деактивирање.
Препорака за брзина :
Активирање/деактивирање.
Информативен екран во боја од
7 инчи
Притиснете ; за да ја отворите
почетната страница.

Page 115 of 297

Инструменти и контроли113Користете ги копчињата за допир
за да управувате со екранот:
Одбирање Settings (Поставки) .
Поставки за мерни единици
Одберете го Units (Единици)
Променете ги мерните единици за
Consumption and Distance
(Потрошувачка и растојание) и
Temperature (Температура) .
Допрете 9 неколку пати за да се
вратите на почетната страница.
Поставки за јазикот
Одбирање Language (Јазик) .
Променете го јазикот со допирање на соодветната ставка.
Допрете 9 неколку пати за да се
вратите на почетната страница.
Поставки на возилото
Одбирање Vehicle (Возило) .
Во соодветните подизборници
следните поставки може да се
сменат:
● Collision / Detection Systems
(Системи за судирање /
откривање)Side Blind Spot Alert
(Предупредување за
страничен мртов агол) : Го
активира или деактивира
известувањето за странична слепа точка.
Drowsy Driver Alert
(Предупредување за поспан
возач) : Го активира или
деактивира системот за
поспаност на возачот.
Speed Limit Information
(Информации за
ограничување на брзината) : Ја
активира или деактивира
информацијата за
ограничување на брзината преку препознавање на
сообраќајните знаци.
Rear View Camera Guidelines
(Упатства за задна камера) : ги
активира или деактивира
насоките за ретровизорската
камера на Инфо-екранот.
● Comfort and Convenience
(Удобност и практичност)
Auto Wipe in Reverse Gear
(Автоматско бришење во
рикверц) : Активирање илидеактивирање на
автоматското вклучување на
бришачот на задното стакло
кога е ставено во рикверц.
● Lighting (Светло)
Ambient Lighting (Амбиентално
осветлување) : Го активира или
деактивира амбиенталното
осветлување и ја
приспособува неговата
осветленост.
Welcome Lighting (Светло за
добредојде) : Го активира или
деактивира и го променува
времетраењето на
осветлувањето при влегување.
Exit Lighting (Осветлување при
излегување) : Активирање или
деактивирање и менување на
времетраењето на
осветлувањето при
излегување.
● Remote Lock, Unlock, Start
(Далечинско заклучување,
отклучување, стартување)
Remote Door Unlock
(Далечинско отклучување на
вратите) : Ја променува

Page 116 of 297

114Инструменти и контроликонфигурацијата за
отклучување само на
возачката врата или на сите
врати кога ќе се притисне O на
далечинскиот управувач.
Unlock boot only (Отклучување
само на багажникот) : Го
активира или деактивира
отклучувањето само на
багажникот кога ќе се притисне
T на далечинскиот
управувач.
Допрете 9 неколку пати за да се
вратите на почетната страница.
Информативен екран во боја од
8 инчиПритиснете SET за да се отвори
изборникот за поставки.
Користете ги копчињата за допир за да управувате со екранот.
Поставки за мерни единици
Изберете Системски поставки .
Променете ги мерните единици за Потрошувачка и растојание и
Температура .
Потврдете со G.
Допрете r неколку пати за да
излезете од изборникот.
Поставки за јазикот
Изберете Јазици.
Променете го јазикот со допирање
на соодветната ставка.
Потврдете со G.
Допрете r неколку пати за да
излезете од изборникот.Поставки на возилото
Притиснете го Í.
Изберете Поставки на возилото .
Во соодветните подизборници
следните поставки може да се
сменат:
● Предни фарови
Осветлување при влегување :
Ја активира или деактивира
функцијата и го приспособува
траењето.
Осветлување „Насочи ме
дома“ : Ја активира или
деактивира функцијата и го
приспособува траењето.

Page 117 of 297

Инструменти и контроли115●Удобно
Осветлување според
расположение : Ја
приспособува осветленоста на амбиенталното осветлување.
Заден бришач во рикверц :
Активирање или деактивирање на
автоматското вклучување на
бришачот на задното стакло
кога е ставено во рикверц.
● Пристап во возилото
Отклучување на вратите: само
багажникот : Го активира или
деактивира отклучувањето
само на багажникот кога ќе се
притисне T на далечинскиот
управувач.
Отклучување на вратите: само
возачката врата : Ја променува
конфигурацијата за
отклучување само на
возачката врата и вратничката
на резервоарот за гориво или
на сите врати, товарниот
простор и вратничката на
резервоарот за гориво кога ќесе притисне O на далечинскиот
управувач.
● Безбедност
Предупредување за внимание
на возачот : го активира или
деактивира системот за
поспаност на возачот.
Функции за возење
Притиснете го Í.
Изберете Функции за возење .
Во соодветните подизборници
следните поставки може да се
сменат:
● Помош за паркирање : ја
активира напредната помош за
паркирање, може да се
изберете маневар за
паркирање.
● Сензори за слепа точка : го
активира или деактивира
известувањето за странична
слепа точка.
● Систем за панорамски поглед :
активирање / деактивирање на функцијата.

Page 118 of 297

116Инструменти и контролиУслуга за телематикаOnStar
OnStar е личен соработник за
поврзаност и услуги со
интегрирана точка за поврзување
со Wi-Fi. Услугата OnStar е
достапна 24 часа на ден, седум дена во неделата.
Забелешка
OnStar не е достапен за сите
пазари. За повеќе информации,
контактирајте со автомеханичар.
Забелешка
Со цел да биде достапен и
оперативен, OnStar има потреба
од валидна OnStar претплата,
функционирање на електриката
на возилото, вклучено палење,
мобилна услуга и GPS сателитска
врска.
Забелешка
При Autostop, OnStar
функционира со ограничена
функционалност.За да ги активирате услугите на
OnStar и да се постави сметка,
притиснете Z и зборувајте со
советник.
Во зависност од опременоста на
возилото, следните услуги се
достапни:
● Служби за итни случаи и поддршка во случај на дефект
на возилото
● Точка за поврзување со Wi-Fi
● Апликација за паметен телефон
● Далечинска контрола, на пример, локација на возилото,
активирање на сирената и
светла, контрола на систем на
централната брава
● Помош при кражба на возилото
● Дијагностика на возилото
Забелешка
Модулот OnStar на возилото се
деактивира по десет дена без циклус на палење. Функциите за
кои е потребно податочно
поврзување ќе бидат достапни
повторно по вклучување на
палењето.Копчиња на OnStar
Копче за приватност
Притиснете и држете j додека не
слушнете порака за активирање
или деактивирање на пренос на
локацијата на возилото.
Притиснете j за да одговорете на
повикот или да го завршите
повикот на советникот.
Притиснете j за да пристапите до
поставките на Wi-Fi.
Копче за сервис
Притиснете Z за да воспоставите
врска со советник.

Page 119 of 297

Инструменти и контроли117Копче за SOS
Притиснете [ за да воспоставите
приоритети на итни врски на
специјално трениран советник за итност.
Сијаличка за состојба
Зелена: Системот е подготвен со
активиран пренос на локацијата на
возилото.
Зелено трепкање: Системот е на
повик.
Црвена: Настана проблем.
Исклучено: Системот е подготвен
со деактивиран пренос на
локацијата на возилото или
системот е во режим на мирување.
Црвено / зелено трепкање за
краток временски период:
Преносот на локацијата на
возилото е деактивиран.
OnStar услуги
Општи услуги
Ако ви требаат информации, на
пример, за работно време, точки на
интерес и дестинации или ако ви е
потребна поддршка, на пример,при дефект на возилото, дупната
гума или празен резервоар,
притиснете Z за да воспоставите
поврзување со советник.
Служби за итни случаи
Во случај на итна ситуација,
притиснете [ и зборувајте со
советник. Советникот тогаш
контактира итна помош или
даватели на услуги и истите ги
насочува кон Вашето возило.
Во случај на несреќа со
активирање на воздушните
перничиња или затегнување на
ремени, автоматски се
воспоставува повик за итен случај.
Советникот е веднаш поврзан со
Вашето возило за да констатира
каква помош ви е потребна.
Забелешка
Можно е да не може да се
воспостави итен повик во области со недоволна мрежна достапност
или поради оштетување на
хардверот при судар.Точка за поврзување со Wi-Fi
Точка за поврзување со Wi-Fi во возилото обезбедува интернет-
поврзување со максимална брзина на 4G/LTE.
Забелешка
Функционалност на точката за
поврзување со Wi-Fi не е
достапна за сите пазари.
Забелешка
Некои мобилни уреди автоматски
се поврзуваат на пристапни точки
за поврзување со Wi-Fi и го
користат капацитетот на
мобилните податоци во заднина,
дури и ако не се користат. Тука
спаѓаат автоматски ажурирања,
преземања, како и сообраќај за
синхронизирање програми или
апликации. Количеството
податоци што е купено преку
OnStar може брзо да се потроши.
Исклучете го автоматското
синхронизирање во поставките за уредот.
Најмногу седум уреди може да
бидат поврзани.

Page 120 of 297

118Инструменти и контролиЗа поврзување на мобилни уреди
со точка за поврзување со Wi-Fi:
1. Притиснете j, па изберете
поставки за Wi-Fi на Инфо-
екранот. Прикажаните поставки ги вклучуваат името на точкатаза поврзување со Wi-Fi (SSID),
лозинката и типот поврзување.
2. Започнете ново пребарување на Wi-Fi мрежата на Вашиот
мобилен уред.
3. Изберете ја пристапната точка на Вашето возило (SSID) кога е
прикажана.
4. Кога ќе биде побарано, внесете
ја лозинката на Вашиот
мобилен уред.
Забелешка
За да го смените SSID или
лозинката, притиснете Z и
разговарајте со советник или
најавете се на Вашата сметка.
За да ја исклучите
функционалноста на точка за
поврзување со Wi-Fi, притиснете
Z за да се јавите на советник.Апликација за паметен телефон
Со апликацијата за паметен
телефон myOpel, со некои функции
на возилото може се управува
далечински.
Следните функции се достапни: ● Заклучете го или отклучете го возилото.
● Хонк сирена или флеш светла.
● Проверете го нивото на гориво.
● Лоцирајте го возилото на мапа.
● Управувајте со Wi-Fi поставките.
За да ги користите овие функции,
преземете ја апликацијата од
App Store ®
или Google Play ™ Store.
Далечински управувач
Ако сакате, можете да користите
кој било телефон за да се јавите на советник, кој далечински може да
управува со специфични функции
на возилото. Најдете го
соодветниот OnStar телефонски
број на нашата веб-страница
специфичена за земјата.Следните функции се достапни:
● Заклучете го или отклучете го возилото.
● Обезбедува информации за локација на возилото.
● Хонк сирена или флеш светла.
Помош при кражба на возилото
Ако возилото е украдено, пријавете
ја кражбата кај властите и
побарајте OnStar помош при
кражба на возилото. Користете
каков било телефон за да се јавите на советник. Најдете го
соодветниот OnStar телефонски
број на нашата веб-страница
специфичена за земјата.
OnStar може да обезбеди
поддршка за лоцирање и враќање
на возилото.Предупредување за кражба
Кога системот за тревожење при
кражба се активира, се испраќа
известување до OnStar. Вие тогаш
сте информирани за овој настан со
текстуална порака или електронска пошта.

Page:   < prev 1-10 ... 71-80 81-90 91-100 101-110 111-120 121-130 131-140 141-150 151-160 ... 300 next >