OPEL CROSSLAND X 2019 Сопственички прирачник

Page 241 of 297

Нега на возилото239
3. Извадете го кабелот заповрзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресоротмора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
10. Поставете го преклопникот на
компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.

Page 242 of 297

240Нега на возилото11. Мерачот за притисок накомпресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надувува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 272.
Кога ќе се постигне правилниот притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење во
времетраење од 10 минути. Ако пропишаниот притисок за
гумите се уште не е достигнат,гумата е премногу оштетена.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Испуштете го вишокот притисок со копчето на цревото за
воздух.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Отстранете гошишето со заптивната смеса од држачот. Зашрафете го
цревото за полнење врз
слободниот приклучок од
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите
во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 5 км
(но не повеќе од 10 мин.),
застанете и проверете го
притисокот во гумите. Навртете
го цревото за воздух директно
врз вентилот на гумата кога го
правите тоа. Наполнете ја
гумата како што е опишано

Page 243 of 297

Нега на возилото241погоре. Испуштете го вишокот
притисок со копчето на цревото за воздух.
Ако притисокот во гумата не се
намалил под 1,5 бар, поставете
го на правилната вредност. Во
спротивно, возилото не смее да се користи. Побарајте помош од
автомеханичар 3 272.
Повторете ја постапката за
проверка уште еднаш откако ќе
возите уште дополнителни
10 км (но не повеќе од
10 минути) за да проверите
дека повеќе нема губење на
притисок
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,5 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
17. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат
таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот безбедносен вентил се отвора при притисок од седум
бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.Менување тркала
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Ако е потребно, ставете блокатор под тркалото што е
дијагонално спротивно од
тркалото што се менува.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.

Page 244 of 297

242Нега на возилото● Не го палете возилото кога екренато со дигалката.
● Исчистете ги завртките пред да
ги затегнете.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртките
за тркалата.
Вртливи моменти на
затегнување
Внимание
Ако возилото е опремено со алуминиумски тркала, рачно
стегнете ги навртките за
тркалата најмалку пет
свртувања.
Постојат два различни типа тркала со две различни завртки и вртливи
моменти на затегнување.
Вртливиот момент на затегнување
за алуминиумски тркала е 100 Nm.
Вртливиот момент на затегнување
за челични тркала е 115 Nm.
Користете правилни завртки за
соодветните тркала.
Точки за подигнување Прикажаните точки за
подигнување се однесуваат на
употребата на држачи за
подигнување и помошни дигалки
кои се користат за замена на
зимски / летни гуми.
Задниот носач на платформата за
кревање треба да биде поставен
централно под соодветната точка
за кревање на возилото.

Page 245 of 297

Нега на возилото243Предниот носач на платформатаза кревање треба да биде поставен
централно под соодветната точка
за кревање на возилото.
Резервно тркало Резервното тркало може да се
класифицира како привремено
резервно тркало зависно од
големината, во споредба со
другите монтирани тркала и
правилата во државата. Во овој
случај, важи дозволената
максимална брзина иако на
резервното тркало нема етикета
што го покажува тоа.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.Внимание
Ако возите со привремено
резервно тркало, активното
итно сопирање треба да се
деактивира.
Привременото резервно тркало е
сместено во товарниот простор
под капакот на подот.
За да го извадите: 1. Отворете го капакот на подот.
2. Привременото резервно тркало
е прицврстено со пеперужна
навртка. Одвртете ја навртката
за да го извадите резервното
тркало.
Има кутија со алати во десниот
ѕид од товарниот простор.
Прирачен алат 3 232.
3. Кога, по замена на тркалото, нема да се стави тркало во
вдлабнатината за резервното
тркало, прицврстете навртката
со крилца и затворете го капакот на подот.
4. По монтирањето на целосно тркало, ставете го резервното
тркало надвор во просторот за
резервното тркало и
прицврстете го со пеперужната
навртка.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Дозволената
максимална брзина на етикетата
од привременото резервно тркало
важи само за фабрички
доставената големина на тркала.

Page 246 of 297

244Нега на возилотоМонтирање на резервното
тркало
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Ако е потребно, ставете блокатор под тркалото што е
дијагонално спротивно од
тркалото што се менува.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Извадете го резервното тркало.
● Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.● Ако тлото на коешто стои
возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги завртките пред да
ги затегнете.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртките
за тркалата.
9 Предупредување
Ако ги заменувате тркалата,
секогаш проверувајте дали ги
користите правилните навртки
за тркалата. Кога монтирате
резервно тркало, можат да се
користат и навртките за
алуминиумски тркала.
● Имајте предвид дека резервното тркало е
прицврстено со конусен
контакт на секоја навртка ако
се користат навртки за
алуминиумски тркала. Во овој
случај, прскалките не доаѓаат
во контакт со резервното
тркало.
1. Откачете ги капачињата на завртките за тркало со
шрафцигер и извадете ги.

Page 247 of 297

Нега на возилото245Челични тркала со раткапна:
Извлечете ја раткапната.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на завртките за
тркало со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.
2. Одвиткајте го клучот за тркалата и ставете го
внимавајќи да е безбедно
наместен и разлабавете ја
секоја завртка на тркалото
половина круг.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки, прво
ставете го адаптерот за
заклучување на завртките од
тркалото на главата на
завртката пред да го наместите
клучот за тркалата. Адаптерот
се наоѓа во товарниот простор
под задниот капак на подот.
3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
4. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин
што ќе се спречува лизгањето.

Page 248 of 297

246Нега на возилотоПроверете дали работ на
телото се вклопува во жлебот
на дигалката.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата.
5. Отшрафете ги навртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото.
7. Зашрафете ги навртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото и извадете ја дигалката.
9. Ставете го клучот за тркалата,уверете се дека е наместен
безбедно, па стегнете ја секоја
завртка по наизменичен
(вкрстен) редослед. Затезниот
момент е 100 Nm.
Ако возилото е опремено со
алуминиумски тркала, имајте
предвид дека навртките за
тркалата може да се користат и за челичното резервно тркало.
Во овој случај, резервното
тркало е прицврстено со
конусен контакт на секоја навртка.
10. Порамнете го отворот за вентилот во раткапната со
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.11. Одложете ги и прицврстете ги заменетото тркало, прирачниот
алат 3 232 и адаптерот за
заклучување на завртките.
12. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Складирање на оштетено
тркало со целосна големина во
товарниот простор
Дупката на резервното тркало не е
направена за други големини на
гуми освен за привременото
резервно тркало. Оштетеното
тркало со целосна големина треба
да се складира во товарниот
простор и да се прицврсти со каиш.
Прирачен алат 3 232.
За да го прицврстите тркалото: 1. Наместете го тркалото со надворешната страна нагоре
близу до едниот страничен ѕид
на товарниот простор.

Page 249 of 297

Нега на возилото247
2. Протнете го крајот со јамка одременот низ предната алка за
врзување на соодветната
страна.
3. Протнете го крајот на каишот со
куката преку јамката и
повлекувајте го додека каишот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.4. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
5. Монтирајте ја куката на задната
алка за врзување.
6. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.
9 Опасност
Секогаш возете со исправени и
заглавени потпирачи на задните
седишта кога складирате
оштетено тркало со целосна
големина во товарниот простор.
Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулатор од друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да

Page 250 of 297

248Нега на возилотопредизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
● Не изложувајте го акумулаторот на возилото на
отворен пламен или на искри.
● Испразнет акумулатор може да
замрзне при температура од
0 °C . Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да
поврзувате кабли за палење.
● Носете заштитни очила и заштитна облека кога работите
со акумулатор.
● Користете помошен акумулатор со ист напон (12 V ).
Неговиот капацитет (Ач) не
смее да биде значително
помал од оној на испразнетиот
акумулатор.
● Употребувајте кабли за палење со изолирани клеми и
пресек од најмалку 16 мм 2
(25
мм 2
за мотори на дизел).
● Не откачувајте го испразнетиот
акумулатор од возилото.
● Исклучете ги сите непотребни електрични потрошувачи.
● Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
● Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат ониена другиот кабел.
● Возилата не смеат да дојдат во
контакт еден со друг за време
на процесот на палењето со кабли.
● Затегнете ја рачната сопирачка, ставете го
менувачот во лер,
автоматскиот менувач во P.Отворете ги заштитните капаци на
позитивната клема на двата
акумулатори.
Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот црвен кабел со позитивната клема на
испразнетиот акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Поврзете го другиот крај на црниот кабел во точка на
вземјување на возилото во
моторниот простор.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот простор.

Page:   < prev 1-10 ... 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 271-280 281-290 ... 300 next >