OPEL GRANDLAND X 2018.75 Сопственички прирачник
Page 271 of 309
Нега на возилото269Прозорци и четкички на
бришачите
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Чистете ги четкичките на
бришачите што замачкуваат со
мека крпа и средство за чистење на прозорци.
Отстранете ги наслагите
нечистотија од замачкувачките
бришачи со мека крпа и средство за чистење прозорци. Внимавајте и
да отстраните остатоци од восок,
инсекти и слично од стаклото.Остатоци од мраз, загадување и
постојано бришење на суви стакла
ќе ги оштети, па и уништи
бришачите.
Стаклена плоча Никогаш не чистете со раствори
или нагризувачки средства, горива,
агресивни средства, на пример,
растворувачи на бои, раствори што содржат ацетон, киселини или
многу алкални средства или
абразивни сунѓери.
Тркала и гуми Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и шасијата.Оштетување на бојата
Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.
Подвозје
Некои предели на подвозјето на возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
восок ако е потребно.
Битуменски / гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Page 272 of 309
270Нега на возилотоСистем на течен гас9Опасност
Течниот гас е потежок од
воздухот и може да се собира во дупки.
Внимавајте кога работите на
подвозјето во канал.
За боење и кога се користи комора за сушење со температура над
60 °C, резервоарот за течен гас
мора да се извади.
Не вршете измени на системот за
течен гас.
Опрема за влечење Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Нега на внатрешноста Внатрешност и тапацир
Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
вода и мека крпа. Доколку е многу
извалкан, користете средство за
чистење кожа.
Таблата со инструменти и
екраните треба да се чистат само
со употреба на мека, влажна крпа.
Ако е потребно, користете слаб
раствор на сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Page 273 of 309
Сервисирање и одржување271Сервисирање и
одржувањеОпшти информации .................271
Сервисни информации ..........271
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 273
Препорачаните течности и средства за подмачкување ..273Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е
определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Тешки услови за работа постојат
ако често се случуваат една или
неколку од следниве околности:
Ладно стартување, тргнување и
застанување, на пример, за такси и
полициски возила, влечење
приколка, возење по планински
терен, возење на лоша или
песоклива подлога, зголемено
загадување на воздухот, присуство на песок и големо количество
прашина во воздухот, возење на
голема надморска висина и големи
промени на температурата.Во овие тешки услови за работа,
можеби ќе биде потребно
сервисирање на одредени делови
почесто од редовниот сервисен
период што се прикажува на
екранот за сервисирање.
Контактирајте со автомеханичар за
приспособени распореди на
сервисите.
Екран за сервисирање 3 100.
Сервисни периоди - држави од
група 1
Потребно е одржување на
возилото со дизел мотор на секои
30000 км или по една година, што и
да е прво, освен ако не е наведено поинаку на екранот за
сервисирање. Потребно е
одржување на возилото со мотор
DV6FC и на секој друг мотор на
секои 25000 км или по една година,
што и да е прво, освен ако не е
наведено поинаку на екранот за
сервисирање.
Овие сервисни периоди важат за
следниве земји:
Page 274 of 309
272Сервисирање и одржувањеАндора, Австрија, Белгија, Кипар,
Данска, Финска, Франција,
Германија, Грција, Исланд, Ирска,
Италија, Лихтенштајн, Луксембург,
Малта, Монако, Холандија,
Норвешка, Португалија, Сан
Марино, Шпанија, Шведска,
Швајцарија, Обединето Кралство.
Сервисни периоди - држави од
група 2
Потребно е одржување на
возилото со дизел мотор на секои
30000 км или по една година, што и да е прво, освен ако не е наведено
поинаку на екранот за
сервисирање. Потребно е
одржување на возилото со мотор
DV6FC на секои 25.000 км или по една година, што и да е прво, освен ако не е укажано поинаку на
екранот за сервисирање. Потребно е одржување на возилото со
мотор EP6FDTM на секои
20000 км или по една година, а со
кој било друг бензински мотор на
секои 15000 км или по една година,
што и да е прво, освен ако не е
наведено поинаку на екранот за
сервисирањеОвие сервисни периоди важат за
следниве земји:
Албанија, Естонија, Летонија,
Литванија, Македонија, Црна Гора,
Полска, Србија, Словенија.
Сервисни периоди - држави од
група 3
Потребно е одржување на
возилото со дизел мотор на секои
30000 км или по една година, што и да е прво, освен ако не е наведено
поинаку на екранот за
сервисирање. Потребно е
одржување на возилото со мотор
DV6FC на секои 25.000 км или по
една година, што и да е прво, освен ако не е укажано поинаку на
екранот за сервисирање. Потребно е одржување на возилото со
мотор EB2ADTS на секои
15000 км или по една година, што и
да е прво, освен ако не е укажано
поинаку на екранот за
сервисирање. Потребно е
одржување на возилото со мотор
EB2DTS на секои 10000 км или поедна година, освен ако не е
укажано поинаку на екранот за
сервисирање.
Овие сервисни периоди важат за
следниве земји:
Босна и Херцеговина, Бугарија,
Хрватска, Чешка Република,
Унгарија, Романија, Словачка.
Сервисни периоди - држави од
група 4
Потребно е одржување на
возилото со мотор DW10FC или
EP6FDTM на секои 20000 км или по
една година, а со кој било друг
мотор на секои 15000 км или по една година, што и да е прво, освен ако не е наведено поинаку на
екранот за сервисирање
Овие сервисни периоди важат за
следниве земји:
Израел, Јужна Африка, Турција.
Page 275 of 309
Сервисирање и одржување273Сервисни периоди - држави од
група 5
Потребно е одржување на
возилото на 10.000 км или по една
година, што и да е прво, освен ако
не е укажано поинаку на екранот за сервисирање.
Овој сервисен период важи за
земјите кои не се наведени во
земјите од групите 1, 2, 3, 4 или 5.
Потврдувања
Потврдата на сервисирањето се
евидентира во сервисна и гарантна книшка. Датумот и километражата
се дополнува со печат и подпис на
работилницата на сервисирањето.
Проверете дека сервисната и
гарантна книшка е пополнета
исправно бидејќи постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако треба да се исполни
каква било рекламација или
добронамерно барање, а корисно е и при продавањето на возилото.Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течности
и средства за
подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозност дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските
и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети. Препораките
за бензинските мотори важат и за
моторите што користат
компримиран природен гас (CNG),
течен нафтен гас (LPG) и етанол
(Е85).
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 278.
Page 276 of 309
274Сервисирање и одржувањеДотурање моторно маслоВнимание
Ако се истури масло, избришетего и фрлете го правилно.
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Забрането е користењето моторни
масла за сите бензински мотори
само со квалитет ACEA бидејќи тоа може да предизвика оштетување
на моторот во одредени услови на
работа.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 278.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.
Повеќекласното масло се означува
со две бројки, на пр., SAE 5W-30.
Првата бројка, по којашто следи W, ја означува вискозноста при ниски
температури, а втората бројка ја означува вискозноста при високи
температури.
Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 278.
Сите препорачани класи
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и антифриз
Користете го само органското
киселинско долготрајно средство
за ладење (LLC) (антифриз) одобрено за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење направено за
одлична заштита од корозија и од
смрзнување до околу -28 °C. Во
ладните региони со многу ниски
температури, фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува
во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои се предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија
или изолација против помали
протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Page 277 of 309
Сервисирање и одржување275Течност за миењеКористете само течност за миење
што е одобрена за возилото за да
спречите оштетување на
бришачите, бојата, пластичните и
гумените делови. Посоветувајте се
со автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
AdBlue Користете само AdBlue занамалување на азотните оксиди во издувните емисии 3 161.
Page 278 of 309
276Технички податоциТехнички податоциИдентификација на возилото..276
Идентификациски број на возилото ................................ 276
Идентификациска табличка ..276
Идентификација на моторот . 277
Податоци за возилото .............278
Препорачани течности и средства за подмачкување ..278
Податоци за моторот .............281
Перформанси ......................... 283
Тежина на возилото ............... 284
Димензии на возилото ........... 285
Зафатнини .............................. 285
Притисоци во гумите .............287Идентификација на
возилото
Идентификациски број на возилото
Идентификацискиот број на
возилото може да е изгравиран на
таблата за инструменти, видлив низ шофершајбната, или во
моторната преграда на десната
плоча на каросеријата.
Идентификациска
табличка
Идентификациската табличка е
сместена на рамката на предната
лева или десна врата.
Page 279 of 309
Технички податоци277
Информации на
идентификациската етикета:
1:производител2:број на одобрение на типот3:идентификациски број на
возилото4:дозволена бруто тежина на
возилото во кг5:дозволена бруто влечна
тежина во кг6:најголема дозволена
оптовареност на предната оска во кг7:најголема дозволена
оптовареност на задната оска
во кг8:податоци специфични за
возилото или за земјата
Вкупниот износ на оптовареноста
на предната и задната оска не смее
да ја надмине дозволената бруто
тежина на возилото. На пример,
ако предната оска ја носи
максимално дозволената
оптовареност, задната оска смее
да носи само товар што е еднаков
на бруто тежината на возилото
минус оптовареноста на предната
оска.
Техничките податоци се одредени
во согласност со стандардите на
Европската Заедница. Го
задржуваме правото да вршиме
измени. Спецификациите во
документите на возилото секогаш
се поважечки од оние дадени во
овој прирачник.
Идентификација на
моторот
Табелите со технички податоци ја
покажуваат идентификациската
шифра на моторот.
Податоци за моторот 3 281.
За да го идентификувате моторот, видете ја силата на моторот во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со Вашето возило или
другите национални документи за
регистрација.
Page 280 of 309
278Технички податоциПодатоци за возилотоПрепорачани течности и средства за подмачкување Сервисен период за земји од групите 1 до 3
Потребен квалитет на моторното маслоСите земји наведени во групите 1 до 3 3 271Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos1 Gen2✔–dexos2–✔
Само мотори на дизел: Ако не е достапен квалитет dexos, може да употребите најмногу 1 л моторно масло со
квалитет ACEA C3 еднаш меѓу промените на маслото.
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите земји наведени во групите 1 до 3 3 271Околна температураБензински и мотори на дизелМотори на дизелдо -25 °CSAE 5W-30SAE 0W-30 или SAE 0W-40SAE 5W-30 или SAE 5W-40под -25 °CSAE 5W-30SAE 0W-30 или SAE 0W-40