OPEL GRANDLAND X 2019 Сопственички прирачник

Page 271 of 313

Нега на возилото269за чистење прозорци. Внимавајте и
да отстраните остатоци од восок,
инсекти и слично од стаклото.
Остатоци од мраз, загадување и постојано бришење на суви стакла
ќе ги оштети, па и уништи
бришачите.
Стаклена плоча Никогаш не чистете со раствори
или нагризувачки средства, горива,
агресивни средства, на пример,
растворувачи на бои, раствори што
содржат ацетон, киселини или
многу алкални средства или
абразивни сунѓери.
Тркала и гуми Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и
шасијата.Оштетување на бојата
Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.
Подвозје
Некои предели на подвозјето на возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
восок ако е потребно.
Битуменски / гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.Систем на течен гас9 Опасност
Течниот гас е потежок од
воздухот и може да се собира во дупки.
Внимавајте кога работите на
подвозјето во канал.
За боење и кога се користи комора за сушење со температура над
60 °C, резервоарот за течен гас
мора да се извади.
Не вршете измени на системот за
течен гас.
Опрема за влечење Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Нега на внатрешноста Внатрешност и тапацир
Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со

Page 272 of 313

270Нега на возилотоинструменти, само со сува крпа илисредство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
вода и мека крпа. Доколку е многу
извалкан, користете средство за
чистење кожа.
Таблата со инструменти и
екраните треба да се чистат само
со употреба на мека, влажна крпа.
Ако е потребно, користете слаб
раствор на сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.

Page 273 of 313

Сервисирање и одржување271Сервисирање и
одржувањеОпшти информации .................272
Сервисни информации ..........272
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 275
Препорачаните течности и средства за подмачкување ..275

Page 274 of 313

272Сервисирање и одржувањеОпшти информацииСервисни информации
За да се гарантира економичното и безбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е
определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Тешки услови за работа постојат
ако често се случуваат една или
неколку од следниве околности:
Ладно стартување, тргнување и
застанување, на пример, за такси и
полициски возила, влечење
приколка, возење по планински
терен, возење на лоша или
песоклива подлога, зголемено
загадување на воздухот, присуство на песок и големо количество
прашина во воздухот, возење на
голема надморска висина и големи
промени на температурата.Во овие тешки услови за работа,
можеби ќе биде потребно
сервисирање на одредени делови
почесто од редовниот сервисен
период што се прикажува на
екранот за сервисирање.
Контактирајте со автомеханичар за
приспособени распореди на
сервисите.
Екран за сервисирање 3 100.

Page 275 of 313

Сервисирање и одржување273Сервисни периоди
Шифра на моторот
EB2ADT
EB2ADTS
EB2FAEP6FADTXDEB2DTS
Земји од група 125000 км / 1 година25000 км / 1 година30000 км / 1 годинаЗемји од група 215000 км / 1 година25000 км / 1 година20000 км / 1 годинаЗемји од група 315000 км / 1 година25000 км / 1 година20000 км / 1 година10000 км / 1 година 1)Земји од група 415000 км / 1 година20000 км / 1 годинаЗемји од група 510000 км / 1 година1)
Освен ако не е прикажано поинаку на екранот за сервисирање.
Шифра на моторот
DV5RC
DV5RD
DW10FCDV6FC
Земји од група 130000 км / 1 година 1)30000 км / 1 година 1)25000 km / 1 година1)Земји од група 230000 км / 1 година 1)30000 км / 1 година 1)25000 km / 1 година1)Земји од група 315000 км / 1 година20000 км / 1 година25000 km / 1 година1)Земји од група 415000 км / 1 година20000 км / 1 годинаЗемји од група 510000 км / 1 година10000 км / 1 година1)
Освен ако не е прикажано поинаку на екранот за сервисирање.
Вашето возило со мотор DV6D, треба да се одржува на секои 10.000 км или по една година, кое и да настапи прво.
Сервисните периоди важат за земјите од групата 5.

Page 276 of 313

274Сервисирање и одржувањеЗемји од група 1:
Андора, Австрија, Белгија, Кипар, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Исланд, Република Ирска, Италија, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Монако, Холандија, Норвешка, Португалија, Сан Марино, Шпанија,
Шведска, Швајцарија, Обединето Кралство.Земји од група 2:
Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка Република, Естонија, Република Македонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Словенија.Земји од група 3:
Албанија, Црна Гора, Србија.Земји од група 4:
Израел, Јужна Африка, Турција, Лесото, Свазиленд.Земји од група 5:
Сите други земји кои не се наведени во претходните групи земји.Потврдувања
Потврдата на сервисирањето се евидентира во сервисна и гарантна книшка. Датумот и километражата се
дополнува со печат и подпис на работилницата на сервисирањето.
Проверете дека сервисната и гарантна книшка е пополнета исправно бидејќи постојаното заверување на
сервисирањето е суштинско ако треба да се исполни каква било рекламација или добронамерно барање, а корисно е и при продавањето на возилото.

Page 277 of 313

Сервисирање и одржување275Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течности и средства за
подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозност дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските
и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети. Препораките
за бензинските мотори важат и за
моторите што користат
компримиран природен гас (CNG),
течен нафтен гас (LPG) и етанол
(Е85).
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 279.Дотурање моторно маслоВнимание
Ако се истури масло, избришете
го и фрлете го правилно.
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Забрането е користењето моторни
масла за сите бензински мотори
само со квалитет ACEA бидејќи тоа може да предизвика оштетување
на моторот во одредени услови на
работа.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 279.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.

Page 278 of 313

276Сервисирање и одржувањеКласи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава информација за густината на
маслото.
Повеќекласното масло се означува со две бројки, на пр., SAE 5W-30.
Првата бројка, по којашто следи W, ја означува вискозноста при нискитемператури, а втората бројка јаозначува вискозноста при високи
температури.
Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 279.
Сите препорачани класи
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и антифриз
Користете го само органското
киселинско долготрајно средство
за ладење (LLC) (антифриз) одобрено за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење направено за
одлична заштита од корозија и од
смрзнување до околу -28 °C. Во
ладните региони со многу ниски
температури, фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува
во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои се предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија
или изолација против помали
протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.Течност за миење
Користете само течност за миење
што е одобрена за возилото за да спречите оштетување на
бришачите, бојата, пластичните и гумените делови. Посоветувајте се
со автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
AdBlueКористете само AdBlue занамалување на азотните оксиди во издувните емисии 3 161.

Page 279 of 313

Технички податоци277Технички податоциИдентификација на возилото..277
Идентификациски број на возилото ................................ 277
Идентификациска табличка ..277
Идентификација на моторот . 278
Податоци за возилото .............279
Препорачани течности и средства за подмачкување ..279
Податоци за моторот .............282
Перформанси ......................... 284
Тежина на возилото ............... 285
Димензии на возилото ........... 286
Зафатнини .............................. 287
Притисоци во гумите .............288Идентификација на
возилото
Идентификациски број на возилото
Идентификацискиот број на
возилото може да е изгравиран на
таблата за инструменти, видлив низ шофершајбната, или во
моторната преграда на десната
плоча на каросеријата.
Идентификациска
табличка
Идентификациската табличка е
сместена на рамката на предната
лева или десна врата.

Page 280 of 313

278Технички податоци
Информации на
идентификациската етикета:
1:производител2:број на одобрение на типот3:идентификациски број на
возилото4:дозволена бруто тежина на
возилото во кг5:дозволена бруто влечна
тежина во кг6:најголема дозволена
оптовареност на предната оска во кг7:најголема дозволена
оптовареност на задната оска
во кг8:податоци специфични за
возилото или за земјата
Вкупниот износ на оптовареноста
на предната и задната оска не смее
да ја надмине дозволената бруто
тежина на возилото. На пример,
ако предната оска ја носи
максимално дозволената
оптовареност, задната оска смее
да носи само товар што е еднаков
на бруто тежината на возилото
минус оптовареноста на предната
оска.
Техничките податоци се одредени
во согласност со стандардите на
Европската Заедница. Го
задржуваме правото да вршиме
измени. Спецификациите во
документите на возилото секогаш
се поважечки од оние дадени во
овој прирачник.
Идентификација на
моторот
Табелите со технички податоци ја
покажуваат идентификациската
шифра на моторот.
Податоци за моторот 3 282.
За да го идентификувате моторот, видете ја силата на моторот во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со Вашето возило или
другите национални документи за
регистрација.

Page:   < prev 1-10 ... 231-240 241-250 251-260 261-270 271-280 281-290 291-300 301-310 311-320 ... 320 next >