run flat OPEL GRANDLAND X 2020 Сопственички прирачник
Page 266 of 323
264Нега на возилотоВозила со аудиосистем со
звучници
Алката за влечење и блокаторите
се наоѓаат во кутија под капакот на
подот во товарниот простор.
Комплет за поправање гуми 3 269.
Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојба на
тркалата
Преку рабови возете полека и под
прав агол ако е возможно.
Возењето преку остри рабови
може да предизвика оштетувања на гумите и на тркалата. Не ги
заглавувајте гумите на работ од
тротоарот кога паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Побарајте
помош од автомеханичар во случај
на оштетување или необично
абење.
Зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба
да се ставаат на сите тркала.
Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете ја налепницата за брзината во
видното поле на возачот.Сите големини на гуми се
дозволени за зимски гуми 3 303.
Ознаки на гумите
На пр. 225/55 R 18 98 V225:широчина на гумата во мм55:профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во %R:вид ремен: РадијаленRF:вид: RunFlat (функционира и
издишана)18:пречник на тркалото во инчи98:индекс на оптоварувањето,
на пр. 98 одговара на 750 кгV:буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q:до 160 км/чS:до 180 км/чT:до 190 км/чH:до 210 км/чV:до 240 км/чW:до 270 км/ч
Изберете гума соодветна за
најголема брзина на Вашето
возило.