OPEL INSIGNIA 2014 Сопственички прирачник

Page 61 of 363

Седишта, потпирачи59Потпирач за рака
Притиснете го копчето и склопете
го потпирачот за рака угоре. Под
потпирачот за рака има складишна преграда.
Дополнителни уреди, видете во
упатството на Инфозабавниот
систем.
Греење
Приспособете го греењето во
саканата поставка со притискање
на копчето ß за соодветното
седиште еднаш или повеќепати.
Контролната сијаличка во копчето
ја покажува поставката.
Долготрајната употреба на
највисоката поставка не се
препорачува за луѓе со осетлива кожа.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот
и за време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 174.
Проветрување
Приспособете го проветрувањето
во саканата поставка со
притискање на копчето A за
соодветното седиште еднаш или
повеќепати.
Контролната сијаличка во копчето
ја покажува поставката.
Проветрените седишта
функционираат кога работи
моторот и за време на Autostop.

Page 62 of 363

60Седишта, потпирачи
Систем за сопирање-поаѓање
3 174.Задни седишта
Потпирач за рака
Преклопете го потпирачот за рака
надолу. Потпирачот за рака
содржи држачи за чаши и кутија за
складирање.
Безбедносни ремени
Безбедносните ремени се
закочуваат при нагло забрзување
или забавање на возилото
задржувајќи ги патниците во
положбата на седењето. Притоа ризикот од повреда е значително
намален.

Page 63 of 363

Седишта, потпирачи619Предупредување
Пред секое патување врзете ги
безбедносните ремени.
Во случај на сообраќајка, луѓето кои не се врзани со ремени ги
загрозуваат своите сопатници и
себеси.
Еден безбедносен ремен е
предвиден за употреба само за
едно лице одеднаш. Систем за
врзување на деца 3 69.
Периодично проверувајте ги сите
делови од системот на ремените за
оштетувања, загадување и
функционалност.
Заменете ги оштетените
компоненти. По сообраќајка, нека
Ви ги замени ремените и
активираните затегнувачи на
ремените автомеханичар.
Забелешка
Уверете се дека ремените не се
оштетени или приклештени со
остри предмети. Спречувајте го
влегувањето на нечистотија во
механизмите за вовлекувањ на
ремените.
Потсетник за безбедносниот
ремен
Секое седиште е опремено со
потсетник за безбедносниот
ремен, што за предните седишта се
контролните сијалички X и k, или
за задните седишта симболот X на
Информативниот центар за
возачот 3 111.
Ограничувачи на силата на
ремените Притисокот врз телото се намалува
со постепеното ослободување на
ременот при судар.
Затегнувачи на ремените
Во случај на фронтален или судир
со удар одзади од одредена
тежина, предните безбедносни
ремени се затегнуваат.9 Предупредување
Неправилното ракување (на пр.
вадење или монтирање на
ремените) може да ги активира
затегнувачите на ремените.
Активирањето на затегнувачите на
ремените се означува со постојано
светење на контролната сијаличка
v 3 112.
Активираните затегнувачи на
ремените треба да ги замени
автомеханичар. Затегнувачите на
ремените може само еднаш да се
активираат.
Забелешка
Не закачувајте и не монтирајте
додатоци или други предмети
коишто може да му пречат на
работењето на затегнувачите на
ремените. Не вршете никакви
преиначувања на компонентите
на затегнувачите на ремените
бидејќи тоа може да ја поништи
сообраќајната дозвола на
возилото.

Page 64 of 363

62Седишта, потпирачиБезбедносен ремен
прицврстен на три точки
Врзување
Извлечете го ременот од
механизмот за вовлекување,
повлечете го преку телото без да
се преврти, и вметнете го јазичето
во бравата. Затегнувајте го
ременот за скутот редовно за
време на возењето со
повлекување на ременот за
рамото.
Лабавите или кабастите облеки го
спречуваат ременот да се намести
припиени. Не ставајте предмети,
како на пример чантички или
мобилни телефони помеѓу
ременот и Вашето тело.
9 Предупредување
Ременот не смее да лежи врз
тврди или кршливи предмети во џебовите на Вашата облека.
Потсетник за безбедносниот ремен
X , k 3 111.
Инсигнија ОПЦ
Протнете го безбедносниот ремен
преку монтажната рамка за истиот
на потпирачот за грб кога го
врзувате безбедносниот ремен.

Page 65 of 363

Седишта, потпирачи63
Местење на височината
1. Извлечете го малку ременот.
2. Притиснете го копчето.
3. Наместете ја височината и заглавете го.
Наместете ја височината така што
ременот ќе лежи преку рамото. Не
смее да лежи преку грлото или
надлактицата.
Не дотерувајте го додека возите.
Вадење
За да го ослободите ременот,
притиснете го црвеното копче на
бравата за ременот.
Инсигнија ОПЦ
Протнете го безбедносниот ремен
преку монтажната рамка на
ременот на потпирачот за грб по
ослободувањето.

Page 66 of 363

64Седишта, потпирачи
Безбедносни ремени назадните седишта Безбедносниот ремен за задното
средишно седиште може да се
извлече од механизмот за
вовлекување само ако потпирачот
за грб е во задната положба.
Користење на безбедносните
ремени за време на трудност9 Предупредување
Ременот за скутот треба да се
намести колку е можно пониско
преку карлицата за да се спречи
притисокот врз стомакот.
Систем на воздушни
перничиња
Системот на воздушни перничиња
се состои од бројни поединечни
системи зависно од обемот на
опременоста.
Кога се активираат, воздушните
перничиња се надуваат за
милисекунди. Тие исто така се
издишуваат толку бргу што
честопати не се приметува за
време на судирот.9 Предупредување
Ако се ракува со нив
неправилно, воздушните
перничиња може да се
активираат на експлозивен
начин.
Забелешка
Контролната електроника на
системите на воздушни
перничиња и на затегнувачите на
ремените се наоѓаат во пределот

Page 67 of 363

Седишта, потпирачи65
на средишната конзола. Неставајте никакви магнетни
предмети во тој предел.
Не лепете ништо на капаците на
воздушните перничиња и не
прекривајте ги со други
материјали.
Секое воздушно перниче се
активира само еднаш.
Активираните воздушни
перничиња нека Ви ги замени
автомеханичар. Освен тоа, може
да биде неопходно да се заменат
воланот, таблата со инструменти, деловите на облогата, кедерите
на вратите, кваките и седиштата.
Не вршете никакви преиначувања
на системот на воздушни
перничиња бидејќи тоа ќе ја
поништи сообраќајната дозвола
на возилото.
Кога се надуваат воздушните
перничиња, жешките гасови кои
излегуваат може да предизвикаат
изгореници.
Сијаличка v за системите на
воздушни перничиња 3 112.Систем на предни
воздушни перничиња
Системот на предните воздушни перичиња се состои од едно
воздушно перниче во воланот и
едно во таблата со инструменти на страната на совозачот. Може да се препознаат по зборот AIRBAG.
Покрај тоа,има предупредувачка
етикета и од страната на таблата
со инструменти што се гледа кога е
отворена совозачката врата, или
на штитникот за сонце на
совозачот.
Системот на предни воздушни
перничиња се активира во случај
на удар напред од извесна тежина.
Палењето треба да биде вклучено.
Надуените воздушни перничиња го
придушуваат ударот, притоа
намалувајќи го ризикот од повреда на горното тело и главата на
патниците на предните седишта
значително.

Page 68 of 363

66Седишта, потпирачи9Предупредување
Оптимална заштита се дава
само кога седиштето е во
правилната положба 3 52.
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.
Наместете го безбедносниот
ремен правилно и заглавете го
безбедно. Дури тогаш може
воздушното перниче да Ве
заштити.
Систем на странични
воздушни перничиња
Системот на страничните
воздушни перничиња се состои од воздушно перниче во потпирачот
за грб на секое предно седиште и
во потпирачите за грб на задните
надворешни седишта. Тоа може да се препознае по зборот AIRBAG.
Системот на странични воздушни
перничиња се активира во случај
на страничен удар од извесна
тежина. Палењето треба да биде
вклучено.
Надуените воздушни перничиња го
придушуваат ударот, притоа
намалувајќи го ризикот од повреда
на горното тело и на карлицата во
случај на судир отстрана
значително.
9 Предупредување
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.

Page 69 of 363

Седишта, потпирачи67
Забелешка
Уупотребувајте само такви
заштитни навлаки за седишта кои
биле одобрени за возилото.
Внимавајте да не ги прекриете
воздушните перничиња.
Систем на завесни
воздушни перничиња
Системот на завесни воздушни
перничиња се состои од воздушно
перниче во рамката на покривот на секоја страна. Тоа може да се
препознае по зборот AIRBAG на
столбовите на покривот.
Системот на завесни воздушни
перничиња се активира во случај
на страничен удар од извесна
тежина. Палењето треба да биде
вклучено.
Надуените воздушни перничиња го
придушуваат ударот, притоа
намалувајќи го ризикот од повреда
на главата во случај на удар
отстрана значително.
9 Предупредување
Чувајте го пределот во којшто се
надува воздушното перниче
слободен од препреки.
Куките на рачките во рамката на покривот се погодни само за
бесење на полесни облеки без
закачалки. Не чувајте никакви
предмети во тие облеки.
Деактивирање на
воздушното перниче
Системите на предните воздушни
перничиња и страничните
воздушни перничиња за совозачот
мора да се деактивираат ако
постои потреба од монтирање
систем за врзување на деца на тоа
седиште. Системот на завесните
воздушни перничиња,
затегнувачите на ремените и сите системи на воздушните перничиња
ќе останат активни.

Page 70 of 363

68Седишта, потпирачи
Системот на воздушните
перничиња за совозачот може да
се деактивира преку прекинувач со кој се работи со клуч од десната
страна на таблата со инструменти.
Користете го клучот за палање за
да ја изберете положбата:*=воздушните перничиња на
совозачот се деактивирани
и нема да се надуваат во
случај на судир.
Контролната сијаличка *
свети непрекинато. Може да
се инсталира систем за
врзување на деца во
согласност со
табелата Места за
инсталирање на системи за
врзување на деца 3 70.
Совозачкото седиште не
смее да го зафати возрасно
лице.V=воздушните перничиња на
совазочот се активни. Не
смее да се инсталира
систем за врзување на деца.9 Опасност
Ризик од смртоносна повреда за
дете кое користи систем за
врзување на деца на седиште со
активирано воздушно перниче
за совозачот.
Ризик од смртоносна повреда за возрасно лице на седиште со
деактивирано воздушно
перниче за совозачот.
Се додека не е запалена
контролната сијаличка *,
системите на воздушните
перничиња за совозачкото
седиште ќе се надувјат во случај на судир.
Ако двете контролни сијалички
светат истовремено, дошло до
дефект на системот. Состојбата на
системот не е видлива, затоа никој не смее да го зафати совозачкото
седиште. Контактирајте со
автомеханичар веднаш.
Посоветувајте се со сервисер
веднаш ако не свети ниедна од
контролните сијалички.
Состојбата менувајте ја само кога возилото застана и палењето е
исклучено.
Состојбата останува до следната
промена.
Контролна сијаличка за
деактивирање на воздушните
перничиња 3 112.

Page:   < prev 1-10 ... 21-30 31-40 41-50 51-60 61-70 71-80 81-90 91-100 101-110 ... 370 next >