key OPEL INSIGNIA 2014 Сопственички прирачник
Page 173 of 363
Возење и ракување171
Електронскиот клуч мора да е
внатре во возилото.
Режим за напојување додатоци:
притиснете го копчето Engine Start/
Stop еднаш без притискање на
куплунгот или педалата на
сопирачките. Жолтата сијаличка во
копчето се пали. Заклучувањето на
воланот се отпушта и некои
електрични функции работат,
палењето е исклучено.
Режим за напојување со вклучено
палење: притиснете го и држете го
копчето Engine Start/Stop
6 секунди без притискање на
куплунгот или педалата на
сопирачките. Зелената сијаличка
во копчето се пали, дизел моторот
се предзагрева. Контролните
сијалички се палат и повеќето
електрични функции работат.
Палење на моторот: притиснете го
куплунгот (рачен менувач) или
педалата на сопирачките
(автоматски менувач) и притиснете го копчето Engine Start/Stop уште
еднаш. Отпуштете го копчето
откако ќе почне стартувањето.Исклучено палење: притиснете го
копчето Engine Start/Stop накратко
во секој режим или кога работи
моторот. Некои функции
остануваат активни додека не се
отвори возачката врата, ако
палењето било вклучено
претходно.
Заклучување на воланотЗаклучувањето на воланот се
активира автоматски кога:
■ возилото е во мирување и
■ палењето е исклучено и
■ возачката врата е отворена.
За да се отклучи воланот, отворете
ја и затворете ја возачката врата и
вклучете го режимот за додатоци
или директно стартувајте го
моторот.9 Предупредување
Ако акумулаторот е испразнет,
возилото не смее да се влече,
да се пали со влечење
однапред или со туркање
одзади бидејќи бравата на
воланот не може да се
ослободи.
Итно ракување кај возилата
со систем на електронски клуч
Ако некој од електронските клучеви потфрли или батеријата на
електронскиот клуч е слаба,
Информативниот центар за
возачот може да прикаже No
Remote Detected (не е откриен далечински управувач) или
Replace Battery in Remote Key
(заменете ја батеријата во клучот
со далечинско) кога сакате да го
стартувате возилото.