tyre pressure OPEL INSIGNIA 2014 Сопственички прирачник
Page 278 of 363
276Нега на возилотоВнимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да бидат опремени со сензори за притисокот
во гумите и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Изберете ја страницата Tyre
pressure monitoring (Следење на
притисокот во гумите) под
изборникот Info (Информации) во
Информативниот центар за
возачот 3 120
Состојбата на системот и
предупредувања за притисокот се прикажуваат со порака додека
трепка соодветната гума во
Информативниот центар за
возачот.
Откриен слаб притисок во гума се
покажува со контролната сијаличка
w 3 117.
Ако се запали
w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 329.
Откако ќе се напумпаат може да
биде потребно возење за да се
ажурираат вредностите на
притисокот во гумите во
Информативниот центар за
возачот. За тоа време може да се
запали w.
Ако се запали w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
се работи за низок притисок.
Проверете го притисокот во
гумите.
Пораки за возилото 3 131.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете
го палењето.
Монтирајте само тркала со сензори
за притисок, инаку притисокот во
гумите нема да се прикажува и w ќе
свети постојано.
Резервното тркало или
привременото резервно тркало не
е опремено со сензори за притисок.