OPEL INSIGNIA 2015.5 Прирачник за инфозабавата
Page 61 of 163
Надворешни уреди61Надворешни уредиОпшти информации...................61
Репродукција на звук .................64
Репродукција на филмови .........66Општи информации
Приклучоците за AUX, USB и SD-
картичка за поврзување со
надворешни уреди се лоцирани
под потпирачот за раце на
централната конзола. Најдете
детален опис за подигнување на
потпирачот за раце во
Сопственичкиот прирачник.
Забелешка
Приклучоците секогаш треба да
бидат чисти и суви.
AUX приклучок
Може да се приклучи, на пр., iPod
или друг дополнителен уред во
приклучокот AUX.
Кога ќе се приклучи во
приклучокот AUX, аудио сигналот на дополнителниот уред се
пренесува преку звучниците на
Инфозабавниот систем.
Поставките за гласноста и тонот
може да се прилагодуваат преку Инфозабавниот систем. Со сите
други контролни функции треба да
се ракува преку дополнителниот
уред.
Поврзување уред
За да го приклучите
дополнителниот уред во
приклучокот AUX на
инфозабавниот систем, користете
го следниов кабел:
со 3 дела за аудио-извор.
За да го откачите уредот AUX,
изберете друга функција, а потоа
отстранете го уредот AUX.
Page 62 of 163
62Надворешни уреди
Функција за звук од AUX
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки што
се содржани на дополнителните
уреди, на пр. iPod или смартфон.
USB приклучок
MP3-плеер, USB-уред, iPod или
смартфон може да се приклучат на приклучокот за USB.
Кога се поврзани со приклучокот
USB, со уредите споменати погоре
може да се ракува преку
контролите и изборниците на
инфозабавниот систем.
Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите модели на МP3-
плеери, уреди USB, iPod или
паметни телефони.
Поврзување/откачување уред
Приклучете го уредот USB или iPod
во приклучокот USB. За iPod,
користете го соодветниот кабел за
поврзување.Забелешка
Ако се поврзе уред USB или iPod
што не може да се прочита, се
појавува соодветна порака за
грешка и Инфозабавниот систем
автоматски се префрлува на
претходната функција.
За да ја прекинете врската на
уредот USB или iPod-от, изберете
друга функција, а потоа извадете ја меморијата USB.Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Функција за звук од USB
Инфозабавниот систем може да
пушта музички фајлови содржани
на мемории USB ili производи iPod/
iPhone.
Функција за филмови од USB
Инфозабавниот систем може да
прикажува филмови содржани на
меморија USB.
SD-картичка
SD-картичката може да се вметне
во просторот за SD-картички.
Откако ќе ја вметнете, со SD-
картичката може да се ракува
преки контролите и изборниците на инфозабавниот систем.
Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите видови SD-
картички.
Внетнување/отстранување
SD-картичкаВнимание
Никогаш не користете SD-
картичка што е напукната,
деформирана или лепена со
лента. Така може да ја оштетите
опремата.
Вметнете ја SD-картичката во
просторот за SD-картички како што е прикажано во продолжение.
Музичката функција почнува
автоматски.
Page 63 of 163
Надворешни уреди63
Забелешка
Ако се поврзе SD-картичка што не може да се прочита, ќе се појави
соодветна порака за грешка и
инфозабавниот систем
автоматски ќе се префрли на
претходната функција.
За да ја отстраните SD- картичката,
најпрвин активирајте друга
функција. Потоа, нежно турнете ја
SD-картичката подлабоко. SD-
картичката ќе биде исфрлена и ќе може да ја отстраните.
Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Функција за звук од SD
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки што се зачувани на SD-картичката.
Функција за филмови од SD
Инфозабавниот систем може да
репродуцира филмски датотеки што се зачувани на SD-картичката.
Bluetooth Изворите на звук со вклучен
Bluetooth (на пр. музички мобилни
телефони, МП3-плеери со
Bluetooth итн.) што ги поддржуваат
профилите за музика A2DP и
AVRCP за Bluetooth може да се
поврзат безжично со
Инфозабавниот систем.
Поврзување уред
Побарајте детален опис за
поврзување Bluetooth 3 98.
Функција за звук од Bluetooth
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки што
се содржани на уредите со
Bluetooth, на пр. iPod или
смартфон.
Формати на фајлови
Поддржани се само уредите што се форматирани во датотечни
системи FAT32, NTFS и HFS+.
Забелешка
Некои фајлови може да не се
репродуцираат правилно.
Причината може да биде
различен формат на снимање или состојбата на фајлот.
Фајлови од продавниците на
интернет за коишто важо
управување со дигиталните права
(DRM) не можат да се
репродуцираат.
Page 64 of 163
64Надворешни уреди
Инфозабавниот систем може да гирепродуцира следните аудио и
филмски датотеки зачувани на
надворешни уреди.
Аудио фајлови
Формати на аудио датотеки што
можат да се репродуцираат
се .mp3, .wma, .аас, .m4а и .aif.
Кога се репродуцира фајл со
ознаки ID3, Инфозабавниот систем
може да прикаже информации за,
на пр., насловот на песната и
изведувачот.
Филмски фајлови
Формати на филмски датотеки што
може да се репродуцираат
се .avi, .mpg, .mp4, .xvid и .wmv.
Се поддржуваат и вообичаени
аудио и видео комбинации за
мобилни уреди.
Репродукција на звукЗапочнување репродукција
Доколку не е поврзан, поврзете го
уредот 3 61.Притискајте MEDIA за да го
активирате саканиот
мултимедијален извор.
На пример: главен изборник за
USB.
Функциски копчиња
Забелешка
Во тек на репродуцирање преку
AUX, функциските копчиња не се
достапни.
Паузирање на репродкцијата
Изберете = за да ја паузирате
репродукцијата.
Изберете l за да продолжите со
репродукцијата.
Менување на претходна или
следна песна
Изберете t или v за
репродукција на претходната или следната песна.
Или пак, завртете го MENU за да
преминете на претходните или следните песни.
Брзо напред или брзо назад
Задржете ги допрени t или v за
премотување назад или напред.
Функција за прелистување Забелешка
Функцијата за прелистување не е
достапна за AUX и Bluetooth, како
извори на медиум.
Page 65 of 163
Надворешни уреди65
За приказ на екранот за
прелистување, може да:
■ Допрете каде било на екранот.
■ Изберете BROWSE
(РАЗГЛЕДУВАЊЕ) од левата
страна на екранот.
■ Завртете го MENU.
Изберете PLAYLISTS (МУЗ.
ЛИСТИ) , ARTISTS ( ИЗВЕДУВАЧИ) ,
ALBUMS (АЛБУМИ) , SONGS
(ПЕСНИ) , GENRES (ЖАНРИ) или
MORE (ПОВЕЌЕ) . MORE
(ПОВЕЌЕ) ги сочинува
дополнителните категории: Folder
View (Преглед на папки) , Podcasts
(Подкасти) , Audiobooks (Аудио
книги) , Videos ( Видеа) и Composers
(Композитори) .
Прелистувајте низ категориите
додека да ја најдете саканата
песна. Изберете песна за да
започне репродуцирањето.
Изборници за аудиоЗа приказ на соодветниот изборник
за аудио, изберете го екранското
копче MENU (Изборник) од
интерактивната лента за избор.
Забелешка
Не се достапни сите ставки во
сите изборници за звукот.Поставки за тонот
За детален опис 3 46.
Произволно
Ако Shuffle (Мешање) е активиран,
песните на активниот уред се
репродуцираат по случаен избор.
Забелешка
При репродуцирање од USB, SD
или iPod, функцијата за
произволно репродуцирање
зависи од режимот на
филтрирање што е избран за
репродуцирање на песната, на пример, албум, изведувач, жанр.
Наместете го Shuffle (Мешање) на
On (Вклучување) или Off
(Исклучување) .
Автоматско поставување на
гласноста
За детален опис 3 47.
Управување со Bluetooth-уреди
(достапно само во изборникот за
музика од Bluetooth)
Page 66 of 163
66Надворешни уреди
Изберете Manage Bluetooth
Devices (Уредување уреди
Bluetooth) за да се прикаже
списокот со уреди.
За детален опис 3 98.
Сообраќајна програма (TP)
За постојано да примате вести за
сообраќајот, поставете Traffic
Programme (TP) - On (Сообраќајна програма - Вкл.) .
За детален опис 3 54.
Репродукција на
филмови
Започнување репродукција на
видео Поврзете го уредот 3 61.
Притискајте MEDIA за да го
активирате саканиот
мултимедијален извор.
Одберете го BROWSE
(РАЗГЛЕДУВАЊЕ) а потоа MORE
(ПОВЕЌЕ) . Изберете Videos(Видеа) и потоа саканата филмска
датотека. Репродуцирањето на
видеото започнува.
Забелешка
Видео може да се репродуцира
само ако е крената сопирачката за паркирање.
Функциски копчиња
Паузирање на репродкцијата
Изберете = за да ја паузирате
репродукцијата.
Изберете l за да продолжите со
репродукцијата.
Менување на претходна или
следна датотека
Изберете t или v за
репродукција на претходната или следната филмска датотека.
Односно, завртете MENU за да
преминете на претходната или
следната филмска датотека.
Брзо напред или брзо назад
Задржете ги допрени t или v за
премотување назад или напред.
Изборник за видео За приказ на изборник за видео,изберете MENU (Изборник) од
интерактивната лента за избор.
За детален опис на изборникот 3 64.
Page 67 of 163
Навигација67НавигацијаОпшти информации...................67
Употреба ..................................... 69
Внесување дестинација ............. 77
Водење ....................................... 82Општи информации
Системот за навигација ќе ве води
прецизно до вашата дестинација.
Нема потреба од читање карти,
дури и да немате никакво
познавање на локацијата.
Моменталната состојба на
сообраќајот се зема предвид при
пресметувањето на маршрутата.
За таа цел, Инфозабавниот систем прима сообраќајни соопштенија во
актуелната област на приемот
преку RDS-TMC.
Меѓутоа, системот за навигација не
може да ги земе во обѕир
сообраќајните настани,
сообраќајните прописи изменети без претходна најава и
опасностите или проблемите кои
се појавуваат ненадејно (на.пр.
работи на коловозот).Внимание
Употребата на системот за
навигација не го ослободува
возачот од одговорноста за
правилно, будно однесување во патниот сообраќај. Соодветните
сообраќајни прописи секогаш
треба да се следат. Ако некое
навигациско напатствие
противречи на сообраќајните
прописи, секогаш важат
сообраќајните прописи.
Функционирање на системот
за навигација Положбата и движењето на
возилото се откриваат со
сензорите на системот за
навигација. Поминатото
растојание се одредува според
сигналот на брзиномерот на
возилото, а вртењето на свиоците
со жироскопски сензор. Положбата
се одредува со сателити GPS
(Глобален систем за
позиционирање).
Со споредба на сигналите на
сензорите со дигиталните карти на SD-картичката, можно е да се
одреди положбата со прецизност
од околу 10 метри.
Page 68 of 163
68Навигација
Системот ќе функционира и со
слаб прием на GPS. Меѓутоа, се
намалува прецизноста на
одредување на положбата.
По внесувањето на адресата на
дестинацијата или на точката од
интерес (најблиската бензинска
пумпа, хотел и сл.), маршрутата се пресметува од моменталната
локација до избраната
дестинација.
Водењето низ маршрутата се
остварува со звучен аутпут и
стрелка, како и со помош на
екранот со карта во повеќе бои.
Важни информации
Редослед за внесување за
адресите на дестинациите
Редоследот по кој деловите од
адресата треба да се внесуваат
зависи од земјата каде што се
наоѓа дестинацијата.
■ Албанија, Андора: <улица> <број> <град> <земја>
■ Австрија, Белгија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија,Ватикан, Грција, Данска,
Естонија, Италија, Литванија,
Лихтенштајн, Луксембург,
Македонија, Молдавија, Монако, Норвешка, Полска, Португалија,
Романија, Русија, Сан Марино,
Словачка, Словенија, Србија,
Турција, Унгарија, Финска,
Холандија, Хрватска, Република
Чешка, Швајцарија, Шведска,
Шпанија:
<улица> <број> <поштенски
број> <град> <земја>
■ Франција: <број> <улица> <поштенски
број> <град> <земја>
■ Германија: <улица> <број> <поштенски
број> <град> <земја>
или
<град> <улица> <број> <земја>
■ Гибралтар, Ирска: <број> <улица> <град> <земја>
■ Велика Британија: <број> <улица> <град> <земја>
или<поштенски број> <земја>
■ Латвија, Украина: <улица> <број> <град>
<поштенски број> <земја>
■ Црна Гора: <улица> <број> <поштенски
број> <место> <земја>
TMC систем за сообраќајни
информации и динамично водење
низ маршрутата
TMC системот за сообраќајни
информации ги прима сите
актуелни сообраќајни информации
од TMC радио станици. Овие
информации се вклучени во
пресметката на целокупната
маршрута. За време на овој
процес, се планира таква
маршрута која ги избегнува
сообраќајните проблеми поврзани со претходно избраните
критериуми.
Ако има некој сообраќаен проблем
за време на активното водење низ
маршрутата, зависно од
претходната поставка се појавува
Page 69 of 163
Навигација69
порака што се однесува до тоадали треба да се измени
маршрутата.
TMC сообраќајните информации се прикажуваат на екранот на
картата како симболи или како
детален текст во изборникот со
ТМС пораки.
За да може да се користат TMC
сообраќајните информации,
системот треба да прима TMC
станици во соодветниот регион.
ТМС сообраќајните страници ќе
бидат избрани од изборникот за
навигација 3 69.
Податоци за картата
Сите потребни податоци за картата се зачувани во системот за
инфозабава. За ажурирање на
софтверот на картата преку SD-
картичка, контактирајте со вашиот
сервис-партнер од Opel.Употреба
Информации на екранот на
картата За да се прикаже картата занавигација, притиснете ;, а потоа
изберете ја иконата NAV
(Навигација) .
Водењето низ маршрутата не е
активно
Моменталната локација се
означува со икона на возило.
По истекот на околу 15 секунди,
таблата со апликации и
интерактивната лента за избор ќе
исчезнат за да се појави картата
преку целиот екран.
За повторно прикажување на
таблата со апликации и
интерактивната лента за избор, допрете каде било на екранот.
Водењето низ маршрутата е
активно
Централен екран:
Page 70 of 163
70Навигација
■ Се прикажува преглед накартата.
■ Активната маршрута се означува
со обоена линија.
■ Возилото што се движи е означено со круг.
■ Следното свртување е означено со симбол стрелка на десната
страна од екранот.
■ Водењето по лентата е дадено на левата страна од екранот.
■ Времето на пристигнување се прикажува над симболот
стрелка.
■ Оддалеченоста од следното свртување е прикажана под
симболот стрелка.
Тема Sport (Спорт) на
информативниот центар за
возачот:■ Се прикажува името на маршрутата што моментално јаследите.
■ Следното свртување е означено со симбол стрелка.
■ Се прикажува оддалеченоста од следното свртување.
Управување со карти Лизгање
За да лизгате низ картата, може да:
■ Ставете го прстот каде било на екранот и движете го нагоре,
надолу, налево или надесно
зависно од насоката во која
сакате да лизгате.
■ Ставете два прсти каде било на таблата на допир и движете ги
нагоре, надолу, налево или
надесно зависно од насоката во
која сакате да лизгате.
Картата се движи и се прикажува
нов дел.
За да се вратите на моменталната
локација, изберете RESET
(РЕСЕТИРАЊЕ) од
интерактивната лента за избор.