OPEL INSIGNIA 2016.5 Прирачник за инфозабавата

Page 61 of 141

Навигација61
Забелешка
Опциите POIs along Route (ТИ
долж рутата) и POIs near
Destination (ТИ во близина на
одредиштето) се достапни само
кога е активно водењето по
маршрута.
Ако се избере POIs at Another
Location (ТИ на друга локација) , се
прикажува тастатура.
За детален опис на тастатурите
3 17.
Внесете ја саканата локација и
потврдете го внесеното.
Се прикажува список со категории
на ТИ.
Пребарување ТИ преку категории
Изберете една од главните
категории во списокот. Се
прикажува список со поткатегории.
За да се прикажат сите достапни
ТИ во односната главна категорија, изберете List All (Излистај ги сите) .
Лизгајте низ списокот и изберете ја
саканата ТИ.
За да се прикажат сите ТИ во
рамките на една поткатегорија, изберете ја соодветната
поткатегорија. Лизгајте низ
списокот и изберете ја саканата
ТИ.
Се прикажува преглед на детали за
дестинацијата.
За повеќе информации за
избраната ТИ, допрете Info
(Информации) во горниот десен
агол од екранот.
За да почнете водење низ
маршрута, изберете Go (Оди).
Пребарување ТИ преку внесување име
За да пребарувате конкретна ТИ, категорија или специфична
локација, изберете Spell Name(Спелувај име) во списокот со
главни категории на ТИ или во еден од списоците со поткатегории. Сеприкажува тастатура.
За детален опис на тастатурите
3 17.
Внесете го саканото име или
категорија.
Изберете 9 за да го потврдите
внесот. Се прикажува преглед на
детали за дестинацијата.
За повеќе информации за
избраната ТИ, допрете Info
(Информации) во горниот десен
агол од екранот.
За да почнете водење низ
маршрута, изберете Go (Оди).
Список со неодамнешни
дестинации
Изберете го RECENT
(ПОСЛЕДНИ) .
Ќе се прикаже список со неодамна
внесени дестинации.

Page 62 of 141

62Навигација
Изберете еден од записите. Се
прикажува преглед на детали за
дестинацијата.
За да почнете водење низ
маршрута, изберете Go (Оди).
Список со контакти Изберете го CONTACTS
(КОНТАКТИ) . Се прикажува список
со контакти.Икона со за кратка функција
Ако има само една адреса за
контакт, иконата за кратка
маршрута се прикажува до
односниот запис во списокот со
контакти.
Изберете 1 за директен приказ на
прегледот на детали за
дестинацијата.
За да почнете водење низ
маршрута, изберете Go (Оди).
Преглед на детали за контакт
Ако се зачувани повеќе од една
адреса за контакт, изберете го
саканиот запис за контактите. Се
прикажува преглед на детали за
контакт.
Изберете една од адресите
зачувани за контактот. Се
прикажува преглед на детали за
дестинацијата.
За да почнете водење низ
маршрута, изберете Go (Оди).
Избирање на адреса од картата Допрете ја саканата локација на
картата. Картата се центрира околу таа локација.
Се прикажува црвен v на
соодветната локација и се појавува
односната адреса на ознака.

Page 63 of 141

Навигација63
Допрете ја ознаката. Се прикажувапреглед на детали за
дестинацијата.
За да почнете водење низ
маршрута, изберете Go (Оди).
Патувања до точки на патот
Точка на патот е дестинација на
патот што се зема предвид при
пресметката на маршрутата до
конечната дестинација. За да
креирате патување до точка на
патот, може да додадете една или
неколку точки на патот.
Внесете или изберете ја конечната дестинација на патувањето до
точка на патот и започнете го
водењето до маршрутата.
Во текот на активното водење низ
маршрутата, изберете
DESTINATION (ОДРЕДИШТЕ) на
интерактивната лента за избор на
приказот на картата.
Исто така, можете да го допрете
симболот со стрелка што го
означува следното вртење на
десната страна од екранот за
приказ на изборникот за водење
низ маршрутата. Изберете
DESTINATION (ОДРЕДИШТЕ) на
интерактивната лента за избор на
изборникот за водење низ
маршрутата.
Внесете или изберете нова адреса.
Изберете го Go (Оди). Се
прикажува порака.

Page 64 of 141

64Навигација
Изберете го Add as Waypoint ( Додај
како точка на патот) . Маршрутата
повторно се пресметува и новата
дестинација се додава како точка
во тековната маршрута.
Доколку сакате, внесете
дополнителни точки на патот, како
што е опишано погоре.За да ја зачувате целата маршрута
со точките на патот, изберете Save
(Сочувај) .
Патувањето до точка на патот е зачувано во списокот со контакти
во папката Saved Trips (Сочувани
патувања) и е означено според
крајната дестинација.
Зачуваното патување до точка на
патот може да се активира
повторно преку списокот со
контакти.
За детален опис за начинот на
уредување на патувањето до точка на патот 3 65.
Нова дестинација
За да поставите нова дестинација,
може да го откажете водењето низ
маршрутата до тековната
дестинација, па да внесете нова
дестинација. Алтернативно,
можете директно да внесете нова
дестинација.
Во текот на активното водење низ
маршрутата, изберете
DESTINATION (ОДРЕДИШТЕ) на
интерактивната лента за избор на приказот на картата.
Исто така, можете да го допрете
симболот со стрелка што го
означува следното вртење на
десната страна од екранот за
приказ на изборникот за водење
низ маршрутата. Изберете
DESTINATION (ОДРЕДИШТЕ) на
интерактивната лента за избор на
изборникот за водење низ
маршрутата.
Внесете или изберете нова адреса.
Изберете го Go (Оди). Се
прикажува порака.

Page 65 of 141

Навигација65Изберете го Set New Destination
(Одреди ново одредиште) .
Маршрутата се пресметува
повторно и се поставува новата дестинација.
Повикување дестинација Откако ќе внесете дестинација и
пред да започнете водење низ
маршрутата, се прикажува преглед
на детали за дестинацијата.
За да воспоставите телефонски
повик на саканата локација,
изберете Call (Повик) .
Забелешка
Екранското копче Call (Повик) е
достапно единствено ако
телефонскиот број е зачуван на
односната локација.
Зачувување дестинации
Запис за контакти
Откако ќе внесете дестинација и
пред да започнете водење низ маршрутата, се прикажува преглед
на детали за дестинацијата.За да ја зачувате односната
дестинација во списокот со
контакти, изберете Save (Сочувај).
За детален опис за начинот на
зачувување адреса во списокот со
контакти 3 24.
Забелешка
Екранското копче Save (Сочувај) е
единствено достапно ако адресата не е веќе зачувана во
системот.
Омилени елементи
Омилените елементи може да се
зачуваат од речиси сите прикази на
екран.
За детален опис за начинот на
зачувување на омилените
елементи за дестинацијата 3 19.
Водење Водењето по маршрута го
обезбедува навигацискиот систем
преку визуелни упатства и
гласовни пораки (говорно водење).Визуелни упатства
Визуелните упатства се
прикажуваат на екраните.Гласовни пораки за навигација
Гласовните пораки за навигација
објавуваат која насока да се следи кога се приближувате кон
крстосница на која треба да
свртите.
За активирање на функцијата за
гласовни пораки и поставување на
јачината на звукот, видете во
„Поставки за гласовна
навигација“ во продолжение.

Page 66 of 141

66НавигацијаЗапочнување и прекинување наводењето низ маршрутата
Започнување на водењето низ
маршрутата
За почнување на водењето низ
маршрута кон нова избрана
дестинација, изберете Go (Оди) , во
прегледот на деталите за
дестинацијата.
За директно почнување на
водењето низ маршрута до
последната избрана дестинација,
изберете MENU (ИЗБОРНИК) на
интерактивната лента за избор и
потоа изберете Resume to
(Продолжи до) .
Водењето низ маршрутата до
последната избрана дестинација е
рестартирано.Прекинување на водењето низ
маршрутата
За да го откажете водењето низ
маршрутата, изборно можете:
● Допрете x на екранот на
картата за навигација.
● Изберете MENU (ИЗБОРНИК)
на интерактивната лента за
избор и потоа изберете Cancel
Route (Откажи рута) .
● Допрете го симболот со стрелка што го означува
следното вртење на десната страна од екранот за приказ на
изборникот за водење низ
маршрутата (видете „Изборник за водење низ маршрутата“ вопродолжение).
Изберете END (КРАЈ) во
интерактивната лента за
избор.Поставки за гласовна
навигација
Стишување
За привремено да ги стишите
говорните потсетници за
навигација, изберете y на левата
страна од екранот за картата.
Иконата се променува во z.
За да го исклучите стишувањето на системот, изберете z повторно.
Гласовни пораки
Изберете MENU (ИЗБОРНИК) во
интерактивната лента за избор и
потоа изберете Navigation Voice
Preferences (Преференци за глас за навигација) за да се прикаже
односниот подизборник.
Ако се постави Voice Prompts - On
(Говорни потсетници - Вкл.) ,
системот ги чита гласовните
пораки за навигација при активно
водење низ маршрутата.
Поставете Voice Prompts - On
(Говорни потсетници - Вкл.) или
Voice Prompts - Off (Говорни потсетници - Искл.) .

Page 67 of 141

Навигација67Ако е поставено на Off
(Исклучување) , системот не дава
говорни потсетници за навигација.
Говорни потсетници во текот на
телефонски повици
Изберете MENU (ИЗБОРНИК) во
интерактивната лента за избор и
потоа изберете Navigation Voice
Preferences (Преференци за глас за навигација) за да се прикаже
односниот подизборник. Изберете
Prompts During Phone Calls
(Потсетници при повици) .
Ако се избере On (Вклучување) ,
гласовните потсетници за
навигација се читаат и во текот на
телефонските повици.
Ако се избере Off (Исклучување) ,
нема говорни потсетници. Ако се
избере Beeps (Звуци) , се слуша
звук наместо известување.
Јачина
За приспособување на гласноста
на гласовните пораки, изберете ─
или w.Информации за сообраќајки
Список за сообраќај
За да се прикаже список на
сообраќајки во близина на
тековната локација на возилото,
притиснете ;, па изберете
TRAFFIC (СООБРАЌАЈ) .
Можете да изберете и MENU
(ИЗБОРНИК) во интерактивната
лента за избор, па да изберете Traffic ( Сообраќај) за да се прикаже
соодветниот подизборник.
Изберете Show Nearby Traffic
Incidents (Покажувај сообраќајки во близина) .
Ако водењето низ маршрутата не е
активно, списокот се прикажува на
следниот начин:
Ако водењето низ маршрутата е
активно, се прикажуваат две
дополнителни екрански копчиња:
All (Сите) за список што ги
прикажува сите сообраќајки и Along
Route (Долж рутата) за список што
ги прикажува само оние
сообраќајки поврзани со вашата
тековна маршрута.
Стандардно, списокот се сортира
според растојанието од локацијата на возилото. За да го сортирате по
азбучен редослед, изберете Sort
(Подреди) на горниот ред од
екранот.

Page 68 of 141

68НавигацијаДопрете еден од елементите восписокот за да се прикажат
детални информации за
соодветната сообраќајка.
Забелешка
Ако списокот за сообраќај е
внесен преку екранското копче
TRAFFIC (СООБРАЌАЈ) на
почетниот екран, допрете w во
горниот лев агол од екранот за да влезете во изборникот за
сообраќајни поставки.
Сообраќајни икони на картата
Ако се постави Show Icons on Map -
On (Покажувај икони на картата -
Вкл.) , на картата ќе се прикажат
икони за сообраќајки во близина на моменталната локација и по
должината на целата маршрута.
Поставете Show Icons on Map - On
(Покажувај икони на картата -
Вкл.) или Show Icons on Map - Off
(Покажувај икони на картата -
Искл.) .Избегнување на сообраќајот
Овој подизборник содржи поставки за начинот на кој системот може да
се справи со сообраќајните
несреќи пред и за време на
водењето низ маршрутата.
Изберете Traffic Routing
Preferences (Преференци за рута
низ сообраќајот) за приказ на
односниот подизборник.
Доколку сакате во суштина да го
избегнете бавниот сообраќај,
поставете го Avoid Slow Traffic
( Избегнувај бавен сообраќај) на On
(Вклучување) .
Изберете го Automatically Avoid
Traffic (Автоматски избегнувај
сообраќај) или Ask Me before
Avoiding (Прашај ме пред да се
избегнува) .
Видови сообраќајни несреќи
Изберете Traffic Types (Видови
сообраќај) за приказ на односниот
подизборник.
Изберете кои видови сообраќајни
несреќи сакате да ги избегнете.Станици ТМС
ТСМ радио станиците
обезбедуваат информации за
моменталната состојба во
сообраќајот што се зема предвид
при пресметката на маршрутата.
Изберете TMC Station (Станица
TMS) за приказ на односниот
подизборник.
Стандардната поставка е Auto
(Автоматски) со консултирање на
различни ТМС-станици.
Доколку сакате да се следи
конкретна ТМС-станица, изберете ја односната станица од списокот.
Ако нема повеќе прием на таа
станица, системот се враќа на
функцијата Auto (Автоматски) .
Поставки за маршрутата
Изберете MENU (ИЗБОРНИК) во
интерактивната лента за избор и
потоа изберете Routing Preferences
(Преференци за рута) за да се
прикаже односниот подизборник.

Page 69 of 141

Навигација69Стил на маршрутата
За дефинирање на критериумите
за пресметка на маршрутата,
изберете Route Style (Стил на
рутата) .
Изберете Fast (Брзо) , Eco Friendly
(Еколошки) или Short (Кратко) од
списокот.
Ако се избере Eco Friendly
(Еколошки) , видот на еколошката
маршрута може да се приспособи
кон товарот на возилото.
Изберете Edit Eco Profile (Уреди
еко-профил) за приказ на
односниот подизборник.
Постојано избирајте Roof Load
(Натовареност на покривот) и
Trailer (Приколка) за менување
меѓу достапните опции за товар.
Поставете ги опциите по потреба.
Избор на пат
Изберете од списокот кои видови
патишта да бидат вклучени во
пресметката на маршрутата.Измена на маршрутата
За изменување на маршрутата при
активно водење низ маршрута,
допрете го симболот со стрелка
што го означува следното
свртување на десната страна од
екранот.
Се прикажува изборникот за
водење низ маршрута.
Забелешка
Изборникот за водење низ
маршрутата може да се прикаже
само ако водењето низ
маршрутата е активно.
Изборникот за водење низ
маршрутата обезбедува
дополнителни можности за
промена на поставките за
маршрутата во текот на активно
водење низ маршрута.
Прикажување на списокот со
свртувања
Списокот со свртувања ги
прикажува сите улици на
пресметаната маршрута,
почнувајќи од моментната
локација.Изберете TURN LIST ( СПИСОК НА
ВРТЕЊА) на интерактивната лента
за избор на изборникот за водење
низ маршрутата. Списокот со
свртувања се прикажува, а
системот го вчитува следниот
маневар.
Секоја ставка на списокот може да
ги прикажува следниве
информации:
● име на улицата, магистрален пат или приклучок на
магистрален пат
● стрелка за насока

Page 70 of 141

70Навигација● оддалеченост до најблискатаулица на маршрутата
● очекувано време на пристигнување при доаѓање до
следната улица
За приказ на сите достапни
информации за одреден список со
ставки, изберете ја соодветната ставка од списокот и потоа
изберете Info (Информации) на
горниот дел од екранот.
Исклучување улици од водењето по маршрута
Откако ќе почне водењето низ
маршрута, може да исклучите
улици од претходно пресметаната
маршрута. Потоа маршрутата
повторно се пресметува
заобиколувајќи ги исклучените
улици.
Изберете AVOID (ИЗБЕГНУВАЈ) на
интерактивната лента за избор на изборникот за водење низ
маршрутата. Се прикажува листата вртења.Изберете улица, магистрален пат
или приклучок на магистрален пат
што би сакале да ги избегнете. Се
појавува потсетување со порака.
Одберете ја саканата опција за
далечина.
Се прикажува односната улица или
магистрален пат во делот Avoided
Areas (Избегнувани подрачја) на
горниот дел од списокот со
свртувања што е означен со
црвено 9.
Забелешка
Одделот Avoided Areas
(Избегнувани подрачја) вклучува
и патишта што системот
автоматски ги избегнува заради
сообраќајни несреќи.
За повторно вклучување на
избегнатата улица или
магистрален пат на маршрутата,
откажете го означувањето на
соодветната ставка од изборникот.Прикажување на списокот со точки на патот
Ако сте во патување до точка на
патот, на изборникот за водење низ
маршрутата има дополнителни
функции на изборникот за измена на патувањето до точка на патот.
Списокот со точки на патот ги
прикажува сите точки на патот од
пресметаното патување со точки
на патот, почнувајќи од следната
точка на патот.
Изберете WAYPOINTS (ТОЧКИ НА
ПАТОТ) на интерактивната лента
за избор на изборникот за водење низ маршрутата. Се прикажува
списокот со точки на патот.

Page:   < prev 1-10 ... 21-30 31-40 41-50 51-60 61-70 71-80 81-90 91-100 101-110 ... 150 next >