navigation OPEL INSIGNIA 2016.5 Сопственички прирачник
Page 127 of 371
Инструменти и контроли125
Притискајте го MENU да се
префрлувате меѓу главните
изборници или да се враќате од подизборник на следното повисоко
ниво на изборниците.
Вртете го тркалцето за местење за да изберете потстраница на
главниот изборник или за да
одредите бројчена вредност.
Притискајте го копчето SET/CLR за
избирање и потврдување функција.
Пораките за возилото и за
сервисирање се појавуваат на
Информативниот центар за
возачот кога е потребно.
Потврдувајте ги пораките со
притискање на SET/CLR. Пораки за
возилото 3 134.
Екран од средно и од горно
ниво
Изборните страници се покажуваат
со притискање на p на воланот.
Притиснете Q или P за да
изберете изборник, притиснете 9
за да потврдите. Достапни изборни
страници се:
● Info (Инфо)
● Перформанси
● Audio (Аудио)
●Phone (Телефон)
● Navigation (Навигација)
● Settings (Поставки)
Некои од прикажаните функции се
разликуваат кога возилото се вози
или е во мирување. Некои функции
се достапни само кога возилото се
вози.
Групата инструменти од горно ниво може да се прикаже како Спортски
или Патен режим. Видете подолу:
Изборник за поставки, Теми на екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 136.
Меморизирани поставки 3 24.
Одбирање изборници и функции
Изборниците и функциите може да
се избираат преку копчињата од
десната страна на воланот.