length OPEL INSIGNIA 2016 Прирачник за инфозабавата

Page 73 of 141

Препознавање говор73Confirm Less (Потврдувај помалку):
Доколку се избере, системот
помалку често бара да ги
потврдувате вашите гласовни
влезни информации. Следствено,
системот може понекогаш
погрешно да ги протолкува
наредбите и да не ја изврши
точната активност.
Забелешка
Кога почнувате да користите
препознавање на говорот,
користењето на поставката
Confirm More (Потврдувај повеќе)
може да ви биде од корист. Како
што ќе стекнувате поголемо
искуство, т.е. ќе научите како да ги изговарате наредбите на начин
што функцијата за препознавање
говор точно ќе ве разбира,
користењето на поставката
Confirm Less (Потврдувај
помалку) може да биде од корист.Prompt Length (Должина на
известување)
Должината и нивото на детали на
прашањата и изјавите што ги дава
функцијата за препознавање говор може да се приспособат во
соодветниот подизборник.Audio Feedback Speed (Брзина на
звучни повратни информации)
Брзината со која функцијата за
препознавање говор поставува
прашања или дава изјави може да
се приспособат во односниот
подизборник.
Ако се избере Medium (Средно) ,
стапката на говор на системот
одговара на природен говор.
Забелешка
Кога почнувате да користите
препознавање на говорот,
користењето на поставката Long
(Долго) може да ви биде од
корист. Како што стекнувате
искуство, ќе може да ја користите
поставката Short (Кратко) .Апликација за пренесување на
гласот
Апликацијата за пренесување на
гласот на инфозабавниот систем
овозможува пристап до наредбите
за препознавање говор на вашиот
смартфон.
Достапноста на оваа функција
зависи од паметниот телефон. За
повеќе информации за
компатибилноста, посетете ја
нашата веб-локација.
Користење Вградена функција за
препознавање говор
Активирање на контролата на
гласот
Забелешка
Препознавањето говор не е
достапно за време на повик.Активирање преку копчето w на
воланот
Притиснете w на воланот.