OPEL INSIGNIA 2016 Сопственички прирачник

Page 291 of 371

Нега на возилото289Бр.Струјно коло32–33–34Подвижен покрив35–36–37–Прирачен алатАлати
Возила со комплет за
поправање гуми
Алатите и алката за влечење се
наоѓаат заедно со комплетот за поправање гуми во кутијата со алат под капакот на подот во товарниот
простор.
Возила со резервно тркало
Дигалката со клучот за тркалата,
алатите и долгата завртка за
прицврстување оштетено тркало и
алката за влечење се сместени во
кутијата со алат под резервното
тркало во товарниот простор.
Резервно тркало 3 302.

Page 292 of 371

290Нега на возилотоТркала и гумиСостојба на гумите, состојба на
тркалата
Преку рабови возете полека и, ако
е можно, под прав агол. Возењето
преку остри рабови може да
предизвика оштетувања на гумите
и на тркалата. Не ги заглавете
гумите на работ од тротоарот кога
паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Контактирајте
со автомеханичар во случај на
оштетување или необично абење.
Зимски гуми Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба
да се ставаат на сите тркала.
Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете ја налепницата за брзина во
видното поле на возачот.
Сите големини на гуми се
дозволени за зимски гуми 3 335.Хечбек со 5 врати, Лимузина со 4
врати, Спортс турер
За зимски гуми се погодни само
големините 205/60 R 16 и
235/45 R 18.
Ознаки на гумитеНа пр. 215/60 R 16 95 H215:широчина на гумата во мм60:профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во %R:вид ремен: РадијаленRF:вид : RunFlat ( функционираат
и издишани)16:пречник на тркалото во инчи95:индекс на оптоварувањето,
на пр. 95 одговара на 690 кгH:буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q:до 160 км/чS:до 180 км/чT:до 190 км/чH:до 210 км/чV:до 240 км/чW:до 270 км/чИзберете гума соодветна за
најголема брзина на Вашето
возило.
Најголемата брзина се постигнува
со максимална тежина со возачот
(75 кг) плус 125 кг товар.
Дополнителната опрема може да ја намали максималната брзина на
возилото.
Перформанси 3 326.
Еднонасочни гуми Еднонасочните гуми треба да се
монтираат така што ќе се вртат во
правилна насока. Правилната
насока на вртење ја покажува
симбол (на пр. стрелка) од
страната на гумата.
Притисок на гумите Проверувајте го притисокот вогумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.
Извртете го капачето на вентилот.

Page 293 of 371

Нега на возилото291
Притисок во гумите 3 335.
Етикетата со информации за
притисокот на гумите на рамката на левата врата укажува на
оригиналните гуми и на
соодветните притисоци во гумите.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа се однесува и за летни и
за зимски гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте ја до притисокот определен за целосна оптовареност.
ECO притисокот на гумите служи за
да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.
Неправилниот притисок во гумите ќе ги влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, а ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
1. Идентификувајте ги погонската оска и стилот на каросеријата.
2. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 324.
3. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 335.
За гумите одобрени за Вашето возило, видете го Сертификатот за сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Ако притисокот во гумите има да се намали или зголеми кај возило со
систем за контрола на притисокот
во гумите, исклучете го палењето.
Откако ќе го приспособите
притисокот во гумите, вклучете го
палењето и изберете ја
соодветната поставка на
страницата Оптоварување на
гумите во Информативниот центар
за возачот 3 124.
Зависност од температурата Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и

Page 294 of 371

292Нега на возилотопритисокот на гумите се
зголемуваат. Вредностите на
притисокот во гумите кои се дадени на етикетата за информации за
притисокот на гумите, важи за
ладни гуми што значи на 20 °C.
Притисокот се зголемува за околу
10 kPa за покачување на
температурата од 10 °C. Тоа мора да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Вредноста на притисокот во гумите
прикажана во Информативниот
систем за возачот го покажува
реалниот притисок во гумите.
Оладена гума ќе покаже намалена
вредност, што не укажува на
излегување на воздух.
Систем за следење напритисокот на гумите
Системот за контрола на
притисокот во гумите го проверува
притисокот во сите четири тркала
еднаш по минута кога брзината на
возилото ќе надмине определена
граница.Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да бидат опремени со сензори за притисокот
во гумите и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Изберете ја страницата Следење
на притисокот во гумите под
изборникот Информации во
Информативниот центар за
возачот 3 124.
Состојбата на системот и
предупредувања за притисокот се
прикажуваат со порака укажувајќи
на соодветната гума во
Информативниот центар за
возачот.
Системот ја зема во предвид
температурата на гумите при
предупредувањата.
Зависност од температурата
3 290.

Page 295 of 371

Нега на возилото293
Откриен слаб притисок во гума се
покажува со контролната сијаличка
w 3 121.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 335.
Откако ќе се напумпаат, може да
биде потребно одредено возење за
да се ажурираат вредностите на
притисокот во гумите во
Информативниот центар за
возачот. За тоа време може да
свети w.
Ако свети w при пониски
температури и се изгасне по одредено време возење, може да
укажува дека се работи за низок
притисок. Проверете го притисокот
во гумите.
Пораки за возилото 3 134.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете
го палењето.
Монтирајте само тркала со сензори за притисок, инаку притисокот во
гумите нема да се прикажува и w ќе
свети постојано.
Резервното тркало или
привременото резервно тркало не
е опремено со сензори за притисок. Системот за контрола на
притисокот во гумите не
функционира за тие тркала.
Контролна сијаличка w се пали. За
понатамошните три тркала
системот останува функционален.
Употребата на течните комплети за поправање на гуми што се
достапни во трговијата може да го
влоши функционирањето на
системот. Може да се користат
фабрички одобрени комплети за
поправање гуми.
Работата со електронски уреди или
близината до објекти кои користат
слични бранови на фреквенција
може да доведе до нарушување на системот за следење на
притисокот во гумите.Секогаш кога се заменуваат гумите
сензорите на системот за следење на притисокот во гумите треба да
се демонтираат и сервисираат. За
сензорите со навој, заменете ги
иглата на вентилот и заптивниот
прстен, за сензорите со штипка, заменете го целиот вентил.
Состојба на оптовареност на
возилото
Прилагодете го притисокот во
гумите според етикетата за
информации за гумите или
табелата со притисоци за гумите 3 335 и изберете ја соодветната
поставка на страницата
Оптовареност на гумите во
изборникот Поставки на
Информативниот центар за
возачот 3 124. Оваа поставка е
референца за предупредувањата
на притисокот во гумите.
Изборникот Ставање на гуми се
појавува само ако возилото е во
мирување или е употребена
сопирачка за паркирање. Кај

Page 296 of 371

294Нега на возилотовозилата со автоматски менувач,
рачката на менувачот треба да
биде во P.
Изберете:
● Light (Светло) за удобен
притисок за до 3 лица.
● Eco (Еко) за економичен
притисок за до 3 лица.
● Max (Макс.) за целосна
оптовареност.
Функција ауто-учење Откако ќе се сменат тркалата,
возилото треба да мирува околу
20 минути пред системот да
пресмета повторно. Следниот
процес на повторно учење одзема
до 10 минути возење со минимална
брзина од 20 км/ч. Во таков случај
може да се прикаже $ или
вредностите на притисокот може
да се разменат во
Информативниот центар за
возачот.
Ако дојде до проблеми за време на процесот на повторно учење, во
Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредувачка порака.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од безбедносни причини ако
длабочината на шарите падне под
2-3 мм (4 мм за зимските гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една осовина
да не варира повеќе од 2 mm.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред
отколку назад, повремено
заменувајте ги предните и задните тркала. Погрижете се насоката на
вртењето на тркалата да остане
иста.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.

Page 297 of 371

Нега на возилото295Менување на гумите иголемина на тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат
брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со
друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возила со челични тркала: Кога
користите завртки за заклучување
на тркалата, не ставајте раткапни.
Капаци на тркалата Гумите со големина 245/35 R20имаат посебни раткапни. За
вадење раткапна од демонтирано
тркало, прво откачете ги краците еден по друг. Потоа притиснете го
капакот во средниот предел одзади
и извадете го.
За склопување, прво наместете ја
раткапната така што ногарката за
местење на положбата ќе влезе во процепот.
Синџири за гуми
Синџирите за гуми само на
предните тркала смеат да се
ставаат.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе
од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).

Page 298 of 371

296Нега на возилото9Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Хечбек со 5 врати, Лимузина
со 4 врати, Sports Tourer
Синџири за гуми се дозволени
само за гумите со големина
205/60 R16, 215/60 R16,
225/55 R17, 225/45 R18,
225/50 R17 и 235/45 R18.
Country Tourer
Синџири за гуми се дозволени
само на гуми со големина
235/45 R18.
Привремено резервно тркало
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува со привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 mm или што се на
страничниот ѕид на гумата не може
да се поправат со комплетот за
поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми е во
преградата под капакот на подот во товарниот простор.
1. Земете го комплетот за поправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.

Page 299 of 371

Нега на возилото297
3. Извадете го кабелот заповрзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресоротмора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
10. Поставете го преклопникот на
компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.

Page 300 of 371

298Нега на возилото11. Мерачот за притисок накомпресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 335. Кога
ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми. Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете го цревото за пумпање на гуми
врз слободната врска на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивнатасмеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.
17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространисредството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.

Page:   < prev 1-10 ... 251-260 261-270 271-280 281-290 291-300 301-310 311-320 321-330 331-340 ... 380 next >