OPEL INSIGNIA BREAK 2017.5 Прирачник за инфозабавата
Page 111 of 145
Основно ракување111Режим на еквалајзерКористете ја оваа поставка за
оптимизирање на тонот за стилот
на музиката, на пр. за Rock (Рок)
или Classical (Класика) .
Изберете го саканиот стил на звук
во интерактивната лента за избор
на долниот дел од екранот. Ако
изберете Custom (Прилагодено) ,
може рачно да ги прилагодите
следниве поставки.
Bass (Бас)
Користете ја оваа поставка за да ги засилите или придушите
длабоките фреквенции од
изворите на звук.
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.
Midrange (Средни)
Користете ја оваа поставка за да ги
засилите или придушите средните
фреквенции од изворот на звук.
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.Treble (Високи)
Користете ја оваа поставка за да ги засилите или придушите високите
фреквенции од изворите на звук.
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.
Поставување на балансот и
фејдерот
Користете ја илустрацијата
оддесно за да ги прилагодите
балансот и фејдерот.
За да ја одредите точката во
патничкиот простор каде што
звукот е на највисоко ниво, допрете ја соодветната точка на
илустрацијата. Или, може да ја поместите црвената ознака до
саканата точка.
Забелешка
Поставките за баланс и фејдер
важат за сите извори на звук. Тие
не се прилагодуваат посебно за
секој извор на звук.Поставки на гласноста
Прилагодување на
максималната гласност при
вклучување
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Radio (Радио) , листајте
низ списокот, па изберете Max
startup volume (Максимална гласност при палење) .
Допрете + или - за да ги
приспособите поставките.
Прилагодување на гласноста
со надоместување според
брзината
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Radio (Радио) , листајте
низ списокот, па изберете Auto
Volume (Автоматска гласност) .
За да го приспособите степенот на адаптирање на гласноста,
изберете една од опциите во
списокот.
Page 112 of 145
112Основно ракувањеOff (Искл.): без засилување на
гласноста при зголемување на
брзината на возилото.
High (Високи) : максимално
засилување на гласноста при
зголемување на брзината на
возилото.
Активирање или деактивирање
на функцијата за повратни
информации со звукот на допир
Ако се активира функцијата за
повратни информации со звукот на
допир, при секое допирање на
екранско копче или ставка во
изборник ќе се испушта звук.
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Radio (Радио) , па
листајте низ списокот за да
изберете Audible Touch Feedback
(Чујни допирни повратни
информации) .
Допрете го екранското копче до
Audible Touch Feedback (Чујни
допирни повратни информации) за
да ја активирате или деактивирате
функцијата.
Гласност на сообраќајните
соопштенија
За да ја приспособите гласноста на
сообраќајните соопштенија,
поставете ја саканата гласност
додека системот емитува
сообраќајно соопштение. Потоа
системот ја зачувува соодветната
поставка.
Системски поставки
Следниве поставки се однесуваат
на целиот систем. Сите други
поставки се опишани по тема во односните поглавја во овој
прирачник.
Поставки за време и датум Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Time and Date (Време и
датум) за приказ на односниот
подизборник.
Page 113 of 145
Основно ракување113Set Time Format (Поставете
формат на времето)
За да изберете формат на
времето, притиснете го екранското
копче 12 ч или 24 ч.
Set Date Format (Поставете
формат на датумот)
Да го изберете саканиот формат на
датум, изберете Set Date Format
(Поставете формат на датумот) и
изберете некоја од достапните
опции во подизборникот.
Auto Set (Автоматско поставување) За да изберете дали времето и
датумот ќе се постават автоматски
или рачно, одберете Auto Set
(Автоматско поставување) .
За времето и датумот да бидат поставени автоматски, одберете On - RDS (Вкл. RDS) .
За времето и датумот да бидат
поставени рачно, одберете Off -
Manual (Искл. - Рачно) . Ако Auto Set
(Автоматско поставување) е
поставено на Off - Manual (Искл. -
Рачно) , елементите Set Time
(Местење на часовникот) и SetDate (Местење на датумот)
стануваат достапни во
подизборникот.
Поставување на време и датум
За да го прилагодите времето и
датумот, изберете Set Time
(Местење на часовникот) или Set
Date (Местење на датумот) .
Притискајте ги + и - за да ги
прилагодите поставките.
Поставки за јазикот Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Language ( Јазик) за да се
прикаже односниот изборник.
За да се приспособи јазикот за
текстовите на изборниците:
допрете го саканиот јазик.
Функција за листање на текстот Ако на екранот се прикаже долг
текст, на пример наслови на песни
или имиња на станици, тој може да
се листа постојано или еднаш, па
да се прикаже во скратен облик.Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете го Radio (Радио) .
Ако сакате текстот да се листа
постојано, активирајте Text Scroll
(Листање текст) .
Ако сакате текстот да се листа во
блокови, деактивирајте ја
поставката.
Функција на црн приказ
Ако не сакате приказот да биде
осветлен, на пример, ноќе, може да го исклучите приказот.
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Page 114 of 145
114Основно ракувањеЛизгајте низ списокот и изберете
Исклучи го приказот . Приказот е
исклучен; функциите на звукот
остануваат активни.
За да го вклучите екранот
повторно, допрете го екранот или
притиснете некое копче.
Основни фабрички поставки
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Листајте и изберете Return to
Factory Settings (Врати на
фабрички поставки) .
За да ги обновите сите поставки за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби,
изберете Обнови ги поставките на
возилото .
За да ги избришете поврзаните
уреди со Bluetooth, зачуваните
список на контакти и броевите за
говорна пошта, изберете Clear All
Private Data (Избриши ги сите
приватни податоци) .
За да ги ресетирате поставките за
тон и гласност, избришете ги сите
омилени, избришете го изборот натон на ѕвонење, изберете Restore
Radio Settings (Обнови радио
поставки) .
Во секој случај, се прикажува
порака за предупредување.
Изберете Continue (Продолжи) за
да ги ресетирате поставите.
Верзија на системот Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Листајте и изберете Software
Information (Информации за
софтверот) .
Ако е поврзан USB уред, на него можете да ги зачувате
информациите за возилото.
Одберете го System Update
(Ажурирање на системот) и потоа
Save Vehicle Info to USB (Зачувај ги информациите за возилото на
USB) .
За ажурирање на системот,
контактирајте со сервисот.Поставки на возилото
Поставките за возилото се
опишани во Сопственичкиот
прирачник.
Page 115 of 145
Радио115РадиоУпотреба................................... 115
Пребарување станици .............115
Списоци со миленици ..............117
Радио податочен систем
(RDS) ......................................... 118
Дигитална аудио дифузија ......119Употреба
Активирање на радиото
Притиснете ; и потоа изберете
AUDIO (АУДИО) . Се прикажува
последниот избран главен
изборник за звук.
Изберете Source (Извор) на
долниот ред од активниот главен
изборник за радио за да ја отворите
интерактивната лента за избор.
Одберете ја саканата бранова
должина.
Ќе се прима последната пуштена
станица во избраното фреквентно
подрачје.
Пребарување станици
Автоматско пребарување на
станици
Кратко притиснете или допрете
t или v на контролната табла
или на екранот за да ја пуштите
претходната или следната станица
во меморијата на станици.
Рачно пребарување на станициПритиснете и задржете t или v
на контролната табла. Отпуштете
кога е речиси достигната бараната
фреквенција.
Page 116 of 145
116РадиоСе врши барање на следната
станица која може да се прими и
таа се пушта автоматски.
Забелешка
Бранова должина FM: Кога
функцијата за RDS е активирана,
се бараат само RDS станици
3 118 , а кога радио сообраќајната
услуга (TP) е активирана, се
бараат само станици со
сообраќајна услуга 3 118.
Местење станици
Допрете B на екранот. Се
прикажува екранот Direct tune
(Директно пребарување) .Внесете ја саканата фреквенција.
Користете r за да ги избришете
внесените цифри. Ако е потребно,
допрете d или c за подоцна да го
приспособите внесувањето.
Потврдете го внесувањето за да ја
пуштите станицата.
Списоци со станици
Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од активниот главен
изборник за радио за да го
отворите соодветниот посебен
подизборник за брановата
должина.Изберете Station List (Листа
станици) за конкретна бранова
должина. Се прикажуваат сите
станици што може да се примат на
соодветната бранова должина и во моменталното подрачје на прием.
Одберете ја саканата станица.
Забелешка
На моментално приманата радио
станица укажува симболот l до
името на станицата.
Списоци со категории
Бројни радио станици емитуваат
шифра PTY што го определува
видот на емитуваната програма (на
пр. вести). Некои станици ја
менуваат и шифрата PTY, зависно
од содржината што се емитува во
моментот.
Инфозабавниот систем ги
зачувува тие станици, подредени
според видот на програмата, на
соодветниот список со категории.
Забелешка
Ставката Categories (Категории)
од списокот е достапна само за
брановите должини FM и DAB.
Page 117 of 145
Радио117За да пребарувате за тип програма
определена од станиците,
изберете Categories (Категории) .
Се прикажува листа со типови
програми што се моментално
достапни.
Одберете го саканиот вид на
програмата. Се прикажува листа на станиците што емитуваат
програма од избраниот вид.
Одберете ја саканата станица.
Забелешка
На моментално приманата радио
станица укажува симболот l до
името на станицата.
Ажурирање списоци со станици
Ако станиците зачувани на
одреден список со станици за
фреквентно подрачје не можат
веќе да се примаат, списоците на
станици АМ и DAB треба да се
ажурираат.
Забелешка
Листата станици FM се ажурира
автоматски.Изберете Menu (Изборник) на
долниот ред од активниот главен
изборник за радио, па изберете
Update Station List (Ажурирање на
списокот станици) .
Забелешка
Ако се ажурира список на станици
специфични за некое фреквентно
подрачје, се ажурира и
соодветниот список на категории.
Почнува барање станици и се
прикажува соодветна порака.
Штом ќе заврши барањето, се
прикажува односната листа
станици.
Забелешка
На моментално приманата радио
станица укажува симболот l до
името на станицата.
Списоци со миленици
Станици од сите бранови должини
може да се зачуваат рачно на
списоците со миленици.
Достапни се пет списоци со
миленици и во секој од нив може да се зачуваат по 5 станици.
Забелешка
Моментално приманата станица се селектира.
Зачувување станица
Ако е потребно, допрете < или > за
да листате низ омилените
страници.
За да ја зачувате моментално
активната радио станица на
екранско копче од меморијата:
допрете го и држете го саканото
екранско копче неколку секунди.
Page 118 of 145
118РадиоСоодветната фреквенција или имена станицата се прикажува на
екранското копче.
Повикување на станици Ако е потребно, допрете < или > за
да листате до саканата страница
со омилени.
Изберете го екранското копче за
меморијата во која е сочувана
саканата радио станица.
Одредување на бројот на
достапните страници со
омилени
За да го одредите бројот на
омилените страници што се
прикажуваат за изборот,
притиснете ;, па изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) на
екранот.
Изберете Radio (Радио) , а потоа
Manage Favourites (Ракување со
милениците) за да се прикаже
односниот подизборник.Во зависност од омилените
страници што сакате да се
прикажат, активирајте ги или
деактивирајте ги страниците.
Радио податочен систем(RDS)
RDS е услуга на FM станиците која значително го олеснува наоѓањето на саканата станица и приемот за
неа без грешка.
Предности на RDS ● На екранот се појавуваат името на програмата на
станицата наместо
фреквенцијата.
● При барање станици, Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
● Инфозабавниот систем секогаш ја пушта
фреквенцијата со најдобарприем на наместената станица со помош на AF (алтернативна
фреквенција).
● Зависно од станицата што се прима, инфозабавниот систем
прикажува радио текст што
може да содржи, на пример, информации за актуелната
програма.
Конфигурација RDS Допрете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за FM-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
брановата должина.
Листајте до RDS.
Активирајте или деактивирајте
RDS .
Сообраќајна програма
Станиците со радио сообраќајна
услуга се RDS станици кои
емитуваат сообраќајни вести. Ако е
вклучена сообраќајната услуга,
моментално пуштениот
аудиоизвор се прекинува додека
трае сообраќајното соопштение.
Page 119 of 145
Радио119Активирање на функцијата за
сообраќајна програма
Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за FM-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
брановата должина.
Допрете го екранското копче до
Traffic Programme (Сообраќајна
програма) за да ја активирате или
деактивирате функцијата.
Забелешка
Во списокот на станици, до
станицата што овозможува
сообраќајна програма се
прикажува TP.
Ако е активирана радио
сообраќајната услуга, во горниот ред на сите главни изборници е
прикажано [TP]. Ако моменталната
станица не е станица со радио
сообраќајна услуга, TP е посивено
и автоматски почнува да се бара
следната станица со радио
сообраќајна услуга. Штом ќе се
најде станица со радио
сообраќајна услуга, TP енагласено. Ако не се најде станица
со радио сообраќајна услуга, TP
останува посивено.
Ако се емитува сообраќајно
соопштение на односната станица, се прикажува порака.
За да го прекинете соопштението и
да се вратите на претходно
активираната функцијата, допрете
го екранот или притиснете m.
Регионализација
Понекогаш станиците со RDS
емитуваат регионално различни
програми на различни
фреквенции.
Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за FM-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
бранова должина и листајте до
Region (Регион)
Активирајте или деактивирајте
Region (Регион) .
Ако е активирана
регионализацијата, се избираат
алтернативни фреквенции со
истите регионални програми кога епотребно. Ако регионализацијата е исклучена, се избираат
алтернативни фреквеции на
станиците без оглед на
регионалните програми.
Дигитална аудио дифузија DAB дигитално емитува
радиостаници.
Станици со DAB се означуваат со
името на програмата наместо
фреквенцијата на емитувањето.
Општи информации ● Со DAB може да се емитуваат повеќе радиопрограми
(сервиси) на еден ансамбл.
● Покрај висококвалитетните дигитални аудио услуги, DAB
исто така е способен да
предава податоци поврзани со
програмите и мноштво други
податочни услуги вклучувајќи
информации за патувањето и
за сообраќајот.
● Се додека еден даден DAB приемник може да го фати
сигналот испратен од некоја
Page 120 of 145
120Радиостаница за дифузија (дури ако
сигналот е многу слаб),
репродукцијата на звукот е
обезбедена.
● Во случај на лош прием, гласноста се намалува
автоматски за да се избегне емитување бучава.
Ако DAB сигналот е премногу
слаб за дешифрирање со
приемникот, приемот се
прекинува целосно. Ова може да се избегне со активирање
на DAB-DAB Linking
(Поврзување DAB-DAB) и/или
DAB-FM Linking (Поврзување
DAB-FM) во изборникот на DAB
(видете подолу).
● Пречење предизвикано од станиците кои се на блиски
фреквенции (појава која е
типична за приемот AM и FM)
не се појавува со DAB.
● Ако DAB сигналот го одбиваат природни пречки или згради,
квалитетот на приемот на DABсе подобрува, додека AM или
FM приемот значително се
влошува во таквите случаи.
● Кога е вклучен прием DAB, FM-
приемникот на инфозабавниотсистем останува активен во
заднина и постојано ги бара
FM-станиците со најдобар
прием. Ако е вклучено TP
3 118, се емитуваат
сообраќајните соопштенија на
FM-станицата со најдобар
прием. Исклучете го TP ако не
сакате приемот DAB да се
прекинува со сообраќајни
соопштенија FM.
Соопштенија DAB
Покрај нивните музички програми,
многу станици DAB емитуваат и
соопштенија од разни категории.
Ако активирате некои или сите
категории, сервисот DAB што се прима моментално се прекинувакога има соопштение од таков вид.Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за DAB-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
брановата должина.
Листајте низ списокот и изберете
DAB Announcements (Соопштенија
DAB) за да се прикаже листа на
достапните категории.
Активирајте ги сите или само
саканите категории соопштенија.
Може да се изберат разни
категории на соопштенија
истовремено.
DAB-DAB Linking (Поврзување
DAB-DAB)
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на истиот
сервис (програма) на друг
ансамбл DAB (ако е достапна) кога
сигналот DAB е премногу слаб за да го прими приемникот.
Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за DAB-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
брановата должина.