OPEL INSIGNIA BREAK 2017.5 Сопственички прирачник
Page 181 of 343
Возење и ракување179палењето на возилото со
копчето. Свртете ги предните
тркала кон работ на
тротоарот.
● Затворете ги прозорците и подвижниот покрив.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење или исклучете го
палењето на возилото со
копчето за вклучување.
Завртете го воланот додека
не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.
Кај возилата со автоматски менувач, клучот може да се извади само кога рачката наменувачот е во положба P.
● Заклучете го возилото со
копчето e на далечинскиот
управувач.
Активирајте го системот за тревожење при кражба 3 32.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 261.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Page 182 of 343
180Возење и ракувањеФилтер за дизелскичестички
Процес на автоматско чистење
Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Обично се потребни меѓу седум и
дванаесет минути. Autostop не е
достапно и потрошувачката на
гориво може да биде поголема за
тоа време. Испуштањето на
миризби и чад за време на овој
процес е нормално.Системот бара процес на
чистење
Во извесни услови за возење,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возење не овозможиле
автоматско чистење, тоа ќе се
означи со % и предупредувачка
порака во Информативниот центар за возачот.
% свети со предупредувачка
порака кога филтерот за дизелски
честички е полн. Почнете го
процесот на чистење колку е можно
поскоро.
% со порака за предупредување
трепка кога филтерот за дизелски
честички го достигнал
максималното ниво за полнење.
Почнете го процесот на чистење
веднаш за да се избегне
оштетување на моторот.Активирајте го процесот на
самостојно чистење
За да се активира процесот на
чистење, продолжете со возењето, држете ја брзината на моторот над
2000 вртежи на минута. Сменете во
помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски честички.
Чистењето се одвива најбрзо при
големи брзини и оптовареност на
моторот.
Контролната сијаличка % се гасне
штом ќе заврши процесот на
самочистење. Продолжете да
возите додека не заврши процесот
на самочистење.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Page 183 of 343
Возење и ракување181Процесот на чистење не е
можен
Ако чистењето не е можно од некои причини, светнува Z и
предупредувачка порака се
појавува во Информативниот
центар на возачот. Моќноста на
моторот може да се намали.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 250, 3 316 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
AdBlue
Општи информации Селективното каталитичко
намалување ( BlueInjection) е метод
на значително намалување на
азотните оксиди во издувните
емисии. Тоа се постигнува со
инјектирање издувна течност од
дизел во издувниот систем.
Амонијакот што се ослободува од
течноста реагира со азотните
гасови (NO x) од системот за
издувни гасови и се претвора во
азот и вода.
Ознаката на оваа течност е AdBlue
® . Тоа е нетоксична, незапалива,
безбојна течност без мирис што се
состои од 32% уреа и 68% вода.9 Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.
Внимание
Избегнувајте контакт на бојата
со AdBlue.
Во случај на контакт, исплакнете со вода.
AdBlue замрзнува на температура
од приближно 11 °C. Со оглед на
тоа што возилото е опремено со предгреач за AdBlue, обезбедено е
Page 184 of 343
182Возење и ракувањенамалување на емисиите при
ниски температури. Предгреачот
за AdBlue работи автоматски.
Вообичаената потрошувачка на
AdBlue е околу два литри на
1000 км, но може да биде и
поголема во зависност од начинот
на возење и натовареноста на
возилото.
Резервоар за AdBlue Кога ќе останат уште околу
пет литри, има прекинувач за
нивото на течноста. Пораки за
предупредување се прикажуваат
само под тој праг. Ниво во
резервоарот 3 321.
Предупредувања за нивото Во зависност од пресметаното
растојание за AdBlue, во
Информативниот центар за
возачот се прикажуваат различни
пораки. Пораките и
ограничувањата се законска
обврска.
Првото можно предупредување е
AdBlue Range: ( Опсег AdBlue:) 2400
км .Ова предупредување ќе се
прикаже еднаш кратко со
пресметаното растојание.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Во следново ниво се влегува кога
растојанието е помало од 1750 км.
Пораката со тековното растојание ќе се прикажува секогаш кога ќе се вклучи палењето и треба да се
потврди 3 114. Дополнете AdBlue
пред да влезете во следното ниво
за предупредување.
Кога растојанието со AdBlue е под
900 км, наизменично се
прикажуваат следниве пораки за
предупредување и не можат да се
отфрлат:
● AdBlue Low Refill Now (AdBlue
е при крај, дополнете веднаш)
● Engine Restart Prevented in
(Рестартирање на моторот е
спречено во) 900 км .
Дополнително, контролната
сијаличка Y трепка постојано.Забелешка
Во случај на голема потрошувачка
на AdBlue, Информативниот
центар за возачот може да го
прикаже ова предупредување без
претходните фази на
предупредување.
Во последното ниво на
предупредување се влегува кога
резервоарот за AdBlue е празен.
Моторот не може повторно да се
стартува. Наизменично се
прикажуваат следниве пораки за
предупредување и не можат да се
отфрлат:
● AdBlue Empty Refill Now (Нема
AdBlue, дополнете веднаш)
● Engine Will Not Restart
(Моторот нема да стартува) .
Дополнително, контролната
сијаличка Y трепка постојано.
Кога е активно спречувањето на
стартувањето на моторот, ќе се
прикаже следнава порака:
Refill AdBlue To Start Vehicle
(Дополнете AdBlue за да го
стартувате возилото) .
Page 185 of 343
Возење и ракување183Резервоарот мора целосно да се
наполни со AdBlue, затоа што во
спротивно моторот нема да може
да се стартува.
Предупредувања за многу
издувни гасови
Ако издувните гасови се зголемат
над одредена вредност,
предупредувања слични на
предупредувањата за опсегот ќе се
прикажат во Информативниот
центар за возачот.
Се прикажуваат барања да се
провери издувниот систем и
конечно соопштение за
спречување на повторно
стартување на моторот. Овие
ограничувања се законски барања.
Консултирајте се со
автомеханичар.Дополнување AdBlueВнимание
Користете само AdBlue што е во согласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.
Инаку, системот за селективно
каталитичко намалување може
да се оштети.
Забелешка
Кога нема пумпа за патнички
автомобили на бензинската
станица, користете само шишиња
или канти за AdBlue со запечатен
адаптер за дополнување за да
спречите прскање или истурање и за да бидете сигурни дека
гасовите од резервоарот се
собираат и не излегуваат. AdBlue
во шишиња или канти е достапна
на многу бензински станици и
може да се купи, на пример, кај застапниците на Opel и во други
продавници.
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го
рокот на траење пред полнењето.
Забелешка
Системот го открива
дополнувањето на AdBlue само
кога е активиран прекинувачот за
нивото на течноста во
резервоарот.
Доколку AdBlue надополнувањето
не е успешно откриено:
1. Непрекинато возете го возилото 10 минути со што ќе
се осигурате дека брзината на возилото е секогаш повисока
од 20 км/ч.
2. Ако успешно се открие дополнувањето на AdBlue,
ограничувањата на
управувањето поради
снабдувањето со AdBlue ќе
исчезнат.
Page 186 of 343
184Возење и ракувањеАко се уште не е откриено
дополнувањето на AdBlue,
побарајте помош од
автомеханичар.
Ако треба да се дополни AdBlue
на температура под -11 °C,
системот може да не го открие
дополнувањето. Во тој случај,
паркирајте го возилото на место
со повисока околна температура
додека AdBlue не стане течна.
Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење, може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоа
што пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.
Резервоарот за AdBlue треба да се наполни целосно. Тоа мора да се
направи ако веќе се прикажува
пораката за предупредување за
спречување на стартувањето на
моторот.
Возилото мора да се паркира на
рамна површина.Отворот за дополнување AdBlue се
наоѓа зад капачето за гориво, што
се наоѓа на десната задна страна
од возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено.
1. Извадете го клучот од бравата за палење.
2. Затворете ги сите врати за да не навлезат амонијачни
испарувања во внатрешноста
на возилото.
3. Ослободете ја вратничката на резервоарот така што ќе ја
притиснете 3 251.4. Одвртете го заштитното капаче
од грлото за полнење.
5. Отворете ја кантата за AdBlue.
6. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
7. Подигнете ја кантата додека не се испразни или додека
протокот од кантата не запре.
Тоа може да потрае до
пет минути.
8. Спуштете ја кантата за да се испразни цревото и почекајте
15 секунди.
9. Одвртете го цревото од грлото за полнење.
10. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.
Забелешка
Фрлете ја кантата за AdBlue
според барањата за животна
средина. Цревото може да се
употреби повторно откако ќе се исплакне со чиста вода пред да се
исуши AdBlue.
Page 187 of 343
Возење и ракување185Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува автоматско менување брзини
(автоматски режим) или рачно
менување брзини (рачен режим).
Рачното менување е можно во
рачниот режим со потчукнување на рачката на менувачот на + или - или
со влечење на лостовите на
воланот.
Екран на менувачот
Илустрациите покажуваат
различни верзии.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува режимот или избраната брзина.
Во автоматскиот режим,
програмата за возење е прикажана
со D.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Рачка на менувачотP:позиција за паркирање,
тркалата се заклучени,
изберете само кога возилото
стоиR:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режимM:рачен режим<:ставање во поголема брзина
во рачен режим]:ставање во помала брзина во
рачен режим
Page 188 of 343
186Возење и ракување
Рачката на менувачот е заклучена
во P и може да се помести само
кога палењето е вклучено, копчето
на рачка на менувачот е
притиснатo и педалот на
сопирачките е нагазнат.
Без нагазување на педалата на
сопирачките, контролната
сијаличка j свети.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
трепка контролната сијаличка j.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само
кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас кога ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува да лази кога се
отпушта сопирачката.
Моторно кочење
За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини, видете под
„рачен режим“.Нишање на возилото
Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
јама. Местете ја рачката на
менувачот помеѓу D и R повеќе
пати. Не турирајте го моторот и избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во P.
Рачен режим
Рачка на менувачот
Page 189 of 343
Возење и ракување187Поместete ја рачката на менувачот
од положбата D кон лево во
положбата M.
Рачниот режим M може да се
активира од позицијата D при
секоја ситуација и брзина на
возење.
Допрете ја рачката на менувачот
нагоре + за да се префрли во
поголема брзина.
Допрете рачката на менувачот
надолу - за да се префрли во
помала брзина.
Избраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Лостови на воланотПоместete ја рачката на менувачот
од положбата D кон лево во
положбата M.
Рачниот режим M може да се
активира од позицијата D при
секоја ситуација и брзина на
возење.
Влечете ги лостовите на воланот
за рачно менување на брзините.
Повлечете го десниот лост + за да
се префрли во поголема брзина.
Повлечете го левиот лост - за да се
префрли во помала брзина.
Повеќекратното повлекување
овозможува прескокнување
брзини.
Избраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Приверемен рачен режим во
режимот за возење D
Рачното менување со лостовите е
можно и во автоматскиот режим D.
По завршувањето на рачното
менување брзини, преносот се менува во автоматски режим D по
одредено време.За да го прекинете рачниот режим
и да се вратите на D, направете
едно од следново:
● Притиснете го лостот +
1 секунда.
● Поместете ја рачката на менувачот налево за рачен
режим и назад во положбата D.
Ако возилото е во мирување и
моторот работи во празен од,
менувачот ќе остане во привремен рачен режим. Се менува во
автоматски режим кога се ракува
со педалата на гасот одредено време и не се смени брзина со
рачка на воланот.
Општо
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар за возачот.
Во рачниот режим не се врши
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
Page 190 of 343
188Возење и ракувањена вртежи на моторот, освен при
активирање на функцијата за
збоднување.
Показател за менување брзини
Симболот R или S со бројка до
него се покажува кога се
препорачува менување брзина
заради штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Електронски програми за
возењето
● По ладно палење, програмата за работна температура ја
зголемува брзината на
моторот за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
● Кога е активен режимот SPORT, менувачот ги менува
брзините при поголеми брзини
на моторот (освен ако не е
вклучена контролата на
патувањето). SPORT режимот
3 197.● Специјални програми
автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.
● Во снежни или подмрзнати услови или на други лизгави
површини, контролата на
електронскиот пренос му
овозможува на возачот да
избере рачно прва, втора или
трета брзина за поаѓање.
Збоднување
Притискањето на педалата за гас повеќе од жлебот за збоднување ќе
предизвика максимално
забрзување дури и во рачен
режим. Преносот се префрла во
помала брзина во зависност од
брзината моторот, а во поголема
брзина при високи вртежи на
моторот.
Заштита од прегревање
Во случај на прегревање на
преносот поради висока
надворешна температура или
спортски стил на возење,вртежниот момент и максималната брзина на моторот може
привремено да се намалат.
Дефект Во случај на грешка, во
Информативниот систем за
возачот се прикажува порака за
возилото. Пораки за возилото
3 128.
6-степен автоматски менувач:
контролата на автоматскиот
пренос ја овозможува само
четвртата брзина. 8-степен
автоматски менувач: контролата
на автоматскиот пренос ја
овозможува само третата брзина.
Менувачот веќе не менува брзини
автоматски.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањето Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.