OPEL INSIGNIA BREAK 2018 Сопственички прирачник

Page 301 of 367

Нега на возилото299Дополнителната опрема може да ја
намали максималната брзина на
возилото.
Перформанси 3 333.
Еднонасочни гуми Еднонасочните гуми треба да се
монтираат така што ќе се вртат во
правилна насока. Правилната
насока на вртење ја покажува
симбол (на пр. стрелка) од
страната на гумата.
Притисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.
Притисок во гумите 3 340.
Етикетата со информации за
притисокот на гумите на рамката на
левата врата укажува на
оригиналните гуми и на
соодветните притисоци во гумите.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за целосна оптовареност.
ECO притисокот на гумите служи
да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.
Уверете се дека поставката за
оптоварување на гумите се
совпаѓа со моменталниот притисок во гумите. Оптоварување на
гумите 3 300.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисокот во гумите се
разликува, зависно од разните
опции. За правилни вредности на
притисокот, следете ја постапката
подолу:
1. Идентификувајте ги погонската оска и стилот на каросеријата.
2. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 332.
3. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок во гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 340.

Page 302 of 367

300Нега на возилотоЗа гумите одобрени за Вашето
возило, видете во Сертификатот за сообразност на ЕК доставен со
возилото или во други национални
документи за регистрација.
Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
9 Предупредување
За специфични гуми,
препорачаниот притисок во
гумите што е прикажан во
табелата за притисок во гумите може да биде поголем од
максималниот притисок во
гумите што е наведен на гумата.
Никогаш не надминувајте го
максималниот притисок што е
прикажан на гумата.
Откако ќе го приспособите
притисокот во гумите, изберете ја
соодветната поставка за
оптоварување на гумите на
страницата Оптоварување на
гумите во Информативниот центар
за возачот, 3 124.
Зависност од температурата Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат. Вредностите на
притисокот во гумите кои се дадени на етикетата за информации за
притисокот на гумите, важи за
ладни гуми што значи на 20 °C.
Притисокот се зголемува за околу
10 kPa за покачување на
температурата од 10 °C. Тоа мора да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Вредноста на притисокот во гумите
прикажана во Информативниот
систем за возачот го покажува
реалниот притисок во гумите.
Оладена гума ќе покаже намалена
вредност, што не укажува на
излегување на воздух.
Систем за следење напритисокот на гумите
Системот за контрола на
притисокот во гумите го проверува
притисокот во сите четири тркала
еднаш по минута кога брзината на
возилото ќе надмине определена
граница.Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.

Page 303 of 367

Нега на возилото301Сите четири тркала треба да се
опремат со сензори за притисокот
во гумите, и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот во гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе ја поништи дозволата за работа
на возилото.
Изберете ја страницата Следење
на притисокот во гумите под
изборникот Информации во
Информативниот центар за
возачот 3 124.Состојбата на системот и
предупредувања за притисокот се
прикажуваат со порака укажувајќи на соодветната гума во
Информативниот центар за
возачот.
Системот ја зема предвид
температурата на гумите и
поставката за оптоварувањето на
гумите за предупредувањата.
Поставка за оптоварување на
гумите, погледнете подолу во овој
дел.
Зависност од температурата
3 299.
Откриен слаб притисок во гума се
покажува со контролната сијаличка
w 3 121.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 340.
Уверете се дека статусот на
натовареност на возилото се
совпаѓа со избраниот притисок во
гумите. Статус на натовареност на
возилото, погледнете подолу во
овој дел.
Откако ќе се напумпаат, може да
биде потребно одредено возење за
да се ажурираат вредностите на
притисокот во гумите во
Информативниот центар за
возачот. За тоа време, w може да
продолжи да свети.
Ако свети w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
укажува дека се работи за низок
притисок. Проверете го притисокот
во гумите.
Пораки за возилото 3 138.
Монтирајте само тркала со сензори за притисок, инаку притисокот во
гумите нема да се прикажува и w ќе
свети постојано.
Резервното тркало или
привременото резервно тркало не
е опремено со сензори за притисок. Системот за контрола на

Page 304 of 367

302Нега на возилотопритисокот во гумите не
функционира за тие тркала.
Контролна сијаличка w се пали. За
понатамошните три тркала
системот останува функционален.
Употребата на течните комплети за поправање на гуми што се
достапни во трговијата може да го
влоши функционирањето на
системот. Може да се користат
фабрички одобрени комплети за
поправање гуми.
Работата со електронски уреди или
близината до објекти кои користат
слични бранови на фреквенција
може да доведе до нарушување на системот за следење на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат гумите сензорите на системот за следење
на притисокот во гумите треба да
се демонтираат и сервисираат. За
сензорите со навој, заменете ги
иглата на вентилот и заптивниот
прстен, за сензорите со штипка,
заменете го целиот вентил.
Користете само оригинални
пластични капачиња за вентилите
за да ги заштитите од оштетување.Внимание
Не користете метални капачиња за вентилите затоа што
предизвикуваат оксидирање и
оштетување на вентилите.
Состојба на оптовареност на
возилото
Прилагодете го притисокот во
гумите според етикетата за
информации за гумите или
табелата со притисоци за гумите 3 340 и изберете ја соодветната
поставка на страницата
Оптовареност на гумите во
изборникот Поставки на
Информативниот центар за
возачот 3 124. Оваа поставка ја ги
определува референтните
притисоци за предупредувањата
на притисокот во гумите.
Во зависност од екранот,
изборникот Ставање на гуми се
појавува само ако возилото е во мирување или е употребена
сопирачка за паркирање. Кај
возилата со автоматски менувач
рачката на менувачот мора да биде
во P.
Изберете:
● Light (Светло) за удобен
притисок за до 3 лица.
● Eco (Еко) за економичен
притисок за до 3 лица.
● Max (Макс.) за целосна
оптовареност.
Функција ауто-учење Откако ќе се сменат тркалата илипозицијата на тркалата, возилото
треба да мирува околу 20 минути
пред системот да пресмета

Page 305 of 367

Нега на возилото303повторно. Следниов процес на
повторно учење трае до
10 минути при возење со брзина од
40 до 100 км/ч. Потрудете се да не
возите надвор од овој опсег
подолго време. Ако е можно,
користете автопат или сличен пат
што овозможува постојано возење.
Во текот на процесот на повторно
учење, може да се прикаже $ или
вредностите на притисокот може
да се заменат во Информативниот
центар за возачот.
Ако се појават проблеми во текот
на процесот на повторно учење, на Информативниот центар за
возачот се прикажува порака за
грешка. w ќе трепка 60 секунди, а
потоа ќе свети постојано.
Ако се случи тоа, повторете го
процесот на учење. Оставете го
возилото неподвижно околу 20
минути, па возете повторно 10
минути како што е опишано погоре.
Длабочина на шарата Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини ако
длабочината на шарите падне под 2-3 мм (4 мм за зимските гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една осовина
да не варира повеќе од 2 mm.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред отколку назад, повремено
заменувајте ги предните и задните тркала. Погрижете се насоката на
вртењето на тркалата да остане
иста.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Менување на големинатана гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
Ако ставите тркала друга
големина, заменете ја
налепницата со притисоците во
гумите и преинсталирајте го
системот за откривање на
издишаноста на гумите. 3 300

Page 306 of 367

304Нега на возилото9Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе ја поништи
дозволата за работа на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.
9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возила со челични тркала: Кога
користите завртки за заклучување
на тркалата, не ставајте раткапни.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџири за гуми се дозволени
само за гумите со големина
215/60 R16, 215/55 R17,
225/55 R17 и 235/45 R18.
Привремено резервно тркало
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.

Page 307 of 367

Нега на возилото305Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 mm или што се на
страничниот ѕид на гумата не може
да се поправат со комплетот за поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Достапни се два типа комплети за
поправање гуми:
● Тип 1 што се одликува со
прекинувачот за вклучување/
исклучување на горниот дел од
компресорот.
● Тип 2 што се одликува со
прекинувачот за вклучување/
исклучување на страната од
компресорот.
Ако возилото има издишана гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Кај возила со аудиосистем со
звучници, комплетот за поправање
гуми се наоѓа заедно со алатите.

Page 308 of 367

306Нега на возилотоКај другите возила, комплетот за
поправање гуми се наоѓа во торба.
Разлабавете ја завртката и
извадете ја торбата.
Извадете ги шишето со заптивна
смеса и компресорот од кутијата.
1. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
2. Тип 1: навртете го цревото за
воздух од компресорот на приклучокот од шишето созаптивна смеса и ставете го
шишето со заптивна смеса во
држачот на компресорот.
Тип 2: извадете го затворачот
од компресорот и од шишето со
заптивна смеса. Навртете го
шишето на компресорот без да
ја отстранувате фолијата од
шишето.
3. Поставете го компресорот близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.

Page 309 of 367

Нега на возилото3074. Отштрафете ги капаците навентилите од дефектната гума.
5.Тип 1: навртете го цревото за
полнење на вентилот од гумата.
Тип 2: извадете го заштитното
капаче од цревото за полнење
и навртете го цревото за
полнење на вентилот од гумата.
Вентилот за испуштање воздух
мора да биде затворен (завртен
надесно).
6. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
7. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
8. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
9. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
10. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
11. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 340. Кога

Page 310 of 367

308Нега на возилотоќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
Тип 1: ако притисокот во гумите
не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Проверете го
притисокот во гумите уште
еднаш. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Ако притисокот за гумите се
достигне во рок од 10 минути,
поправете го пропишаниот
притисок во гумите со
користење на компресорот за
да го зголемите или намалите
со копчето на показателот за
притисок.
Тип 2: извадете го комплетот за
поправање гуми и возете
веднаш до 10 км, но не подолго од 10 минути. Проверете го
притисокот во гумите уште
еднаш. Ако притисокот за
гумите не се достигне, повторно закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е
достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Ако притисокот во гумите се
достигне, поправете го
пропишаниот притисок во
гумите со користење на
компресорот за да го зголемите или намалите со отворање на
вентилот за испуштање воздух
(вртете налево) на цревото за
воздух.
12. Откачете го комплетот за поправање гуми.
Тип 1: притиснете ја спојката на
рамката за да го извадите
шишето со заптивна смеса од
рамката. Зашрафете го
цревото за пумпање на гуми врз слободната врска на шишето со заптивната смеса. Тоа ја
спречува заптивната смеса да
истече.
Тип 2: шишето со заптивна
смеса не може да се отстрани
од компресорот. Шишето со

Page:   < prev 1-10 ... 261-270 271-280 281-290 291-300 301-310 311-320 321-330 331-340 341-350 ... 370 next >