OPEL INSIGNIA BREAK 2019.5 Сопственички прирачник
Page 321 of 369
Нега на возилото319Нега за изгледот
Нега на надворешноста
Брави Бравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Користете
средство за одмрзнување само
кога е апсолутно неопходно,
бидејќи тоа одмастува и ја
попречува функционирањето на
бравите. По употребата на
средство за одмрзнување, нека Ви
ги подмачка бравите повторно
автомеханичар.
Миење
Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за
возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да сеисчистат, бидејќи содржат
агресивни состојки што може да ја
оштетат бојата.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачите на
шофершајбната и бришачот на
задното стакло мора да бидат
исклучени. Извадете ги антената и
надворешните додатоци, како на
пример багажниците за на покрив,
итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна
на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.
Чистете ги светлите метални
украси со раствори за чистење
одобрени за алуминиум за да се
избегне штета.Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вредност
четири до девет.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците:остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја
намалат видливоста.
Нека Ви ги подмачкува шарките на
вратите со мазиво автомеханичар.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Page 322 of 369
320Нега на возилотоНадворешни светла
Капаците на предните фарови и на другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување восок Редовно полирајте го возилото со
полир паста (најдоцна кога веќе не
се формираат капки од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако
бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Пластичните делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.Прозорци и четкички на
бришачите на шофершајбната
Исклучете ги бришачите пред да
пристапите до нивните области.
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Чистете ги четкичките на
бришачите што замачкуваат со
мека крпа и средство за чистење на прозорци.
Отстранете ги наслагите
нечистотија од замачкувачките
бришачи со мека крпа и средствоза чистење прозорци. Внимавајте и
да отстраните остатоци од восок,
инсекти и слично од стаклото.
Остатоци од мраз, загадување и постојано бришење на суви стакла
ќе ги оштети, па и уништи
бришачите.
Подвижен покрив
Никогаш не чистете го со раствори или нагризувачки средства, горива,агресивни средства (на пр.
растворувач за бои, раствори што
содржат ацетон итн.) кисели или многу алкални средства или
абразивни сунѓери. Не нанесувајте
восок или средства за полирање
врз подвижниот покрив.
Тркала и гуми Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да се чистат со истите средства како и шасијата.
Page 323 of 369
Нега на возилото321Оштетување на бојатаПоправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.
Подвозје
Некои предели на подвозјето на возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
повеќе заштитен восок ако е
потребно.
Битуменски / гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.Систем на течен гас9 Опасност
Течниот гас е потежок од
воздухот и може да се собира во дупки.
Внимавајте кога работите на
подвозјето во канал.
За боење и кога се користи комора за сушење со температура над
60 °C, резервоарот за течен гас
мора да се извади.
Не вршете измени на системот за
течен гас.
Опрема за влечење Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Капак за воздухот
Исчистете го системот отвори за
воздух на предниот браник за да се
одржи правилно функционирање.
Нега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
вода и мека крпа. Доколку е многу
извалкан, користете средство за
чистење кожа.
Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Тапацирот чистете го со
првосмукалка и со четка. Извадете ги флеките со средство за чистењена тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да
не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
Page 324 of 369
322Нега на возилотона тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
само со млака вода или средство
за чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото средство за чистење кое се
користат за чистење на
каросеријата Употребете средство
за чистење на внатрешноста ако е
потребно. Не користете други
средства. Избегнувајте ги
растворувачите и особено
бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Page 325 of 369
Сервисирање и одржување323Сервисирање и
одржувањеОпшти информации .................323
Сервисни информации ..........323
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 324
Препорачаните течности и средства за подмачкување ..324Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е
определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 114.
Европски сервисни периоди
Вашето возило треба да се
одржува на секои 30000 км или по
една година, кое и да настапи прво. Кога е потребна дополнителна
замена на моторното масло и
филтерот порано од одржувањето,
тоа се прикажува на системот за
работниот век на моторното масло.
Покус сервисен период може да
важи за потешки услови за
возење,на пр. за таксија и за
полициски автомобили.Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:
Андора, Австрија, Белгија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија,
Грција, Гренланд, Унгарија,
Исланд, Ирска, Италија, Латвија,
Лихтенштајн, Литванија,
Луксембург, Македонија, Малта,
Монако, Црна Гора, Холандија,
Норвешка, Полска, Португалија,
Романија, Сан Марино, Србија,
Словачка, Словенија, Шпанија,
Шведска, Швајцарија,
Обединеното кралство.
Екран за сервисирање 3 114.
Меѓународни сервисни
периоди
Постои потреба од одржување на
Вашето возило на 15000 км или по 1 година, кое и да настапи прво,
освен да не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Тешки услови за работа постојат
ако често се случуваат една или
неколку од следниве околности:
Ладно стартување, тргнување и
Page 326 of 369
324Сервисирање и одржувањезастанување, влечење приколка,
возење по планински терен,
возење на лоша или песоклива
подлога, зголемено загадување на
воздухот, присуство на песок и
големо количество прашина во
воздухот, возење на голема
надморска висина и големи
промени на температурата. Во
овие тешки услови за работа,
можеби ќе биде потребно
сервисирање на одредени делови
почесто од редовниот сервисен
период.
Меѓународните сервисни периоди важат за државите што не се
наброени во списокот за
европските сервисни периоди.
Екран за сервисирање 3 114.
Потврдувања Потврдите на сервисирањето се
евидентира во Сервисната и
гаранцијската книшка. Датумот и
километражата се дополнува со
печат и подпис на работилницата
на сервисирањето.Проверете дека сервисната и
гарантна книшка е пополнета
исправно бидејќи постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако треба да се исполни
каква било рекламација или
добронамерно барање. Добро
служи и кога се продава возилото.Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течности
и средства за подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Page 327 of 369
Сервисирање и одржување325Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозност дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 329.
Дотурање моторно маслоВнимание
Ако се истури масло, избришете го и фрлете го правилно.
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Забрането е користењето моторни
масла за сите бензински мотори
само со квалитет ACEA бидејќи тоа
може да предизвика оштетување
на моторот во одредени услови на
работа.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 329.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Класи по вискозитет на моторното
масло
Класата на вискозност SAE дава информации за густината на
маслото.
Повеќекласното масло се означува
со две бројки, на пр., SAE 5W-30.
Првата бројка, по којашто следи W, ја означува вискозноста при нискитемператури, а втората бројка јаозначува вискозноста при високи
температури.Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 329.
Сите препорачани класи
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и антифриз
Користете го само органското
киселинско долготрајно средство
за ладење (LLC) (антифриз)
одобрено за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење направено за
одлична заштита од корозија и од
смрзнување до околу -28 °C. Во
ладните региони со многу ниски
температури, фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува
во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои
Page 328 of 369
326Сервисирање и одржувањесе предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија
или изолација против помали
протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од
употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Течност за миење
Користете само течност за миење
што е одобрена за возилото за да
спречите оштетување на
бришачите, бојата, пластичните и гумените делови. Посоветувајте се
со автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.AdBlue
Користете само AdBlue занамалување на азотните оксиди во издувните емисии 3 189.
Page 329 of 369
Технички податоци327Технички податоциИдентификација на возилото..327
Идентификациски број на возилото ................................ 327
Идентификациска табличка ..327
Идентификација на моторот . 328
Податоци за возилото .............329
Препорачани течности и средства за подмачкување ..329
Податоци за моторот .............332
Перформанси ......................... 334
Димензии на возилото ........... 337
Зафатнини .............................. 338
Притисоци во гумите .............339
Димензии за монтирање на куката за приколка ................344Идентификација на
возилото
Идентификациски број на возилото
Идентификацискиот број на
возилото се гледа преку
шофершајбната.
Бројот за идентификација на
возилото може да е отпечатен на
идентификациската плочка и на
подната подлога, под подната
прекривка, видлив под
прекривката, или во моторниот
оддел од десната плоча.
Идентификациска
табличка
Идентификациската етикета е на
рамката на предната лева или
десна врата.
Page 330 of 369
328Технички податоци
Информации на
идентификациската табличка:
1:производител2:број на одобрение на типот3:идентификациски број на
возилото4:дозволена бруто тежина на
возилото во кг5:дозволена бруто влечна
тежина во кг6:најголема дозволена
оптовареност на предната оска во кг7:најголема дозволена
оптовареност на задната оска
во кг8:податоци специфични за
возилото или земјата, на пр.
MY = година на моделот
Вкупниот износ на оптовареноста
на предната и задната оска не смее
да ја надмине дозволената бруто
тежина на возилото.
Максималната тежина на возилото
зависи од спецификациите на
возилото, на пример, изборната опрема и додатоците. Видете во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со возилото или во
другите национални документи за
регистрација.
Техничките податоци се одредени
во согласност со стандардите на
Европската Заедница. Го
задржуваме правото да вршиме
измени. Спецификациите во
документите на возилото секогаш
се поважечки од оние дадени во
овој прирачник.
Идентификација на
моторот
Табелите со технички податоци ја
користат идентификациската
шифра на моторот. Табелата на
податоците за моторот
дополнително го покажуваат
инженерскиот код.
Податоци за моторот 3 332.
За да го идентификувате моторот, видете во Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Сертификатот за сообразност го
покажува кодот за идентификација
на моторот, други национални
публикации може да покажат
инженерски код. Проверете ја
зафатнината на клипот и силата на
моторот за да се идентификува
соодветниот моторот.