run flat OPEL INSIGNIA BREAK 2019.5 Сопственички прирачник
Page 300 of 369
298Нега на возилотоGSi со гуми Michelin Pilot Super
Sport или Pilot Sport 4 S
Овој модел има фабрички
поставени спортски гуми со високи
перформанси кои имаат намалени
перформанси на ниски
температури.9 Опасност
Користете зимски гуми на
температури под 0 °C, затоа што
во спротивно може да се
оштетат спортските гуми со
високи перформанси.
Ознаки на гумите
На пр. 215/60 R 16 95 V
215:широчина на гумата во мм60:профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во %R:вид ремен: РадијаленRF:вид : RunFlat ( функционираат
и издишани)16:пречник на тркалото во инчи95:индекс на оптоварувањето,
на пр. 95 одговара на 690 кгV:буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q:до 160 км/чS:до 180 км/чT:до 190 км/чH:до 210 км/чV:до 240 км/чW:до 270 км/ч
Изберете гума соодветна за
најголемата брзина на ова возило. Видете во Сертификатот за
сообразност на ЕЕЗ доставен со
возилото или во другите
национални документи за
регистрација. Дополнителната
опрема може да ја намали
максималната брзина на возилото.
Еднонасочни гуми Еднонасочните гуми треба да се
монтираат така што ќе се вртат во
правилна насока. Правилната
насока на вртење ја покажува
симбол (на пр. стрелка) од
страната на гумата.
Притисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало.
Тоа важи и за возилата со систем
за контрола на притисокот во
гумите.
Притисок во гумите 3 339.
Етикетата со информации за
притисокот на гумите на рамката на левата врата укажува на
оригиналните гуми и на
соодветните притисоци во гумите.