OPEL INSIGNIA BREAK 2019 Сопственички прирачник

Page 191 of 395

Контрола на климатизацијата189Контрола на
климатизацијатаСистеми за контрола на
климатизацијата .......................189
Систем за климатизација ......189
Електронски систем за контрола на
климатизацијата ...................193
Дополнително греење ...........200
Отвори за проветрување .........200
Приспособливи отвори за проветрување .......................200
Фиксни отвори за проветрување .......................201
Одржување ............................... 201
Довод на воздухот .................201
Обично работење на климатизацијата ...................201
Сервис .................................... 201Системи за контрола
на климатизацијата
Систем за климатизација
На сликата се прикажани функции
кои може да не се достапни за
вашето возило.
Контроли за: ● Брзина на вентилаторот E
● Температура TEMP
● Распределба на воздухот w, x
и y
● Климатизација A/C
● Одмаглување и одмрзнување
á
● Кружење на воздухот n
● Надворешен воздух 5
● Греење на задното стакло и греење на страничните
ретровизори b
● Греење на шофершајбната ,
● Греење на седиштата ß
Некои промени на поставките
кратко се покажуваат на Инфо-
екранот. Активираните функции се
покажуваат со LED-сијаличка во
соодветното копче.
Брзина на вентилаторот E
Регулирајте го протокот на
воздухот со вртење на Z на
саканата брзина.во правец на
стрелките на
часовникот:зголемувањеспротивно од
правецот на
движење на
стрелките на
часовникот:намалување

Page 192 of 395

190Контрола на климатизацијатаТемпература TEMP
Регулирајте ја температурата со
вртење на TEMP на саканата
температура.црвена зона:потоплосина зона:поладно
Греењето нема да биде целосно ефективно додека не ја достигне
нормалната работна температура
моторот.
Распределба на
воздухот w x y
Притиснете:
w:кон шофершајбната и
прозорците на предните вратиx:кон главата и задните
седишта преку
приспособливите отвори за
проветрувањеy:кон предниот и задниот
простор за нозете и
шофершајбната
Комбинации се возможни.
Климатизација A/C
Притиснете го A/C за да го
вклучите ладењето. Активирањето
се означува со сијаличката во
копчето. Ладењето функционира
само кога моторот работи и кога е
вклучен вентилаторот на
контролата на климатизацијата.
Повторно притиснете A/C за да го
исклучите ладењето.
Системот за климатизација го лади
и суши воздухот штом
надворешната температура е
малку над точката на смрзнување.
Затоа може да се формира
кондензација и да капи под
возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за ладење за да заштедите гориво.
Активираното ладење може да ги
попречи автоматските сопирања.
Систем за сопирање-поаѓање
3 208.

Page 193 of 395

Контрола на климатизацијата191Одмаглување и одмрзнување
на прозорците á
● Притиснете á: вентилаторот
автоматски се префрлува на
поголема брзина,
распределбата на воздухот се
насочува кон шофершајбната.
● Поставете ја контролата на температурата TEMP на
најтопло.
● Вклучете ја климатизацијата A/C ако е потребно.
● Вклучете го греењето на задното стакло b.
● Вклучете го греењето на
шофершајбната , ако има.
● Отворете ги страничните отвори за проветрување по
потреба и насочете ги кон
прозорците на вратите.
● За максимално одмаглување и
одмрзнување, поставете ја
брзината на вентилаторот на најсилно.
Забелешка
Ако се притисне á додека работи
моторот, Autostop ќе биде
попречено додека повторно не се
притисне á.
Ако копчето á се притисне
додека моторот е во Autostop, моторот ќе се запали повторно
автоматски.
Систем за сопирање-поаѓање
3 208.Систем за кружење на
воздухот n
Притиснете n за да го вклучите
режимот за кружење на воздухот.
Се вклучува LED-сијаличката.
Изберете кружење на воздухот да
помогне во ладењето на
внатрешноста или за блокирање на
надворешните мириси или издувни гасови.
Притиснете n повторно за да го
исклучите кружењето на воздухот.

Page 194 of 395

192Контрола на климатизацијатаКај верзијата без греење на
шофершајбната, притиснете 5
за да го исклучите кружењето на
воздухот. Режимот за надворешен
воздух е вклучен.9 Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
При топло и многу влажно време,
шофершајбната може да се
замагли однадвор кога ќе се
насочи ладен воздух кон неа. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, вклучете го бришачот и
исклучете го w.
Режим за надворешен
воздух 5
Притиснете 5
за да го вклучите
режимот за надворешен воздух. Се
вклучува LED-сијаличката.
Притиснете n за да го вклучите
кружењето на воздухот. Режимот
за надворешен воздух е исклучен.
Максимално ладење
Накратко отворете ги прозорците
за топлиот воздух да може да се
распрска брзо.
● Вклучете ја климатизацијата A/C .
● Притиснете n за да го
вклучите системот за кружење
на воздухот.
● Притиснете x за распределба
на воздухот.
● Поставете ја контролата на температурата TEMP на
најстудено.

Page 195 of 395

Контрола на климатизацијата193● Наместете ја брзината навентилаторот E на највисоко
ниво.
● Отворете ги сите отвори.
Верзија со греење на
шофершајбната ,
Ако возилото е опремено со
греење на шофершајбната,
копчето 5 е заменето со
копчето ,.
Греење на задното стакло и
греење на страничните
ретровизори b
3 46
Греење на шофершајбната ,
3 47.
Греење на седиштата q
3 59.
Електронски систем за контрола наклиматизацијата
Контролата на климатизацијата со
двојна зона овозможува различни
температури за возачката и
совозачката страна.
Во автоматскиот режим,
температурата, брзината на
вентилаторот и распределбата на
воздухот се регулираат
автоматски.
На сликата се прикажани функции
кои може да не се достапни за
вашето возило.
Контроли за: ● Вртлива контрола за температура на возачката
страна
● Вртлива контрола за температура на совозачката
страна
● Преку CLIMATE се влегува во
изборникот за поставки за
климатизацијата на Инфо-
екранот

Page 196 of 395

194Контрола на климатизацијата● Зголемување ( и
намалување ) на брзината на
вентилаторот
● Контрола на климатизацијата ON/OFF или â
● Автоматски режим AUTO
● Рачно кружење на воздухот n
● Одмаглување и одмрзнување à
● Греење на задното стакло и греење на страничните
ретровизори b
● Греење на шофершајбната ,
● Греење на седиштата q
● Проветрени седишта r
Активираните функции се
означуваат со LED-сијаличка во
соодветната контрола.
Системот за електронска контрола
на климатизацијата е целосно
функционален само кога работи
моторот.Изборник за поставување на
климатизацијата CLIMATE
Поставки за
● Распределба на воздухот w, x ,
y
● Брзина на вентилаторот E
● Температура за возачката и совозачката страна 23°/25°
● Синхронизирање на температурата во двојна зона
SYNC
● Климатизација ON/OFF
може да се активира рачно во
изборникот за поставки за
климатизацијата. Притиснете
CLIMATE за да влезете во
изборникот и следете ги копчињата
на допир.
Изборникот за поставки за
климатизацијата може да се
прикаже и со допирање на копчето
g на Инфо-екранот 3 133.
Промените на поставките преку
контролите се покажуваат како
појавни информации на
Инфо-екранот.
Автоматски режим AUTO

Page 197 of 395

Контрола на климатизацијата195Основни поставки за автоматска
контрола со максимална удобност:
● Притиснете го AUTO,
распределбата на воздухот и
брзината на вентилаторот се
регулираат автоматски.
● Отворете ги сите вентилатори за воздух за да овозможите
оптимизирана распределба на
воздухот во автоматскиот
режим.
● Ладењето мора да биде активирано во изборникот за
поставки за климатизацијата
за оптимално ладење и
одмаглување. Притиснете
Climate за да влезете во
изборникот и следете го
копчето на допир за да ја
вклучите климатизацијата A/C.
● Поставете ја претходно одбраната температура
посебно за возачот и
совозачот користејќи ги левата и десната вртлива контрола.
Препорачана температура е
22 °C. Температурата кратко ќе
се прикаже на екраните покрајвртливите контроли во
изборникот за поставки за
климатизација.
● Режимот за кружење на воздухот n треба да се
исклучи. Кога е исклучен, LED-
сијаличката во копчето не
свети.
Рачни поставки Поставките на системот за
контрола на климатизацијата може
да се изменат со следење на
функциите како што е опишано
подолу.
Брзина на вентилаторот ( )Притиснете го горното копче ( за
да ја зголемите или долното
копче ) за да ја намалите брзината
на вентилаторот. Брзината на
вентилаторот се прикажува како
појавна информација на Инфо- екранот. Брзината на вентилаторот може да се промени и преку
копчињата на допир во екранот за
поставки за климатизацијата.
Притиснете Climate за да влезете
во изборникот.
Подолго притискање на долното
копче ): вентилаторот и ладењето
се исклучуваат.
За да се вратите во автоматскиот режим притиснете AUTO.

Page 198 of 395

196Контрола на климатизацијатаРаспределба на воздухот w, x , y
Притиснете Climate за да влезете
во изборникот.
Допрете:
w:кон шофершајбната и
прозорците на предните вратиx:кон главата и задните
седишта преку
приспособливите отвори за
проветрувањеy:кон предниот и задниот
простор за нозете и
шофершајбната
За враќање на автоматската
распределба на воздухот
притиснете AUTO.
Претходно одбирање на
температурата
Поставете ја претходно одбраната
температура посебно за возачот и
совозачот на саканата вредност
користејќи ги левата и десната
вртлива контрола. Копчето на
страната на совозачот ја менува
температурата за совозачката
страна. Со копчето на страната на
возачот можат да се прават
промените на температурата за
страната на возачот или за двете
страни, зависно од активирањето
на синхронизација SYNC.
Препорачана температура е 22 °C.
Температурата се прикажува на
екраните покрај вртливите
контроли и како појавни
информации во Инфо-екранот.
Ако е поставена минимална
температура Lo, системот за
контрола на климатизацијата
работи на максимално ладење, ако е вклучено ладењето A/C.
Ако е поставена максимална
температура Hi, системот за
контрола на климатизацијата
работи со максимално греење.
Забелешка
Доколку е вклучено A/C,
намалувањето на поставената температура во кабината може да
предизвика повторен старт на
моторот од Автостоп или да
спречи Автостоп.
Систем за сопирање-поаѓање
3 208.

Page 199 of 395

Контрола на климатизацијата197Синхронизирање на
температурата во двојна зона
SYNC
Притиснете Climate за да влезете
во изборникот. Допрете SYNC за да ја поврзете поставката за
температурата на совозачката
страна со возачката страна.
Кога ќе се приспособи вртливата
контрола за совозачката страна,
синхронизацијата ќе се исклучи.
Климатизација A/CПритиснете Climate за да влезете
во изборникот и следете го копчето на допир за да ја вклучите A/C ON
или исклучите A/C OFF
климатизацијата.
Ладењето функционира само кога
моторот работи и кога е вклучен
вентилаторот на контролата на
климатизацијата.
Системот за климатизација лади и
суши кога надворешната
температура е над определено
ниво. Затоа може да се формира
кондензација и да капи под
возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за ладење за да заштедите гориво.Рачно кружење на воздухот n
Притиснете n за да го вклучите
кружењето на воздухот. LED-
копчето светнува за да покаже
активирање.
Повторно притиснете n за да го
исклучите кружењето на воздухот.
9 Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па

Page 200 of 395

198Контрола на климатизацијатапрозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
При топло и многу влажно време, шофершајбната може да се
замагли однадвор кога ќе се
насочи ладен воздух кон неа. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, вклучете го бришачот и
исклучете го w.
Автоматско кружење на воздухот
Сензор за влажноста на воздухот
се вклучува автоматски на
надворешен воздух ако влажноста
на воздухот во внатрешноста е
премногу голема.
Одмаглување и одмрзнување на
прозорците à
● Притиснете à. LED-копчето
светнува за да покаже
активирање.
● Температурата и распределбата на воздохут се
поставуваат автоматски и
вентилаторот работи на
голема брзина.
● Вклучете ја климатизацијата A/C ON во изборникот за
поставки за климатизацијата
со притискање на Climate, ако е
потребно.
● Вклучете го греењето на задното стакло b.
● Вклучете го греењето на шофершајбната , ако има.
● За враќање на претходниот режим притиснете à повторно,
а за враќање на автоматскиот
режим притиснете AUTO.
Забелешка
Ако се притисне à додека работи
моторот, Autostop ќе биде
попречено додека повторно не се
притисне à.
Ако копчето à се притисне додека
моторот е во Autostop, моторот ќе
се запали повторно автоматски.
Систем за сопирање-поаѓање
3 208.

Page:   < prev 1-10 ... 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 ... 400 next >