brake OPEL KARL 2016 Сопственички прирачник
Page 162 of 248
OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 -
CRC - 9/9/15
Возење и ракување161
Не лизгајте го кумплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него,притиснете
го куплунгот целосно. Не одмор-
ајте ја ногата на педалот .
Внимание
Не е препорачливо да се вози
со раката легната на рачката на
менувачот.
Сопирачки
Системот на сопирачките се
состои од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за
сопирање, возилото се уште може
да се сопре со употреба на
другото коло за сопирање.
Меѓутоа, дејството на сопирањето
се постигнува само кога педалот
на сопирачките е притиснат
цврсто. Значително повеќе сила
треба за тоа. Растојанието за
сопирање се зголемува. Побар-
ајте помош од автомеханичар
пред да продолжите со
патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече. Контролна сијаличка
$.
Преду-
предувачко светло за системот
на сопирачките и куплунгот 073
ii
Систем за деблокирање
на сопирачките (ABS)
Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат .
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABSстанува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот
на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете
го педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето ,иако
педалот ќе пулсира. Не намалу-
вајте го притисокот врз педалот .