phone OPEL MERIVA 2014.5 Прирачник за инфозабавата
Page 140 of 147
140Телефон
Одберете го Enter number
( внесување број) и потоа внесете ја
саканата низа броеви.
Одберете го Call (јавување) за да
го почнете процесот на вртењето.
Можете да се префрлите на
изборникот на телефонскиот
именик со одбирање на PB.
Телефонски именик
По воспоставувањето на врската
телефонскиот именик се
споредува со телефонскиот
именик во привремената меморија,
под услов да се поврзани истата
SIM картичка или истиот телефон.
За тоа време не се прикажува
ниедно ново додадено внесување.
Ако SIM картичката или телефонот
се различни, телефонскиот именик
повторно се полни. Процесов може
да потрае неколку минути зависно
од моделот на телефонот.Одбирање телефонски број од
телефонскиот именик
Изберете го Phone book (адресар) .
Во прикажаниот изборник
одберете ја категоријата за
саканата прва буква за да почне
претходно избирање на
внесувањата во телефонскиот именик кои сакате да се прикажат.
Забелешка
Внесовите во телефонскиот
именик се пренесуваат како што
се пренесуваат од мобилниот
телефон. Претставувањето и
редоследот на внесовите во
телефонскиот именик можат да се разликуваат на екранот на
системот за Инфозабава и на
екранот на мобилниот телефон.
Откако сте го извршиле
претходното избирање: одберете
го саканото внесување во
телефонскиот именик за да се
прикажат броевите зачувани под
тоа внесување.