run flat OPEL MERIVA 2014.5 Сопственички прирачник
Page 218 of 271
216Нега на возилотоОзнаки на гумите
На пр. 195/65 R 15 91 H195=Широчина на гумата во мм65=Профил (однос на
височината со широчината
на гумата) во %R=Вид на ременот: РадијаленRF=Вид: RunFlat (функционира
и издишана)15=Пречник на тркалото во инч91=Индекс на оптовареноста,
на пр. 91 одговара на
615 кгH=Буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q=до 160 км/чS=до 180 км/чT=до 190 км/чH=до 210 км/чV=до 240 км/чW=до 270 км/чПритисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за откривање
на издишаноста на гумите или
систем за контрола на притисокот
во гумите.
Извртете го капачето на вентилот.
Притисокот во гумата 3 257 и на
налепницата на предната врата за
совозачот.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за
целосна оптовареност.
ECO притисокот на гумите служи
да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.
Неправилниот притисок во гумите ќе ја влоши безбедноста,
управувањето со возилото,
удобноста и економичноста на потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
1. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 248.
2. Идентификувајте ја гумата.