phone OPEL MERIVA 2016.5 Прирачник за инфозабавата
Page 187 of 195
Телефон187
Изберете ја саканата листа повици,
на пр. Missed calls (Пропуштени
повици) . Ќе се прикаже изборник со
односната листа повици.
За да почнете телефонски повик:
изберете го саканиот запис од
списокот. Односниот телефонски
број се бира.
Повторно бирање телефонски број
Последниот биран телефонски
број може повторно да се бира.
Притиснете 7 на воланот за да се
отвори изборникот Redial
(Повторно бирање) .
Притиснете 7 повторно за да
почнете да бирате.
Притиснете xn на воланот за да
излезете од изборникот Redial
(Повторно бирање) . Исто така,
може да го употребите
повеќефункциското копче за да изберете No (Не) на екранот.
Дојдовен телефонски повик
Ако е активен режим за аудио,
на пр. режим за радио или ЦД, во
времето на дојдовниот повик,
соодветниот извор на звук ќе се
стиши и ќе остане стишен додека
не заврши повикот.
За одговарање на повик: изберете
Answer (Одговори) на екранот.
За одбивање повик: изберете
Decline (Одбиј) на екранот.
Втор дојдовен телефонски повик
Ако дојде втор повик за време на
повик во тек, се прикажува порака.
За да одговорите на вториот повик и да го завршите повикот во тек:
изберете Answer (Одговори) на
екранот.За да одбиете вториот повик и да
продолжите со повикот во тек:
изберете Decline (Одбиј) на
екранот.
Менување на тонот за ѕвонење
Притиснете CONFIG за да се
отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Phone settings (Поставки
за телефонот) , Sound & Signals
(Звук и сигнали) , а потоа Ring tone
(Тон за ѕвонење) . Се прикажува
листа на сите достапни тонови за ѕвонење.
Изберете го саканиот тон за
ѕвонење.
За детален опис на гласноста на
тонот за ѕвонење 3 158.
Функции за време на повик
При појдовен повик се прикажува
главниот изборник за телефонот.
Изберете Menu (Изборник) на
екранот за да го отворите
изборникот Connected (Поврзано) .
Изберете Hang up (Затвори) на
екранот за да го завршите повикот.