OPEL MERIVA 2016.5 Прирачник за инфозабавата
Page 71 of 195
Телефон71ТелефонОпшти информации...................71
Поврзување Bluetooth ................72
Итен повик .................................. 73
Ракување .................................... 74
Текстуални пораки .....................78
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ............................. 79Општи информации
Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори
на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користите телефонскиот портал,
мобилниот телефон треба да е
поврзан со него преку Bluetooth.
Со Телефонскиот портал може да
се ракува дополнително преку системот за препознавање говор.
Не сите функции на порталот за
мобилен телефон се поддржани од секој мобилен телефон. Можните
функции на телефонот зависат од
соодветниот мобилен телефон и
провајдерот на мрежата. Ќе
најдете повеќе информации за тоа
во упатствата за ракување за
Вашиот мобилен телефон или
можете да се распрашате за нив кај
Вашиот оператор на мрежата.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина. Од оваа причина се подготвиле
безбедносни прописи и
директиви. Треба да бидете
запознати со поврзаните
директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
Page 72 of 195
72Телефонразговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следитепосебните прописи кои важат во конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радио стандард за
безжично поврзување на мобилни телефони, модели iPod/iPhone идруги уреди.
За да поставите поврзување
Bluetooth со инфозабавниот
систем. треба да е активна
функцијата Bluetooth или уредот
Bluetooth. За повеќе информации,
видете во упатството за употреба
на уредот со Bluetooth.
Спојувањето (размена на PIN-
кодови меѓу уред со Bluetooth и
Инфозабавниотсистем) и
поврзувањето уреди со Bluetooth
со Инфозабавниот систем се врши
преку изборникот Bluetooth.
Важни информации ● Со системот може да се спојат до пет уреди.
● Само еден споен уред може да
биде поврзан со
Инфозабавниот систем во
даден момент.
● Спојувањето обично треба да се изврши само еднаш, освен
ако уредот не се избрише од
списокот споени уреди. Ако
уредот бил поврзанопретходно, Инфозабавниот
систем ја воспоставува
врската автоматски.
● Работата на Bluetooth значително ја троши
батеријата на уредот. Затоа
поврзете го уредот со
штекерот за напојување да се
полни.
Изборникот Bluetooth
За да го отворите изборникот
Bluetooth , притиснете CONFIG.
Изберете Phone Settings ( Поставки
на телефонот) , па Bluetooth .
Се прикажуваат изборните ставки
Device list (Cписок на уредите) и
Pair device (Уред за спарување) .
Спојување уред
За да го почнете спојувањето на
инфозабавниот систем, изберете
Pair device (Уред за спарување) . Се
прикажува порака со
четирицифрена шифра за
инфозабавниот систем.
Page 73 of 195
Телефон73Почнете го спојувањето на уредот
Bluetooth. Ако е потребно, внесете
ја шифрата на инфозабавниот систем на уредот Bluetooth.
Шестцифрен PIN за спојувањето се
прикажува на инфозабавниот систем.
За да го потврдите спојувањето: ● Ако е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Споредете ги PIN-овите
прикажани на инфозабавниот
систем и уредот Bluetooth (ако
се бара) и потврдете ја
пораката на уредот Bluetooth.
● Ако не е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Внесете го PIN-от на уредот
Bluetooth и потврдете го
внесеното.
Уредите се споени и се прикажува
главниот изборник на телефонот.
Именикот и листите повици (ако ги
има) се преземаат од уредот
Bluetooth.Ако е потребно, потврдете ја
соодветната порака на уредот
Bluetooth.
Список на уредите
Списокот на уредите ги содржи
сите уреди Bluetooth споени со
инфозабавниот систем.
Ако се спои нов уред, се прикажува на списокот на уредите.
Поврзување уред
Изберете го уредот што сакате да
го поврзете. Се прикажува
подизборник.
Изберете го Select (Oдбирање) .
Претходно поврзаниот уред се
откачува и се поврзува тој уред.
Бришење уред
Изберете го уредот што сакате да го избришете. Се прикажува
подизборник.
Изберете го Delete (Бришење) .
Уредот е избришан.
Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно
во мобилниот телефон.
Page 74 of 195
74Телефон9Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е
дека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/
или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на опасност
Вртете го бројот за итни повици (на пр. 112 ).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се воспоставува.
Одговорете кога персоналот од службата Ве праша за опасноста.9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth-от помеѓу Вашиот
мобилен телефон и
Инфозабавниот систем, можете да
ракувате со многу функции на
Вашиот мобилен телефон и преку
Инфозабавниот систем.
Откако ќе ја поставите врската
помеѓу мобилниот телефон и
Инфозабавниот систем,
податоците од мобилниот телефон
се пренесуваат на Инфозабавниот
систем. Тоа може да потрае некое
време зависно од моделот на
телефонот. За тоа време,
ракувањето со мобилниот телефон е можно само во ограничена мера
преку Инфозабавниот систем.
Не секој телефон ги поддржува
сите функции на апликацијата за телефон. Затоа, можни се
отстапувања од опсегот на
опишаните функции.
Главен изборник за телефонот
За да се прикаже главниот
изборник за телефонот,
притиснете PHONE. Се прикажува
следниов екран (ако е поврзан мобилен телефон).
Page 75 of 195
Телефон75
Почнување телефонски повик
Внесување број
Притиснете PHONE, а потоа
изберете Enter number ( Внесување
број) . Се прикажува тастатура.Внесете го саканиот број.
Изберете Del (Бриши) на екранот
или притиснете BACK на таблата
со инструменти за да ја избришете последната внесена цифра.
Изберете l или k за да го
поместите покажувачот низ веќе
внесениот број.
За да почнете со избирање,
изберете OK (Во ред) .
Забелешка
Може да го отворите
телефонскиот именик од
тастатурата со притискање на PB
(Именик) .
Именик
Притиснете PHONE, а потоа
изберете Phone Book (Именик) . Се
прикажува изборникот Phone Book
Search (Пребарување на
именикот) .
Изберете го саканиот опсег на
првата буква за да се предизберат
ставки од именикот што сакате да
се прикажат. Именикот скока на
положбата на избраниот опсег на
букви.
Page 76 of 195
76Телефон
Изберете ја саканата ставка од
телефонскиот именик за да се
прикажат броевите зачувани под
таа ставка.
Изберете го саканиот број за да го
почнете бирањето.
Подредување на именикот
Именикот може да се подреди по
презиме или по име.
За да го промените редоследот на подредување, изберете PHONE,
па Phone Settings (Поставки на
телефонот) .
Изберете Sort Order (Редослед на
подредување) за да се прикаже
односниот подизборник.Активирајте ја саканата опција.
Списоци со повици
Притиснете PHONE, а потоа
изберете Call Lists (Списоци на
повици) . Се прикажува изборникот
Call Lists (Списоци на повици) .
Изберете го саканиот список на
повици. Зависно од избраниот
список, се прикажуваат последните
дојдовни, појдовни или
пропуштени повици.
Изберете ја саканата ставка на
списокот со повици за да го
почнете бирањето.
Дојдовни повици
Кога доаѓа повик, се прикажува
порака на екранот.
За да прифатите повик, изберете
Answer (Одговори) .
За да одбиете повик, изберете
Decline (Одбиј) .
Функции за време на повик
Кога е активен повик, се прикажува прегледот при повик.
Page 77 of 195
Телефон77
Завршување телефонски повик
За да завршите повик, изберете
Hang up (Затворање на
телефонот) .
Исклучување звук на повик
За привремено да го исклучите
микрофонот, вклучете Mute call
(Cтишување на повикот) .
Исклучете го Mute call (Cтишување
на повикот) за да го вклучите
микрофонот.
Префрлување на телефон
Изберете Transfer to Handset
(Пренеси на телефон) за да го
пренесете повикот на мобилниот
телефон. Се прикажува изборникот Private Call (Приватен повик) .
За да го пренесете повикот назад
на Инфозабавниот систем,
изберете Transfer call (Пренеси
повик) од изборникот Private Call
(Приватен повик) .
Втор телефонски повик
Почнување втор телефонски повик
Додека е активен повик, изберете
Enter number (Внесување број) во
прегледот при повик. Се прикажува
тастатура. Може да внесете број
или изберете број од именикот,
видете погоре.
Втор дојдовен телефонски повик
Кога ќе дојде втор повик, се
прикажува порака на дното на
екранот.
Одберете ја саканата опција.
Ако се прифати повикот, првиот
повик се става на чекање, а
вториот станува активен.Двата повика се прикажани во
прегледот при повик.
За да се префрлате помеѓу повици, изберете Switch calls
(Префрлување меѓу повиците) .
Конференциски повик
Изберете Merge calls (Cпојување
на повици) за да ги активирате
двата повика истовремено.
Merge calls (Cпојување на повици)
се променува во Detach call
(Oдделување на повикот) .
За да завршите конференциски
повик, изберете Detach call
(Oдделување на повикот) .
Page 78 of 195
78ТелефонЗавршување телефонски повици
Во конференциски повик, изберете
Hang up (Затворање на
телефонот) за да ги завршите
двата повика.
Текстуални пораки Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth-от меѓу мобилниот
телефон и Инфозабавниот систем,
можете да ракувате со дојдовното
сандаче за пораки на мобилниот
телефон преку инфозабавниот
систем.
Не секој телефон ја поддржува
функцијата за текстуални пораки
на инфозабавниот систем.
Активирање на апликацијата заразмена на пораки на
мобилниот телефон
Пренесувањето на податоците за
текстуални пораки до
инфозабавниот систем треба да се
активира на мобилниот телефон.
Откако сте се поврзале со
инфозабавниот систем може да се
појави порака на вашиот мобилентелефон со барање дозвола за
пристап до текстуалните пораки во
мобилниот телефон преку
инфозабавниот систем. Потврдете
ја пораката.
Ако не се прикаже порака,
пристапете до изборникот
Bluetooth на вашиот мобилен
телефон, изберете го името на инфозабавниот систем и вклучете
ја соодветната функција за
пристап.
Забелешка
Детални информации за
овозможувањето пристап кај
различни мобилни телефони
може да најдете на нашата веб-
страница.
Потоа може да се избере иконата
Messages (Пораки) на почетниот
изборник на инфозабавниот систем.
Дојдовна текстуална порака
Кога ќе се прими нова текстуална
порака, се појавува известување со името или бројот на испраќачот.Изберете една од опциите во
известувањето.
Слушни
Ако сакате системот да ја прочита
пораката на глас, изберете Listen
(Слушај) .
Преглед
За да се прикаже пораката на
екранот, изберете го соодветното
екранско копче.
Забелешка
Пораките се прикажуваат на
екранот само кога возилото е паркирано.
Отфрли
За да ја отфрлите пораката,
изберете го соодветното екранско
копче.
Одговори Забелешка
Зависно од мобилниот телефон,
функцијата Reply (Одговор) може
да не е достапна.
Page 79 of 195
Телефон79За да одговорите на пораката
директно, изберете Reply
(Одговор) . Се прикажува листа на
готови пораки.
Изберете ја саканата порака и
потврдете го внесеното.
Пораката се праќа.
Забелешка
Нови готови пораки може да се направат во изборникот за
поставување.
Повик
За да го повикате испраќачот на текстуалната порака, изберете Call
(Повикај) .
Дојдовна папка
Притиснете ;, а потоа изберете
Messages (Пораки) за да се
прикаже односниот изборник.
Изберете Inbox (Дојдовна папка) за
да се прикаже список на сите
пораки во приемното сандаче.
Забелешка
Во зависност од мобилниот
телефон, во инфозабавниот
систем се прикажуваат само
пораките што пристигаат додека е
приклучен мобилниот телефон.
Изберете ја саканата порака.
Пораката се прикажува на екранот.
Забелешка
Пораките се прикажуваат на
екранот само кога возилото е
паркирано.
Ако сакате, изберете една од
опциите на дното на екранот
(видете погоре).
Поставки
Притиснете ;, а потоа изберете
Messages (Пораки) за да се
прикаже односниот изборник.
Изберете Settings (Поставки) за да
се прикаже односниот
подизборник.
Прилагодете ги поставките по
желба.
Мобилни телефони и ЦБрадио опрема
Упатства за инсталирање и
инструкции за ракување
Мора да се придржува кон
Опеловите упатства за
инсталирање и инструкциите за
ракување од производителот на
мобилниот телефон и на уредот за разговор без употреба на раце кога
се инсталира и се ракува со
мобилен телефон.
Неспроведувањето може да ја
поништи сообраќајната дозвола на возилото (директива на
ЕУ 95/54/EС).
Page 80 of 195
80ТелефонПредуслови за функционирање
без проблеми:
● Надворешната антена треба да биде професионално
поставена за да се постигне
максималниот можен опсег.
● Максимална снага на предавателот: 10 вати.
● Мобилниот телефон треба да се вгради на соодветно место.
Погледнете ја соодветната
белешка во Сопственичкиот
прирачник, поглавје Систем на
воздушни перничиња .
Побарајте совети за претходно
утврдените точки за вградување на
надворешната антена и на држачот на опремата и за начините на
користењето на уреди со
предавателска снага поголема од
10 вати.
Употребата на додатокот за
разговор без раце без надворешна антена според стандардите за
мобилни телефони
GSM 900/1800/1900 и UMTS се
дозволува само ако максималната
снага на предавателот намобилниот телефон е 2 вати за GSM 900 или 1 ват за другите
видови.
Од безбедносни причини не го
употребувајте телефонот додека
возите. Дури и употребата на уред
за разговор без употреба раце
може да Ви го одземе вниманието
додека возите.9 Предупредување
Ракувањето со радио опреми и
мобилни телефони кои не ги
исполнуваат горенаведените
стандадри за мобилни
телефони, се дозволува само со употребата на антена сместена
надвор од возилото.
Внимание
Мобилните телефони и радио
опремите може да доведат до
неисправности во
електрониката на возилото кога
со нив се ракува внатре во
возилото без надворешна
антена, освен ако не се
почитуваат горенаведените
прописи.