OPEL MERIVA 2016.5 Сопственички прирачник

Page 241 of 287

Нега на возилото239
Одвиткајте го клучот за
тркалата и ставете го
внимавајќи да е безбедно
наместен и разлабавете ја
секоја завртка на тркалото
половина круг.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични навртки, прво ставете го адаптерот на
главата на навртката пред да го
наместите клучот за тркалата.
Адаптерот се наоѓа во касетата.3. Проверете дека дигалката е наместена точно до точките на
возилото за дигање.
4. Варијанта 1:
Поставете ја дигалката на
потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Наместете ја рачката на
дигалката на дигалката
правилно приклучена, вртет ја
рачката додека тркалото не е
ослободено од земјата.
Варијанта 2:

Page 242 of 287

240Нега на возилото
Поставете ја дигалката на
потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата.
5. Отшрафете ги завртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото.
7. Зашрафете ги завртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото.
9. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместенбезбедно и стегнете ја секоја
завртка по вкрсен редослед.
Затезниот момент е 110 Nm.
10. Порамнете го отворот за вентилот во раткапната со
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на завртките на тркалото.11. Поставете го заменетото тркало 3 241, прирачниот алат
3 222 и адаптерот за
заклучување на навртките на
тркалото 3 69.
12. Проверете го притисокот на монтираната гума и исто така изатегнатоста на завртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја сменат или поправат неисправната гума.
Положба за кревање за
платформа

Page 243 of 287

Нега на возилото241Положба за задниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Положба за предниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало.
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за
привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.
Резервното тркало има челична
рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало е сместено во товарниот простор под покривката
на подот. Се прицврстува со
пеперужна навртка.
Шуплината за резервното тркало
не е предвидена за гуми од сите
дозволени големини. Ако во
товарниот простор мора да се
складира тркало пошироко од
резервното тркало, тоа мора да се
прицврсти со каиш или, зависно од верзијата, со шипка за
извлекување.
Складирање на сменето тркало во товарниот простор со
употребата на каиш
Користете го каишот сместен во
кутијата со алати. Прирачен алат
3 222.
● Наместете го тркалото на подот на товарниот простор
близу до едниот страничен ѕид на товарниот простор.

Page 244 of 287

242Нега на возилото
● Протнете го крајот со јамка одкаишот низ предната алка за
врзување на соодветната
страна.
● Протнете го крајот на каишот со куката преку јамката и
повлекувајте го додека каишот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.● Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
● Монтирајте ја куката на задната алка за врзување.
● Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.
Складирање на сменето тркало во шуплината за резервното
тркало со употребата на шипка
за извлекување
Користете ја шипката за
извлекување сместена во кутијата
со алати. Прирачен алат 3 222.
● Свртете ја пеперужната
навртка обратно од насоката
на стрелките на часовникот и
извадете го привременото резервно тркало.
● Земете ја шипката за извлекување од кутијата со
алати и зашрафете ја врз
завртката.
● Ставете го оштетеното тркало на место и прицврстете го совртење на пеперужната
навртка во насоката на
стрелките на часовникот.
Капакот на подот може да се стави
на тркалото што штрчи.

Page 245 of 287

Нега на возилото243Извадете ја шипката за
извлекување пред да го наместите
резервното тркало во шуплината
по менувањето или поправањето
на неисправното тркало.9 Предупредување
Складирањето на дигалка,
тркало или дурга опрема во
товарниот простор може да
предизвика повреда ако тие не
се прицврстени соодветно. При
нагло застанување или судир,
неприцврстената опрема може
да удри некого.
Складирајте ги дигалката и
алатите секогаш во
соодветните складишни
прегради и прицврстувајте ги со фиксирање.
Ставајте го оштетеното тркало
секогаш во товарниот простор
прицврстено со каишот или во
шуплината за резервното
тркало прицрвстено со
пеперужната навртка.
Привремено резервно тркалоВнимание
Употребата на привременото
резервно тркало може да
повлијае врз возната состојба.
Нека Ви ја заменат или
поправат неисправната гума
колку е можно поскоро.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Дозволената
максимална брзина на етикетата
од привременото резервно тркало
важи само за фабрички
доставената големина на тркала.
Ако на вашето возило му се издише
гума одзади додека влече друго
возило, ставете го привременото
резервно тркало напред, а
предното исправно тркало назад.
Синџири за гуми 3 231.
Резервно тркало со насочна
гума
Ако е возможно, монтирајте ги
еднонасочните гуми така што тие
ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на
вртењето:
● Возноста може да се измени. Дефектната гума треба да се
обнови или поправи што е
можно побрзо и да се монтира
на местото од резервното
тркало.
● Возете особено претпазливо на влажни и коловози покриени
со снег.

Page 246 of 287

244Нега на возилотоПалење со каблиНе палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулатор од
друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
● Не изложувајте го акумулаторот на возилото на
отворен пламен или на искри.
● Испразнет акумулатор може да
замрзне при температура од
0 °C . Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да
поврзувате кабли за палење.
● Носете заштитни очила и заштитна облека кога работитесо акумулаторот.
● Користете помошен акумулатор со иста волтажа
(12 волти). Неговиот капацитет
(Ач) не смее да биде
значително помал од оној на
испразнетиот акумулатор.
● Користете кабли за палење со изолирани клеми и пресек од
најмалку 16 мм 2
(25 мм 2
за
мотори на дизел).
● Не откачувајте го испразнетиот
акумулатор од возилото.
● Исклучете ги сите непотребни електрични потрошувачи.
● Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
● Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
● Возилата не смеат да дојдат во
контакт еден со друг за време
на процесот на палењето со кабли.
● Затегнете ја рачната сопирачка, ставете го
менувачот во лер,
автоматскиот менувач во P.
● Отворете ги заштитните капачиња на позитивната
клема на двата акумулатори.

Page 247 of 287

Нега на возилото245
Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот црвен кабел со позитивната клема на
испразнетиот акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Спојте го другиот крај на црниот
кабел со некоја точка за
вземјување на возилото, како
на пример блокот на моторот
или некоја врска со шраф за
монтирање на моторот. Спојте
го колку е можно подалеку, а
најмалку 60 см од испразнетиот акумулатор.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот
простор.
Палење на моторот: 1. Запалете го моторот на возилото што дава струја.
2. По 5 минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од 1 минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу
3 минути при поврзани кабли.
4. Вклучете ги елктричните поторшувачи (на пр. светла,
греењето на задното стакло) на
возилото кое го прима
палењето со кабли.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.Влечење
Влечење на возилото
Откачете го капачето долу и
извадете го удолу.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 222.

Page 248 of 287

246Нега на возилото
Зашрафете ја алката за влечење
колку што може додека не застане
во хоризонтална положба.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.
Внимание
Активирајте ја детската брава
во двете задни врати ако
задните седишта се зафатени. Детски брави 3 27.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.
Менувачот во лер.Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
кружењето на воздухот и затворете
ги прозорците.
Возила со автоматски менувач: Возилото треба да се влече
свртено нанапред, не побрзо од
80 км/ч, ниту подалеку од 100 км.
Во сите други случаи и кога
менувачот е дефектен, предната оска треба да се крене од земјата.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Вметнете го капачето долу и
затворете го капачето.
Влечење друго возило
Откачете го капачето одоздола и
извадете го надолу.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 222.

Page 249 of 287

Нега на возилото247
Зашрафете ја алката за влечење
колку што може додека не застане
во хоризонтална положба.
Алката за врзување во задниот дел под возилото никогаш не смее да
се употребува као алка за
влечење.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Вметнете го капачето долу и
заглавете го капачето.
Нега за изгледот
Нега на надворешноста
Брави Бравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само кога е апсолутно неопходно,
бидејќи тоа го вади мазивото и го
влошува функционирањето на
бравите. По употребата на
средство за одмрзнување, нека Ви
ги подмачка бравите повторно со
мазиво автомеханичар.
Миење
Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за
возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се

Page 250 of 287

248Нега на возилотоисчистат, бидејќи тие содржат
агресивни состојки кои можат да
предизвикаат оштетување на
бојата.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачите на
шофершајбната и бришачот на
задното стакло мора да бидат
исклучени. Извадете ги антената и
надворешните додатоци, како на
пример багажниците за на покрив,
итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вреднсот 4 до 9.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Нека Ви ги подмачкува шарките на
вратите со мазиво автомеханичар.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците: остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја влошат
видливоста.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла
Капаците на предните фарови и на
другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување восок
Редовно полирајте го возилото со
полир-паста (најдоцна кога веќе не
се формираат меури од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако
бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Пластичните делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.

Page:   < prev 1-10 ... 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 271-280 281-290 ... 290 next >