OPEL MERIVA 2016 Сопственички прирачник
Page 81 of 285
Складирање79Проверете го велосипедот за да се
уверите дека е безбедно
прицврстен.Внимание
Внимавајте процепот меѓу
велосипедот и возилото да е
барем 5 см. Ако е потребно,
олабавете го управувачот и
свртете го странично.
Поставките за процепите за
тркалата и на вртливиот лост на
процепот за рачката на педалот
треба да се забележат и зачуваат
за секој еден велосипед.
Правилното претходно
поставување ќе го олесни
одновото местење на
велосипедот.
Забелешка
Се препорачува да закачите знак
за предупредување на
последниот велосипед одзади за да биде видливоста поголема.
Вадење на велосипед од
задниот систем за превозување
Разврзете ги каишевите за држење
на двете гуми на велосипедот.
Зафатете го велосипедот,
олабавете го шрафот за
закачување за монтажната дршка
на лежиштето на педалот, па
подигнете ја монтажната дршка на
лежиштето на педалот за да се
извади.
Вовлекување на задниот
систем за превозување
Притиснете ги точките за
монтирање на педалата во
отворите за педалата како што е
прикажано на илустрацијата.
Page 82 of 285
80Складирање
Вметнете го каишот за држење и
повлечете го цврсто удолу колку
што може.
Притиснете го лостот за
ослободување и лизнете ги
навнатре процепите за тркалата се докрај колку што е можно.
Ослободете го лостот за
закочување на дијагоналниот
потпирач и преклопете ги двата
процепа за рачките на педалите
надолу.
9 Предупредување
Ризик од приклештување.
Извадете ја регистарската
табличка и преклопете го држачот
на регистарската табличка надолу.
Завртете го прво левиот лост за
прицврстување ( 1), а потоа
десниот лост за прицврстување ( 2)
се додека тие не може повеќе да се
движат.
Page 83 of 285
Складирање81Притиснете го лостот за
прицврстување надолу и
извлечете ги двата потпирача на
ламбите од процепите.
Склопете ги држачите на ламбите
навнатре на задните страни од
задните ламби.
Првин ставете ја предната ( 1), па
задната задна ламба ( 2) во
процепите и притиснете ја колку
што може докрај. Притиснете ги
каблите се докрај во сите шини за
да се спречи оштетувањето.
Отворете ја задната врата.
Турнете ја рачката за
ослободување угоре и држете ја.
Кренете го системот малку и
притиснете го во браникот додека
не се закочи.
Лостот за ослободување треба да
се врати во првобитната положба.
9 Предупредување
Ако системот не може да се
заглави правилно, Ве молиме
да побарате помош од
автомеханичар.
Товарен простор
Преклопување на потпирачите
за грб на задните седишта
надолу
Потпирачот за грб на задното
седиште е поделен на три дела.
Сите делови можат да се
преклопат и да се спуштат посебно
за да се зголеми големината на
товарниот простор.9 Предупредување
Не чувајте предмети под
седиштата или зад нив.
Предметите може да се оштетат и да ги спречат шините да
закочат правилно.
Целосно рамен товарен простор се добива ако прво потпирачот на
централното седиште, а потоа и
потпирачите на надворешните
задни седишта се преклопат.
Page 84 of 285
82СкладирањеВнимание
Не преклопувајте ги наслоните
на надворешните седишта
додека седиштата се во
внатрешна положба.
Седиштата може да се оштетат.
Извадете го капакот на товарниот
простор ако е потребно 3 83.
Притиснете го резето за да се
отпушти и притиснете го
потпирачот за глава надолу 3 38.
Земете го безбедносниот ремен од
спојката за држење на потпирачот
за грб.
Повлечете ја рачката на предната
страна од потпирачот за грбот и
преклопете го потпирачот надолу
врз седалото. Седиштето се
спушта автоматски ако
средишното седиште е
преклопено.
Потпирачите за грб можат да се
преклопат и од товарниот простор.Повлечете ја рачката на задната
страна од потпирачот за грбот и
преклопете го потпирачот надолу.
За да се преклопат нагоре,
повлечете ја рачката и кревајте ги
потпирачите за грб во исправена
положба додека не се заглават чујно.
9 Предупредување
Кога ги преклопувате,
проверете дали потпирачите за грб се добро заглавени во
положбата пред да возите.
Инаку може да дојде до лични
Page 85 of 285
Складирање83повреди или оштетувања на
товарот или возилото во случај
на нагло сопирање или судир.
Задна преграда за
складирање
Од левата страна на товарниот
простор има преграда за
складирање.
Свртете го затворачот обратно од
насоката на стрелките на
часовникот и преклопете го капакот надолу.
Капак на товарниот
простор
Не ставајте предмети врз капакот.
Вадење на капакот
Откачете ги каишевите за држење
од задната врата.
Подигнете го капакот на задниот
дел и притиснете го нагоре на
предниот дел.
Извадете го капакот.
Складирање на капакот Откачете ги каишевите за држење
од задната врата.
Подигнете го капакот на задниот
дел и притиснете го нагоре се
додеека не излезе од страничните
шини на предниот дел.
Page 86 of 285
84Складирање
Ставете го капакот зад задните
седишта.
Местење на капакот
Заглавете го капакот во
страничните шини и преклопете го удолу. Закачете ги каишевите задржење за задната врата.
Капак на задната
преграда за складирањепод подот
Задниот капак на подот може да се
крене.
Склопете ја нагоре и малку
поткренете го капакот на товарниот простор.
Извлечете ја куката кај левиот
страничен ѕид на товарниот
простор за да се задржи задниот
поден капак исправен.
Под со двојна товарна шуплина
Подот со двојна товарна шуплина
може да се вметне во товарниот
простор во две положби:
● непосредно над капакот за отворот за резервното тркало
или задниот капак на подот,
● во горните отвори во товарниот простор.
За вадење, подигнете го подот со
товарната шуплина користејќи го прицепот и повлечете го наназад.
За вметнување, турнете го подот
со товарната шуплина нанапред во
соодветната шина, па спуштете го.
Page 87 of 285
Складирање85Ако е монтиран во горната
положба, просторот помеѓу подот
со товарната шуплина и капакот на
процепот за резервното тркало
може да се користат како
складишна преграда.
Во таа положба, ако потпирачите
за грб на задните седишта се
преклопени нанапред, се креира
една речиси сосема рамна товарна
шуплина.
Во горната положба, подот со
двојна товарна шуплина може да
издржи максимално оптоварување
од 100 кг. Во долната положба,
подот со двојна товарна шуплина
може да го издржи максималното
дозволено оптоварување.
Во моделите со комплет за
поправање гуми, вдлабнатината за резервното тркало може да се
користи како дополнителна
складишна преграда. Комплет за поправање гуми 3 230.Алки за врзување
Алките за врзување се предвидени
за обезбедување на предметите
против лизгање, на пр. користење
на каишеви за врзување или мрежа за багаж.
Безбедносна мрежа
Безбедносната мрежа може да се
монтира зад предните седишта.
Не смее да се превозуваат патници
зад безбедносната мрежа.
Монтирање
Има два отвора за монтирање во
рамката на покривот: закачете ја шипката на мрежата од едната
страна, турнете ја напред и
заглавете ја. Извлечете ја шипката,
закачете ја од другата страна,
турнете ја напред и заглавете ја.
Page 88 of 285
86Складирање
Закачете ги куките на ремените за
затегнување на мрежата во алките
за врзување во подот зад предните
седишта. Затегнете ја мрежата со
повлекување на слободниот крај од
ременот.
Закачете ја и затегнете ја од двете
страни.
Вадење
Навалете го регулаторот на
должината од ремените за
затегнување на мрежата угоре и откачете ги ремените од дветестрани. Откачете ја горната шипка
на едната страна, откачете ја од
другата страна и извадете ја од
отворите.
Складирање
Ставете ги ремените за
затегнување како што е покажано
на сликата и порамнете ги со
безбедносната мрежа.
Намотајте ја горната шипка за
мрежата надолу приближно до
средината.
Ставете ја горната шипка за
мрежата преку каишевите за
затегнување до долната шипка за
мрежа. Куките на горната шипка за
мрежа треба да покажуваат
обратно од долната шипка за
мрежа.
Page 89 of 285
Складирање87
Прицврстете ја „Velcro“ лентата
цврсто околу мрежата до
регулаторите по должина.
Регулаторот по должина и шипките
на мрежата треба да лежат рамно
еден до друг.
Складирајте ја безбедносната
мрежа во просторот помеѓу
двојната шуплина за товарење на
подот во товарниот простор. Капак
на задната преграда за
складирање под подот 3 84.
Масичка на склопување Се наоѓа во потпирачите за грб на
предните седишта.
Отворете ги со повлекување
нагоре додека не се заглават.
Преклопете ги со притискање
преку отпорната точка.
Не ставајте какви било тешки
предмети на масичката на
склопување.
Предупредувачки триаголник
Складирајте го предупредувачкиот триаголник во просторот кај
задната страна на товарниот
простор.
Прибор за прва помош
Складирајте ги приборот за прва
помош и флуоресцентното елече
под возачкото седиште.
Користете ги ремените.
Page 90 of 285
88Складирање
Зависно од возилото, под
возачкото седиште се наоѓа кутија. Повлечете ја рачката и преклопете
го капакот надолу. Максимална
оптовареност: 1,5 кг.
Систем на багажници
за на покрив
Багажник за на покрив
Поради безбедносни причини и да
се избегне оштетувањето на
пчокривот се препорачуваат
системи на багажници одобрени за возилото. За повеќе информации,
контактирајте со автомеханичар.
Следете ги упатствата за
монтирање и кога не е во употреба извадете го багажникот за на
покрив.Одвојте го капакот од секоја
монтажна точка.