reset OPEL MOKKA 2014.5 Прирачник за инфозабавата
Page 24 of 157
24Основно ракување
Листајте низ листата и изберете
Software Versions Menu (Изборник
со верзиите на софтверот) за да се
прикаже соодветниот подизборник.
Информации за верзијата на
софтверот
За да се прикаже листа на верзиите
на инсталираниот софтвер,
изберете Software Version
Information (Информации за
верзијата на софтверот) .
Основна поставка е дека сите
верзии се активни.
Ажурирање софтвер
За да го ажурирате системскиот
софтвер, контактирајте со
сервисниот партнер на Opel.
Дневнички фајл
За да се направи дневнички фајл за верзијата на моменталниот
софтвер, изберете ја ставката
Create Log File (Направи дневнички фајл) .Информации за лиценцирањето
За да се прикажат информации за
произведувачот на инфозабавниот систем, изберете Licensing
Information (Информации за
лиценцирањето) .
Основни фабрички поставки
За да ги вратите сите вредности на инфозабавата на фабричките
поставки, изберете Clear and Reset
Radio (Избриши и ресетирај
радио) .
Поставки за екранот Притиснете го копчето CONFIG, а
потоа изберете ја ставката Display
Settings (Поставки на екранот) за
да се прикаже соодветниот
подизборник.
Почетна страница
Изберете Home Page Menu
(Изборник на почетната страница)
за да се прикаже изборникот за
поставките на почетната страница.За да го отворите изборникот од
Home Page (Почетна страница) ,
изберете го екранското копче Menu
(Изборник) на дното на екранот.
Home Page (Почетна страница)
може да се прилагоди според
Вашите лични потреби.Прилагодување
Иконите на апликациите прикажани на првата почетна
страница може да се бираат по
желба.
Изберете ја ставката Customise
(Прилагоди) за да се прикаже листа
на сите апликации инсталирани на
системот. Активирајте ги ставките
на апликациите што сакате да се
прикажуваат на првата почетна
станица.
Другите апликации потоа се редат
на следните страници.Подредување
Може да се наредат до осум икони
на апликации на секоја почетна
страница.
Положбите на иконите може да се
менуваат по желба.