TPMS OPEL MOKKA 2015.5 Сопственички прирачник

Page 208 of 257

206Нега на возилото
ECO притисокот на гумите служи
да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
1. Идентификувајте ја идентификациската шифра на
моторот. Податоци за моторот
3 237.
2. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 242.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за сообразност на ЕК доставен соВашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Систем за следење на
притисокот на гумите
Системот за контрола на
притисокот во гумите (TPMS) го
проверува притисокот во сите
четири тркала еднаш по минута
кога брзината на возилото ќе
надмине определена граница.
Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сите четири тркала треба да се опремат со сензори за притисокот
во гумите, и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите
е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Актуелниот притисок во гумите
може да се покаже на Vehicle
Information Menu (Изборник за
информации за возилото) во
Информативниот центар за
возачот (DIC).

Page 211 of 257

Нега на возилото209
Споредување на сензорите
на TPMS
Секој сензор на TPMS има
единствена идентификациска
шифра. Кодот за идентификација мора да се спореди со позицијатана новото тркало/гума по ротирање на гумите или по замена на целиоткомплет на тркалото, како и по
замена на еден или повеќе сензори
на TPMS. Споредувањето на
сензорите TPMS треба да се
изврши и откако резервна гума ќе
се замени со гума за патување со
сензор TPMS.
Светлото за неисправност и
предупредувачката порака или
шифра треба да се изгасат при
следното палење. Сензорите се
споредуваат со положбите на
гумите/тркалата со користење на
алатката за повторно учење на
TPMS по следниов редослед:
левата предна гума, десната
предна гума, десната задна гума и
левата задна гума.Консултирајте се со својот сервис
за сервисирање или купување на
алатката за повторно учење.
Потребни се две минути за
споредување на првата положба
на гума/тркало и пет минути вкупно
за да се споредат сите четири
положби на гуми/тркала. Ако трае
подолго, споредувањето
престанува и мора повторно да се
почне.
Споредувањето на сензорите на
TPMS е:
1. Активирајте ја сопирачката за паркирање; кај возилата со
автоматски менувач поставете
ја рачката на менувачот на P.
2. Вклучете го палењето.
3. Притиснете MENU на рачката
за трепкачите за да изберете
Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) на DIC.
4. Со тркалцето дојдете до изборникот за притисокот на
гумите.5. Притиснете го копчето SET/CLR за да почне
споредувањето на сензорите.
Треба да се прикаже порака
што ќе побара прифаќање на
процесот.
6. Притиснете го копчето SET/CLR повторно за да го
потврдите изборот. Сирената
се огласува двапати за да
сигнализира дека приемникот е
во режим на повторно учење.
7. Почнете со левата предна гума.
8. Ставете ја алатката за повторно учење до страната на
гумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот на
TPMS. Кус сигнал од сирената
потврдува дека
идентификациската шифра на
сензорот е споредена со таа
положба на гума и тркало.
9. Продолжете со десната предна гума и повторете ја постапката
од чекор 8.

Page 212 of 257

210Нега на возилото
10. Продолжете со десната заднагума и повторете ја постапката
од чекор 8.
11. Продолжете со задната лева гума и повторете ја постапката
од Чекор 8. Сирената се
огласува двапати да укаже дека идентификациската шифра на
сензорот одговара на задната
гума од возачката страна и
споредувањето на сензорите
на TPMS веќе не е активно.
12. Исклучете го палењето.
13. Приспособете го притисокот во сите четири гуми според
препорачаното ниво на
притисок на воздухот
прикажано на етикетата за
притисок во гумите.
14. Проверете дали стаусот за оптеретување на фумите е
поставен според избраниот
притисок 3 99.Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат.
Вредноста на притисокот во гумата
прикажана во DIC го покажува
фактичкиот притисок во гумите.
Затоа е важно да се проверува
притисокот во гумите со ладни
гуми.
Длабочина на шаратаРедовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред
отколку назад, сменете ги
предните тркала со задните
тркала. Уверете се дека насоката
на вртењето на тркалата е иста
како порано.
Гумите стареат, дури ако не се употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.