run flat OPEL MOKKA 2015.5 Сопственички прирачник

Page 207 of 257

Нега на возилото205
Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете ја налепницата за брзината во
видното поле на возачот.
Големината на гумите 195/70 R16 е погодна само како зимска гума.
Ознаки на гумите
На пр. 215/60 R 16 95 H215=широчина на гумата во мм60=профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во %R=вид ремен: РадијаленRF=вид : RunFlat ( функционираат
и издишани)16=пречник на тркалото во инчи95=индекс на оптоварувањето,
на пр. 95 одговара на 690 кгH=буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q=до 160 км/чS=до 180 км/чT=до 190 км/чH=до 210 км/чV=до 240 км/чW=до 270 км/ч
Еднонасочни гуми
Монтирајте еднонасочни гуми, така што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Притисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на
14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.
Извртете го капачето на вентилот.
Притисок во гумите 3 242.
Етикетата со информации за
притисокот на гумите врз рамката
на левата или десната врата
укажува на оригиналните гуми и соодветните притисоци во гумите.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за
целосна оптовареност.