OPEL MOKKA X 2018 Прирачник за инфозабавата

Page 231 of 283

Нега на возилото2294. Притиснете MENU на рачката
за трепкачи за да изберете
Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) на Информативниот
центар за возачот.
5. Со тркалцето дојдете до изборникот за притисокот на
гумите.
Екран од средно ниво:
Екран од високо ниво:
6. Притиснете SET/CLR за да
почне споредувањето на сензорите. Треба да се прикаже порака што ќе побара
прифаќање на процесот.
7. Притиснете SET/CLR повторно
за да го потврдите изборот.
Сирената се огласува двапати за да сигнализира дека
приемникот е во режим на
повторно учење.
8. Почнете со левото предно тркало.
9. Ставете ја алатката за повторно учење до страната на
гумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот за
притисокот во гумите. Кус сигнал од сирената потврдува
дека идентификациската
шифра на сензорот е
споредена со таа положба на
гума и тркало.
10. Продолжете со десното предно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
11. Продолжете со десното задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
12. Продолжете со левото задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
Сирената се огласува двапати
да укаже дека
идентификациската шифра на сензорот е споредена со
задното тркало од левата
страна и сензорот за
пријавување притисок на
гумите веќе не е активен.
13. Исклучете го палењето.
14. Прилагодете го притисокот во сите четири гуми споредпрепорачаните вредности

Page 232 of 283

230Нега на возилотоприкажани на етикетата за
информации за притисок во
гумите.
15. Проверете дали статусот за оптоварување на гумите е
поставен според избраниот
притисок во гумите 3 109.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред
отколку назад, сменете ги
предните тркала со задните
тркала. Уверете се дека насоката
на вртењето на тркалата е иста
како порано.
Гумите стареат, дури ако не се употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на шест години.
Менување на големината
на гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
Ако ставите гуми со друга
големина, заменете ја
налепницата со притисоците во
гумите и преинсталирајте го
системот за контрола на
притисокот во гумите. 3 2259 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе ја поништи
дозволата за работа на
возилото.

Page 233 of 283

Нега на возилото231РаткапниРаткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрички одобрени,
гумите не смеат да имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возича со тркала од легура: При
поставување на челичните тркала
со завртки од легура, на пример,
при промена на зимски гуми,
раткапните не може да се постават на челичните тркала.
Синџири за гуми
Користете синџири за гуми само напредните тркала.
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџирите за гуми се дозволени за
гуми со големина 215/65 R16,
215/60 R17 и 215/55 R18.
На гуми со големина 215/65 R16 и 215/60 R17, секогаш употребувајте
синџири со ситни алки што се
соодветни за спортски возила и не
додаваат повеќе од 9 мм на шарата и внатрешните страни на гумата
(вклучувајќи ја и бравата на
синџирот).
На гуми со големина 215/55 R18, употребувајте само специјални
синџири за снег кои се дозволени
за Opel Mokka и гуми со тие
големини. За повеќе информации,
контактирајте со сервис.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање гуми
Помалите оштетувања на шаратана гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може да се поправат со комплетот за
поправање гуми.

Page 234 of 283

232Нега на возилото9Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми се
наоѓа од десната страна на
задната преграда.
1. Земете го комплетот за поправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете ги кабелот за поврзување со струја (1) и
цревото за воздух (2) од
преградите на долната страна од компресорот.

Page 235 of 283

Нега на возилото2334. Зашрафете го цревото завоздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресоротмора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
10. Поставете го преклопникот на
компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумите би требало да се
достигне во рок од
десет минути. Притисок во
гумите 3 263. Кога ќе се
постигне правилниот притисок,
исклучете го компресорот.

Page 236 of 283

234Нега на возилотоАко пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
десет минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивнатасмеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете ја во видното поле на возачот.
17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од десет минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумите.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, наполнете
ја до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.

Page 237 of 283

Нега на возилото235Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат
таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Приложените адаптери може да
се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гуменичамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот и извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 231.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Извадете го резервното тркало
3 237.
● Никогаш не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебеланајмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги завртките и шарите на тркалото со чиста
крпа пред да го монтирате
тркалото.

Page 238 of 283

236Нега на возилото9Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Откачете ги капачињата на навртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги.
Извлечете ја раткапната.
2. Отворете го клучот за тркалата,
ставете го, уверете се дека е
наместен безбедно, па
разлабавете ја секоја навртка
на тркалото за половина
вртење.
3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
Зависно од опремата, прво
отстранете го капакот од
точките на возилот за
подигнување.
4. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин
што ќе се спречува лизгањето.Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата.
5. Отшрафете ги навртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 237.
7. Зашрафете ги навртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото и извадете ја дигалката.

Page 239 of 283

Нега на возилото2379. Ставете го клучот за тркалатауверувајќи се дека е наместен
безбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Затезниот момент е 140 Nm.
10. Порамнете го отворот за вентилот во раткапната со
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
Ставете го капачето на лесните бандажи.
11. Наместете го капакот на точката за кревање на возилото
кај верзиите со долни панели.
12. Складирајте ги заменетото тркало 3 237 и прирачните
алати 3 222.
13. Проверете го притисокот на монтираната гума изатегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно поскоро.Положба за кревање за
платформа
Положбата за задната рачка на
платформата за дигање е
средишно под жлебот на прагот.
Положба за предниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 231.
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за
привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте

Page 240 of 283

238Нега на возилотопомош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.
Резервното тркало има челична
рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало е сместено во товарниот простор под покривката
на подот. Се прицврстува со
пеперужна навртка.
Складирање на оштетено
тркало со целосна големина во
товарниот простор
Дупката на резервното тркало не е
конструирана за други големини на гуми освен за резервното тркало.
Оштетеното тркало со целосна
големина треба да се складира во
товарниот простор и да се
прицврсти со каиш. Прирачен алат 3 222.
За да го прицврстите тркалото:
1. Наместете го тркалото на средината од товарниот
простор.
2. Протнете го крајот со јамка од ременот низ алката за
врзување на едната страна.
3. Протнете го крајот на ременот со куката преку јамката и
повлекувајте го додека ременот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.
4. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.

Page:   < prev 1-10 ... 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 271-280 ... 290 next >